Блекаут

30 March 2006

Поинаква слика за светот

Јован Петров и Ивица Боцевски го споменаа веб-сајтот Ворлдмапер, а и јас го препорачувам.

Општо е познато дека дури и изгледот на географските карти го отсликува доминантниот светоглед на културата во која се произведуваат. Така на пример, во САД се користат мапи во кои Америките се во централно поставени, а не како кај нас, Европа.

Друг пример е што често користената меркаторова проекција (Mercator projection) гo изобличува изгледот на земјите во полза на посеверните. На пример, според ЦИА (World Factbook), Франција има копнена површина од 545.630 km2, а Египет 995.450 km2. На „обична“ мапа на светот, тие изгледаат приближно еднакво, иако површината на втората земја е скоро двапати поголема.


Ворлдмапер користи цилиндрична проекција со еднакви површини за појдовната мапа, која ги прикажува државите според површина:

29 March 2006

Како да се пишува за на интернет (веб)

Јакоб Нилсен има неколку текста во кои објаснува како да се пишува за објавување на интернет:
Сите овие текстови се на англиски. Нилсен експлицитно забранува преведување без дозвола. За оние кои не знаат доволно добро англиски, истите информации се достапни и на српски во преводот на неговата книга „Дизајн функционалних веб-страна“ или така нешто, која ја има и по нашите книжарници.

28 March 2006

Препорака: група Свадбас, албум Лала

Чале го има „објавено“ цел албум „Лала“ од групата Свадбас (57 MB), како и други информации за овоие хрватски (?) уметници. Убаво пеат, убаво свират, убаво изгледаат... вреди да се пробаат:
...нека крај нас јуре
нек се ломе прсти
идемо на плес
и свијет је опет млад...

27 March 2006

Апел за хуманитарна помош

Се придружувам на апелот кој го иницираше Фри опен ер, а го поддржаа аНТИблог, М-соулз и Моби:
Малата Димчова Фиданка родена на 21.06.1995 годинс во Струмица спаѓа во категоријата на лица со посебни потреби (Og. Surditas) тешко оштетување на слухот и поголемо од 80 db, а со самото тоа оштетување и проблеми со говорот. Учи во ОУ: "Никола Вапцаров" Струмица и е 4 одделение.

Итно е потребна операција за вградување на кохлеарен имплант (вештачко уво ) што не се прави во нашата земја и потребно е лекување во странство односно во Загреб, Р.Хрватска. Вкупните трошоци околу операцијата изнесуваат околу 10 000 евра, што за нас се недостапни. Со оваа операција ќе може да слуша и да се вброи со другите нормални деца.

Ве молиме излезете во пресрет со нашето барање на што ќе ви бидеме вечно благодарни. Покажете ја вашата хуманост и
  • доброволно прибраните средства уплатете ги на отворената жиро сметка во Стопанска банка - 200000000019489-0012634698 на име Димчова Фиданка или
  • пак со еден повик на телефонскиот број 070 143 402 донирајте 100 денари.
Со почит и голема благодарност.

Од родителите.

Игри, а не игрици

На една од скопските телевизии веќе подолго време се прикажува „Емисијата за игрици“, на тема видео-игри. Зборот „игрици“ е србизам (хрватизам), на македонски би бил „игрички“.

Дополнително, уредникот на Баг Олег Маштруко (Smrt "igricama") укажува дека употребата на деминутив е несоодветна и е показател на површноста и непознавањето на темата од страна на тие што ја користат, а при тоа е и пежоративна.
Зошто никој не зборува за „филмчиња“, „книгички“ или „весничиња“, кога се во прашање други, често многу поглупави облици на забава?
Друг аспект на проблемот е поврзувањето со зависност и губење време...
Компјутерските игри секако, без сомнение, се и губење време, но би сакал тој поим попрецизно да ми се дефинира. Дали гледање на фудбалски натпревари од италијанската лига е поголемо или помало губење време? Што е со гледањето филмови или читањето книги? Седење во ресторан? Тие сите не толку креативни, не толку интерактивни, а во голем број случаи и помалку поучни начини за „губење време“, но волгавно никој не ги исмева, ниту опишува со пежоративни деминутиви. Дали постои нешто како „зависност од шах“ или „зависност од читање книги“?

Коментар на топ-листата според Технорати

Неколку забелешки во врска со најновата топ-листа за рејтинг на македонски блогови според Технорати:
  • Горан Андреев рипна од 12 на 4 позиција благодарение на тоа што успеал да го проработи кодот што при пријавување на Технорати треба да се вметне во кодот од дадениот блог. Горан исто така јавно повика на размена на линкови, што може да донесе уште подобри резултати.
  • Не знам зошто, но за некои блогови, како Зомбификација, линковите кои водат до нив како да не влијаат на нивниот рејтинг на Технорати. Ова исто така може да се должи на тоа што кодот од технорати е несоодветно ставен во темплејтот на блогот. Да се провери.
  • Букаро на технорати го има пријавено блогот со старата адреса, а не и новата, ниту пак онаа сопствената. Би било добро да се усогласи за да може рејтингот да ја отсликува вистинската состојба.
  • Слично важи и за Вуна, кој исто така нема ставено код од Технорати кај него.
  • Кај поголем дел членови од листата има опаѓање на апсолутниот рејтинг, што би значело дека во меѓувреме не се јавиле (многу) нови линкови од други сајтови кои водат кон нив. Рејтингот им е паднат оти до други блогови „се јавиле“ нови линкови, па настанале поместувања и истиснувања од дадени позиции.

26 March 2006

Рејтинг на македонски блогови на Технорати (3)

Нова листа направена врз основа на предходните две ранг-листи и податоците што ги нуди самиот Технорати.

До секој член на листата додадени се по две ознаки - за качување ↑, симнување ↓, непроменетост ↔ или нов блог ○. Првата е релативна, во однос на позицијата на оваа листа на македонски блогови што ги следам, а втората (во заграда) се однесува на апсолутниот рејтинг на Технорати.
  1. .аНТИблог - 44,571 ↔ (↑)
  2. Јован - 51,506 ↑ (↓)
  3. Букаро - 66,967 ↓ (↓)
  4. Горан Андреев - 77,689 ↑ (↑)
    Комуникации
    - 77,689 ↔ (↓)
    Моби - 77,689 ↔ (↓)
  5. Панта реи - 100,492 ↔ (↓)
  6. Би - 145,600 ↑ (↑)
    Веб-сајт на денот
    - 145,600 ↔ (↓)
  7. Развигор - 154,976 ↔ (↓)
  8. Софтвер (МКД) - 189,455 ↑ (↑)
  9. M-соулз - 203,940 ↔ (↑)
  10. Диџеј - 219,856 ↓ (↓)
  11. Скопски времиња - 259,887 ↔ (↑)
  12. Будна правда - 313,617 ↓ (↓)
  13. Доменика ворлд - 1,139,026 ↓ (↓)
    Другата у ја - 1,139,026 ↓ (↓)
    Зомбификација - 1,139,026 ↓ (↓)
    Калина - 1,139,026 ↓ (↓)
    Макондо - 1,139,026 ↓ (↓)
    Сваштаријата на Чале - 1,139,026 ↓ (↓)
    Талент-фри - 1,139,026 ↓ (↓)
    Фотографик дајери - 1,139,026 ↓ (↓)
За вашиот блог да го вклучам во листава пријавете се на Технорати (claim blog) и пишете коментар со линк до него.

23 March 2006

Културната енергија на блоговите и... панкот

Продуцентката и писателка Џејн Хамшер пишува на Фајaдоглејк:
...Светот на блоговите го оддава истиот впечаток како панк-сцената од седумдесеттите и тоа од исти причини.

Музичката индустрија во тоа време беше надуена, на крај на силите и неповрзана со публиката. Директорите на издавачките куќи беа зафатени со купување часовници Ролекс за РЕО Спидвагон и со плаќање милионски суми за Казабланка рекордс и никому не му беше гајле. Нив сосем ги ужасна кога чуја дека децата плаќаат по 3 долари за билет за добротворен концерт на Клеш во полза на Марксистичката младина во Гери Темпл во 1978... но дури и за децата беше очевидно каде беше енергијата, во која насока се поместуваше духот на времето. Панкот стана светилник за креативните луѓе од сите видови, а и по толку години неговата сенка сеуште е поголема од она што можеа да го предвидат трговците на корпорациската култура.

Не дека филмската или индустријата на книги или списанија се мртви, или дека светот на блоговите ќе предизвика некој од нив, но креативноста е многу флуидна работа и кога станува тешко да се постигне било какво задоволство во даден медиум, квалитетните таленти се повлекуваат во арена што им дозволува изразување. Можам да стојам 24 часа во трафика и да ги испрочитам сите изложени списанија, а да не најдам умни, релевантни и проникливи работи што знам дека би ги нашла за половина час на блоговите.

Мала дигресија: исто така очевидно е кој нема полза од оваа енергија – десничарските блогови. Можете да кажете дека презир ја замаглува мојата проценка, но ќе погрешите. Јас сум сосем способна да ги ценам и дури (колебливо) бранам способностите за правење филмови на луѓето кои ги мразам. Но едвај двапати имам прочитано нешто проникливо кај десничарите. Поради бројни причини, филозофијата што промовира тоталитаризам и систем на бескрајно повторување на нечиви цитати едноставно не ги привлекува мислители со таков квалитет. Точка.

Мислевме дека панкот и енергетичната контракултура која тој ја произведуваше ќе траат вечно, но не беше така. Набргу беа готови.

Уживајте во блоговите додека можете.
Немој некој да се осуди да помисли нешто буквално!

21 March 2006

Побарувачката на работна сила во Македонија на Скопски времиња

Скопски времиња ексклузивно објавува резултати од истражувањето на МАСИТ за побарувачката за работна сила во Македонија во 2005 година. Заклучоците се:
  • Побарувачката за ИТ кадар во Македонија е поголема од понудата на ИТ кадар.
  • Се зголемува потребата од едукација на ИТ програмери и ИТ професионалци за техничка поддршка.
  • Фирмите имаат потреба од вработување ИТ професионалци, кои освен ИТ вештини треба да поседуваат и т.н. business и soft skills.
  • Се зголемува потребата од поседување светски признати ИТ сертификати.
  • „Бизнис и софт скилс“ = деловни и нетехнички вештини - осет за психологија, емоционална интелигенција, комуницирање, однос со луѓе, полезни лични навики, оптимизам, способност за пријателско однесување, воспоставување однос со луѓе...

    Ивица Боцевски најавува продолженија на истата тема.

    Така што, а не така да

    Во голем број случаи во јавниот дискурс, веројатно под влијание на колонијален менталитет, се користи србизмот „така да“ (кој доаѓа од „тако да“) наместо македонското „така што“. Ова особено важи за случаи кога лица се трудат да се прикажат „на ниво“ преку зборување „литературно“.

    Во српскиот јазик, инаку, не постои израз „тако шта“.

    Спроведување, а не имплементација

    Во голем број случаи во јавниот дискурс, веројатно под влијание на колонијален менталитет, се користи англискиот збор „имплементација“ (implementation) наместо македонското „спроведување“.

    Придобивки, а не бенефити

    Во голем број случаи во јавниот дискурс, веројатно под влијание на колонијален менталитет, се користи англискиот збор „бенефит“ (benefit) наместо македонската „придобивка“.

    20 March 2006

    Змијуга - амфибиски робот

    Реф известува за амфибискиот робот-змија:
    Го украдов името на блогов од Гибсон, смеам и постови од него да крадам, така? ;)

    Криминално би било да не напишам за најкул роботот што постои. И освен тоа што имам да известам за постоењето негово, немам што друго да кажам... *се крие*
    Мислам дека не се работи за крадење содржини, туку за промовирање на линкови. :-) Башка што на блогот на Гибсон не стои дека е забрането да се „изнесуваат“ информациите.

    18 March 2006

    Колку повеќе линкаш, толку повеќе те линкаат?

    Дали има корелација меѓу позицијата на топ-листата на македонски блогови според Технорати и бројот на линкови до македонски блогови во блогролот?

    Покрај името на блогот е бројот на линкови, а во заграда е неговата позиција на листата според технорати.
    1. Диџеј - 68 (9)
      Панта реи - 68 (5)
    2. .аНТИблог - 51 (1)
    3. Горан Андреев - 38 (12)
      Развигор - 38 (7)
    4. Би - 37 (8)
    5. Моби - 32 (4)
    6. Јован - 31 (3)
    7. Комуникации - 30 (4)
    8. Веб-сајт на денот - 27 (6)
    9. Макондо - 24 (12)
    10. Софтвер (МКД) - 23 (11)
    11. Калина - 21 (12)
    12. Букаро - 19 (2)
      Скопски времиња - 19 (11)
    13. Фотографик дајери - 17 (12)
    14. Будна правда - 16 (10)
    15. Доменика ворлд - 15 (12)
      Зомбификација -15 (12)
      Сваштаријата на Чале - 15 (12)
    16. M-соулз - 11 (9)
    17. Другата у ја - 9 (12)
    18. Талент-фри - 0 (12)
    Изгледа дека има корелација - во вториот дел од оваа листа има само еден припадник од првиот дел на претходната. Примерокот до душа е прилично мал за да се извлече сеопфатен заклучок, па не може да се процени влијанието на исклучоците.

    Рејтингот на Технорати зависи и од линкови во постови. Заклучок: линкувај и ќе ти се врати! :-)

    Елена на Википедија (М2, кај сте?)

    Решив да ставам мал напис за Елена Ристеска на Википедија. На англиски, на верзијата каде што треба да се промовира Македонија највеќе. Што има јак ранг на Гугл. Ги искомбинирав веќе постоечките информации од општиот напис за Евровизија 2006 и од личната карта на Музика.нет.мк.

    Во право е .аНТИ кога вели дека со вакви доброволни активности приватни фирми не само што може да извадат профит од вакви прилози, туку може ни фала нема да кажат:
    Истово важи и за Википедија и за ен куп други проектчиња. Дури и да не се комерцијални, тие утре може да се комерцијализираат. Не знам дали пред да преведеш нешо ти гарантрираат дека нема твојот текст да се користи во комерцијални цели. Ако има, ондак е ок. Ама не верувам дека има.
    Еве на пример, М2 ќе влечат полза. Предупредив за ова пред некоја недела, но нивниот официјален веб-сајт сеуште нема англиска верзија. Ова што го ставив веројатно ќе влијае многу повеќе луѓе од странство (што може да гласаат) да чујат за Елена од она што тие го ставиле. Ќе влече полза и МРТВ, и Владата на РМ. И еден куп други кои не се спремни да инвестираат во добра интернет-маркетинг кампања со мене на чело. :-)

    Но, јас сепак мислам дека е добро да се придонесува волонтерски и во Википедија. Особено ако знаеш кој ти е мотивот - а спектарот може да е прилично широк: алтруизам, патриотизам, желба за учење, ширење знаења, промоција на содржини што ти значат... до најегоистичка себепромоција. За секого по нешто, м?

    17 March 2006

    Мултикултурализам со прифаќање на вредности = интеграција?

    Јован, во својот пост „Не се сели во Холандија ако не си либерал“, обрнува внимание на новиот холандски закон кој стапил на сила денес, со кој оние кои сакаат да емигрираат во таа земја се обврзани да бидат тестирани во врска со холандската култура.

    Во пакетот има и филм со кој се пренесуваат вредностите на холандското општество, меѓу кои и толеранцијата кон хомосексуалноста и голотијата на јавни места.

    Во изворната вест од Асошијетид прес (Dutch Test Would-Be Immigrants With Film ), главна улога игра Рита Вердонк, министер за емиграција на Холандија. Кој не ја знае, не ги има следено информациите на ова поле. На пример, од 19 ноември 2004 година:
    Министрите за правда и внатрешни работи на Европската Унија во петокот се согласија дека новите имигранти во блокот составен од 25 држави ќе мораат да ги научат локалните јазици и да се придржуваат до општите „европски вредности“ што ќе ги водат кон подобра интеграција.
    ...
    „Ова не значи дека сме против имиграцијата“, рече г-а Вердонк. „Ако сакаш да живееш во Холандија, мора да ги следиш нашите правила... и да го научиш нашиот јазик.“

    Нагласувајќи дека се работи за проблем на европско ниво, Вердонк рече дека околу 500.000 турски и марокански имигранти во Холандија не го зборуваат холандскиот јазик.
    Извор, исто од АП: „ЕУ бара од имигрантите да научат ,вредности‘“ (EU imploring immigrants to learn 'values').

    Официјални статистики за Блогерај

    Блогерај почна да ги објавува официјалните статистики, генерирани автоматски.

    На сајтот www.blog.com.mk/hof се поставени
    • податоци за број на читања на постови (се смета само читање на она што е поставено на пермалинк, не и на насловна страница) и
    • топ-листи за активноста на членовите - според број на објавени записи и коментари
    за последниот месец, година и „на сите времиња“. Мислам дека ваквите податоци може да бидат од полза за сите кои се интересираат за развојот на блогосферата. Пред некое време објавив еден графикон за број на постови на овој сервис, направен според јавно достапните податоци, а и дадов првична оценка за неговата улога во развојот на македонскиот веб-простор.

    16 March 2006

    Другарче додаден во блогрол

    Ставив линк до блогот Другарче... не весникот во блогрол. Поради постот за:

    Рејтинг на македонски блогови на Технорати (2)

    Нова листа направена врз основа на претходната ранг-листа и податоците што ги нуди самиот Технорати. До секој член на листата додадени се по две ознаки - за качување ↑, симнување ↓, непроменетост ↔ или нов блог ○. Првата е релативна, во однос на позицијата на оваа листа на македонски блогови што ги следам, а втората (во заграда) се однесува на апсолутниот рејтинг на Технорати.
    1. .аНТИблог - 46,942 ↔ (↑)
    2. Букаро - 66,739 ↔ (↑)
    3. Јован - 51,318 ○ (○)
    4. Комуникации - 77,496 ↔ (↑)
      Моби - 77,496 ○ (○)
    5. Панта реи - 100,208 ○ (○)
    6. Веб-сајт на денот - 145,329 ↔ (↑)
    7. Развигор - 154,714 ↔ (↑)
    8. Би - 176,198 ↑ (↑)
    9. Диџеј - 219,657 ↓ (↓)
      M-соулз - 219,657 ○ (○)
    10. Будна правда - 313, 222 ○ (○)
    11. Скопски времиња - 347,472 ↔ (↑)
      Софтвер (МКД) - 347,472 ↔ (↑)
    12. Горан Андреев - 1,137,748 ↔ (↓)
      Доменика ворлд - 1,137,748 ○ (○)
      Другата у ја - 1,137,748 ○ (○)
      Зомбификација - 1,137,748 ○ (○)
      Калина - 1,137,748 ○ (○)
      Макондо - 1,137,748 ○ (○)
      Сваштаријата на Чале - 1,137,748 ○ (○)
      Талент-фри - 1,137,748 ○ (○)
      Фотографик дајери - 1,137,748 ↔ (↓)
    Новите членови на листата се додаваат најпосле, и не влијаат на ознаките на рејтингот на присутните од претходно. Повеќето ги најдов преку линкови од Технорати. Како што веќе реков, пријавувањето се врши преку опцијата „клејм блог“ (claim blog). Ако сте пријавени и ве нема во листата, пишете коментар со линк до вашиот блог.

    Велешки сајбер-новости


    Оваа забелешка од рецензијата на блогот на Горан за „веб-сајт на денот“ сеуште стои:
    Познат како еден од најактивните македонски блогери, Андреев го разбива стереотипот за тоа како жителите на престолнината се понапред во однос на оние што живеат во другите делови на земјава кога се работи за интересот и за користењето на новите информатичко-комуникациски технологии. Во поглед на блогерството, покрај Велес, од каде што дејствуваат и Јован Петров (рецензија) и Љупче Пепиќ, лидерска улога игра и Битола.

    15 March 2006

    Најава: Фестивал на урбани уметности во Скопје

    Сандра ја презентира Програмата на фестивалот на урбани уметности (Urban Arts Festival), кој ќе се одржи од 21 до 26 март во Скопје.

    Езопова басна: Војната и неговата невеста

    Боговите се венчавале. Еден по друг, сите си нашле партнери, сè додека не дошло време и Војната да си ја проба среќата, како последен од ергените. Негова жена станала Возгордеаноста , поради тоа што таа била единствената за која не можело да се најде маж. Велат дека Војната ја сакал Возгордеаноста со толкав жар, што сеуште ја следи секаде каде што ќе стапне. Затоа не дозволувајте Возгордеаноста да влезе во народите или градовите на луѓето, милно насмевнувајќи им се на толпите, бидејќи Војната ќе ја следи во чекор.


    Преведено од: War and his bride. Напомена: на грчки, зборот војна (πόλεμος) е именка од машки, а возгордеаност (ύβρις), во изворот објаснета и како „безобзирна гордост“ (hubris)
    , е именка од женски род.

    Секоја криза истовремено претставува и прилика

    .аНТИ и Вуна зборуваат за заплашувањето на блогери од страна на училишни или државни власти, а тука може да се надоврзе и од работодавци - со еден збор, некој од кого во моментот зависи иднината на блогерот.

    Повод е веста од Хрватска под наслов „Газење на уставот: Министерството се заканува со полиција на учениците што пишуваат блогови“ (Gaženje Ustava: Ministarstvo prijeti policijom učenicima koji pišu blogove).

    Изгледа дека дојде време за предложеното продолжение на „Слобода што почнува да боли“ - таман добро би се искористила приликата стручњаци да ги посочат законските одредби (до член) што ги штитат и учениците/студентите и вработените во случаи кога надредените ја злоупотребуваат положбата да им го загрозуваат правото на образование или работа, поради користењето на слободата на говор.

    Дали добивањето одштета од вакви случаи може да биде еден механизам за обезбедување одржливост на членовите на МБЗ?

    Во колкава мерка независните организации кои се залагаат за слобода на изразување во САД и ЕУ, или радикалните екологисти, се финансираат од ваков вид на фондови (litigation)?

    14 March 2006

    Гугл на Марс

    Машинчето на Гугл за мапирање на планети не се задоволува само со Земјата.
    Се здружиле со НАСА и од денеска е достапно и шетање по Марс.

    Извор: официјалниот блог на Гугл.

    Категоризирање - завршено

    Како што најавив, се обидов да направам категоризација на одбрани постови според темите кои се обработуваат во нив. Потоа ставив линкови до постовите за секоја тема од страна, па кој сака да чита ќе може полесно да допре до нив.

    Како многу од предлозите и обидите објавени на блогов, ова не е совршено решение, и бара поголемо количество рачен напор - прво да се прегледаат постовите, да се одберат оние кои се за соодветни категории, па да се ископира насловот и линкот (за некои ставав и датуми, ама за повеќето решив дека нема потреба).

    Плус, се пребукира насловната страница на блогов. Во еден момент помислив да им дадам стари датуми да не пречат тука, ама од друга страна, па тоа се сепак постови во кои е вложен труд, па решив да ги оставам. Исто мислев да ја направам содржината невидлива на насловна, ама и за тоа решив дека нема потреба.

    Поздрав до Жарко и Офчарот. Всушност, веќе некое време се мислам како да ги унифицирам и технички обединам сите мои блоговски активности на едно место, на пример на мојот личен веб-сајт, било со опцијата за аплоуд што ја нуди Блогер.ком или со независен софтвер како Вордпрес. Главна неразрешена дилема ми е усогласување на повеќето јазици, како и брендингот, особено во однос на името на линкот.

    13 March 2006

    Тема: Оружја и оклопи

    Тема: Политички системи

    Тема: Сексови и сексуалности

    Тема: Меѓурелигиска соработка

    Моблог - смешни и др. фотки

    Тема: Анимација и игри

    Пракса:

    Теорија
    Можности

    Тема: Расизам и колонијализам

    Тема: Слобода на изразување

    Тема: Поезија

    Тема: Промоција на Македонија

    Тема: Личности

    Биографски белешки за разновидни личности

    Тема: Книги

    Тема: Приватност

    Тема: Развој на Македонија

    Тема: Македонска блогерска заедница (МБЗ)

    Анализи

    Разни настани
    Други прашања
    Министерство за односи со други блогови

    Тема: Блогот како медиум

    Тема: Македонски јазик


    Тема: Реклами и пропаганда

    Тема: Филмови

    Тема: Палеонтологија и еволуција

    Тема: Блогерски алатки и техники




    Тема: Стрипови

    Дигимак, нов портал - што есапи блогови

    На големото и помалку инцестоидно семејство на македонски забавни портали (во поширока смисла на зборот), се придружи уште еден член - Дигимак.

    Дигимак изгледа како дете од брак на Он.нет и Маседониа срч - од појас нагоре на едниот родител (написчиња за сеир и трач), а од појас надолу на другиот (линкови создадени од фидови со вести и блогови). За ова последново, мора да му се оддаде признание.

    Инаку, интересно би било да се направи семејно стебло на порталското семејство, според датумот на основање и карактеристиките. Под „портали“ кај нас се подразбираат веб-сајтови што претежно се полнат со преземени содржини, во вид на куси написи или линкови, како (по азбучен редослед) Ајвар, Алиби, Иди види, Кајгана, Преспа скај, Стајлс-лајф, Таратур, Ти реков, ми рече, Точка, Фор фан, Шкупи... кои други беа?

    Препорака до Дигимак: странски имиња во текст на македонски јазик се пишуваат како што се изговараат, со евентуално ставање на оригиналот во заграда по првото појавување во текстот. На пример, вака: „Анџелина Џоли (Angelina Jolie), која важи за силна и независна жена...“.

    Лицкање на блогов за подобра употребливост

    Решив да воведам неколку измени и дополнувања на блогов за полесно снаоѓање на него на новите, но и на искусните посетители.

    Имено, бидејќи Блогер.ком сеуште не нуди делење на постовите на категории (како Џумлата или скроени апликации) или нивно тагување, односно ставање тагови според кои динамички би се категоризирале (како Вордпресот), решив тоа да го сторам рачно.

    За секоја „категорија“, односно одбрана тема ќе си отворам посебен пост во кој ќе внесувам линкови до другите постови од неа. Линковите до самите категориски постови ќе ги поставам во блогрол наместо директните линкови до постови што сега стојат под „не пропуштајте“.

    Значи, ќе следат неколку постови кои и не се баш постови. :-)

    12 March 2006

    Првиот потпис со блог во колумна на весник!

    Честитки до Ивица Боцевски што успеал адресата на неговиот блог да излезе во потписот на најновата колумната во „Утрински весник“. Дури и линкот е поставен како што треба, што е редок случај при качувањето на написи од весниците на интернет.

    Вакво нешто не е добро само за колумнистите, туку и за весникот, оти покажува дека е поспремен за новите медиуми.

    PS
    Во насловот се мисли на македонски весник. Ја увидов непрецизноста, но не сакам да го менувам за да не се промени пермалинкот.

    А што всушност се случи со Макблог?

    Во јуни 2004 година беше отворен Макблог, веројатно првиот македонски сервис за блогови. Дали некој знае што всушност се случи со него и луѓето кои го развиваа?

    Адресата, која во моментов не води никаде, му беше www.makblog.org, а во моментов, ниту кешот на Гугл не дава податоци за него, ниту пак пријавува страници кои содржат линкови кон него.

    Единствена трага е што на 12 јуни 2004 година беше рецензиран во рамките на рубриката „Веб-сајт на денот“ на „Време“ (бекап-копија).

    11 March 2006

    Препорака: Блогерска етика на .аНТИблог

    .аНТИ пишува за шесте точки на блогерска етика според Ребека Блад:
    1. Објави го како факти само тоа што веруваш дека е точно
    2. Ако постои материјал на интернет, линкувај кога зборуваш за него
    3. Јавно поправи ја секоја неточна информација
    4. Пишувај го секој пост како никогаш да не ќе биде сменет; допишувај, но никогаш немој да го пишуваш одново или да го бришеш
    5. Укажи на секој конфиликт на интереси
    6. Обележи ги сите сомнителни и субјективни извори
    Оригиналниот текст содржи подетални и поопширни објасненија.
    Јас веќе ја имам споменато Ребека, а богами и линкувањето наспроти форумизацијата. Линкувањето е во тесна врска и со спротивставување на плагирање.

    PS
    За под 4, морам да забележам дека Блогер.ком ги прави пермалинковите според зборовите во насловот на постот (ако се на латиница). Тоа помага за подигање на нивниот ранг, но претставува проблем ако ги менувате насловите - ќе се смени и пермалинкот.

    Хрватскиот се пробил меѓу најважните светски јазици на интернет

    Според енциклопедијата Етнологија, во светот има 6.912 живи јазици. Кои меѓу нив се најважни од аспект на развој на интернет и електронска трговија, може да се види од тоа колку внимание им посветуваат компаниите кои се мотори на развој во таа сфера.

    До неодамна, Гугл адсенс, гранката на компанијата што се занимава со тргување со огласен простор, работеше само со веб-сајтови на англиски, кинески и неколку други јазици, повеќето од западна Европа. На прв поглед изгледаше чудно што беа вклучени јазици со мал број говорители како данскиот (5 милиони), додека некои раширени јазици, како арапскиот, не беа. Изборот веројатно ги одразува не само застапеноста на јазикот, туку и проценката на Гугл за економската моќ на говорителите во комбинација со способноста таа да се применува преку интернет.

    Од минатиот ноември, Адсенс е достапен и на хрватски.

    Целна група на овој систем се оние што продаваат памет (content providers) и во моментов ги поддржува следните 22 јазици: англиски (2 варијанти), дански, германски, италијански, јапонски, кинески (2 варијанти), корејски, норвешки, полски, португалски, руски, словачки, турски, унгарски, фински, француски, холандски, хрватски, чешки, шпански, шведски.

    Сестринската фирма на Адсенс, Адвордс, чии муштерии се огласувачи, покрај горенаведините поддржува уште 19 јазици: арапски, бугарски, виетнамски, грчки, естонски, индиски, исландски, индонезиски, каталонски, латвиски, литвански, романски, српски, словенечки, тагалог (филипински), тајландски, украински, урду и хебрејски. Овој проширен избор го одразува потенцијалот за конзумирање и иден развој на економија базирана на нови технологии.

    Македонскиот јазик е еден од 6.871 преостанати, кои Гугл засега ги нема идентификувано како интересни. На мапата на Европа (чија основна верзија ја земав од Теодора), распоредот на јазициве изгледа вака:


    Со црвено ги обоив земјите во кои официјални се јазиците од првата група, со розово од втората, а бели останаа оние кои не се споменати ниту во едната, ниту во другата.

    Езопова басна: Чавката, орелот и пердувите

    Басна против луѓето кои се фалат дека имаат нешто што го немаат.

    Си била една чавка која, кога видела дека е грда и црна, му се пожалила на орелот. Орелот ја посоветувал да позајми пердуви од другите птици. Чавката го сторила тоа, земајќи пердуви од опашот на паунот, крилјата на гулабот... и така натака, присвојувајќи од другите птици. Кога чавката решила дека е задоволително дотерана, почнала да ги исмева другите птици и да им вика. Другите птици тогаш му се пожалиле на орелот на фалбаџиската чавка. Орелот одговорил: „Секоја птица нека си ги земе своите пердуви - така ќе ја понижите чавката“. Така и сториле, па чавката останала грда и гола.

    Преведено од: The Crow, the Eagle and the Feathers, Aesop's Fables, translated by Laura Gibbs (2002), по повод Вака ли бе у Европа? , а за надоврзување на Срамота: Плагијатор атакува на Вуна.

    Срамота: Плагијатор атакува на Вуна

    Вуна се буни дека е жртва на плагијат, некој нечесен блогер се кити со негови пердуви:

    Ова е постот на Дечко шо го ставија на главна на Блогерајот.
    Ова е мој пост од дамнина.
    Ја му кажав у коментари, али неговиот аргумент е појак:

    абе друже можеби е твое појма неам, го симнав од интернет и морав да напишам нешто на блогот па го стаив тоа.поздрав

    Пиши друже, пиши.. бар да си пишел. Само копи пејст си напраил. Да вибам лоповите.

    Во право е Офчарот, ептен нема смисла. Ама, тоа е веќе традиција кај нас, да се зема, зема од интернет без да се посочи од каде. Голем дел од екс-ју хитовите и поп-рок хитовите од Западот од тоа време (таканаречени „олдиз“) се многу слични. Сигурно дека имавме јака и талентирана музичка сцена, странците ни ги краделе мелодиите. Со времеплов. Турбофолкот го издигна плагијатот на ниво на доблест - тие што плагираат се баш некој вид на турбофолкери на интернетот.

    Ама ај, ќе почне да се средуе ситуација, оти во хиперпродукцијата на блогови луѓето ќе имаат потреба да од оригиналност, па таа ќе исплива на површина полека. Багра на времето се проби така што разобличуваше баш случаи на плагијат по мејнстрим медиумите, нели? А и на насловна на Блогерај е поставена информација за кражбата.

    10 March 2006

    Кубански крокодил

    Оваа слика на американски крокодил (Crocodylus acutus) снимен во близина на Куба, е симната од веб-сајтот на Дејвид Дублие, подводен фотограф.

    Велком ту Литвенија - и цел свет да ја знае

    Еве еден ефтин начин за дигање на свест за дадена земја - направиш смешен анимиран спот и го пуштиш на интернет да си го гледаат луѓе преку разни видео-сервиси.

    Welcome to Lithuania - the land of the beutiful ladies
    Суперхикс, во акција!

    Беклинкс преку Технорати

    Во неговиот пост Боингтастично, со кој се надоврза на блогерските аксиоми, Јован посочи следење на примерот на Боинг-боинг во врска со коментарите.

    Инаку, во врска со она „чичковците“ кај Јован, Кори Доктору е млад господин, а Шени Жордан е млада дама (на сликата).

    Решив малку подобро да ја разгледам нивната структура и увидов дека беклинковите ги имаат „аутсорсирано“ преку Технорати. Вметнав таков код и во блогов, ама со оглед на тоа што дури и за написи до кои сигурно има линкови не ми дава резултати, го означив дека е во фаза на бета-тестирање. Ова е кодот:

    <a class="comment-link"
    href="http://www.technorati.com/cosmos/search.html?rank=⊂=mtcosmos&url=<$BlogItemPermalinkUrl$>">преку
    Технорати (beta)</a>

    Трагикомичноста на македонските преведувачи (3)

    (Продолжение на фељтонот кој во претходните два дела се занимаваше со телевизија)

    Што би се случило ако секој филм, наречен според топоним или лична именка, почне да се преведува буквално, по урнек на преведувањето на „Планината Броукбек“ (Brokeback Mountain), со -- како што би рекол Јован -- крш-преводот „Кршенгрб Планина“?

    „Бандите на Њујорк“ би станале „Бандите на Новиот Залив на Коњите“, оти името Јорк (York) етимолошки потекнува од старонордискиот збор Јорвик (Jórvík) кој значел „Залив на коњите“, увезен во Британија од викиншките освојувачи.

    Секаде каде што се споменува Холивуд треба да се преведе со „Света Шума“, а Сан Франциско всушност треба да е „Свети Фрањо“. И оригиналното значење на „Чикаго“ (Chicago), на домородниот алгонквински (Algonquin) јазик одговара за гламурозен мјузикл – „место кај што смрди на кромид“.

    Без иронија, „Филаделфија“ (Philadelphia) е ептен погодено име за филм за меѓучовечки односи – на грчки значи „братска љубов“.

    Она „Кршенгрб Планина“ исто така го промашува и правилниот редослед на зборовите во македонскиот јазик, слично како кога корпорацијата Мајкрософт (Microsoft Corporation) се буквално се преведува како „Мајкрософт корпорацијата“.

    Продолжува...

    09 March 2006

    Рејтинг на македонски блогови на Технорати (надополнето)

    Еве го рејтингот на македонските блогови кои го користат Технорати, надополнет со информации за уште два-три блога. Како примерок ги искористив оние кои ми се во блогрол:
    Другите не се регистрирале за да влезат во ранг-листата, а има постови до нив, еве како изгледа тоа за Ана, на пример. За регистрација треба да се стави код од Технорати во темплејтот, линкот што ја почнува таа операција е „claim blog“.

    08 March 2006

    Трагикомичноста на македонските преведувачи (2)

    (Продолжение на постот за телевизиите)

    Понекогаш преводите укажуваат дека на недостаток на општа култура на преведувачот, во комбинација со бегло ѕиркање во речник и избор на првиот достапен синоним, понекогаш зачинето со хиперкоректност.

    Така на пример, во преводот на германскиот филм „Збогум Ленин“ прикажан на Сител, беше измислен изразот „одделенски непријател“, наместо „класен непријател“.

    Има случаи и кога преведувачот со тек на време се исправа, прво за некој термин користи погрешен, па правилен превод (му/ѝ текнало). Зачудува што во таквите случаи преведувачот не се враќа да ги исправи претходно направените грешки во преводот. Така, во 15 епизода (Shuttlepod One) на серијалот Ентерпрајз од франшизата „Ѕвездени патеки “ на Телма, микросингуларностите (micro-singularity, singularity) беа прво преведени како „честички“, а потоа поточно како „мали црни дупки“.

    На МТВ1, во филм за англиската кралица Елизабета, реченицата „Зар ќе го учите владетелот?“ беше употребена како превод на (You need a prince to teach you manners) „Ви треба принц/владетел да ве научи на добро однесување“.

    Ова е примерот што го споменува Калина во коментар: еден лик од серијата „Истрага на местото на злосторството“ (CSI) на А1 како држи средношколски алманах во рацете. Колешката на шега го прашува „Бараш партнерска за матурска?“ (You look for a prom date?), а преводот вели: „Бараш датум за матурска?“. Зборот дејт (date) меѓу другото значи и датум и личност со која се излегува.

    Во наредната епизода: на кино

    Коментарите се графити на блогосферата

    Замислете некој сака да објави нешто, па си закупува билборд. Потоа му доаѓа некој и му шкрта нешто по билбордот.
    • Дали овој што го закупил билбордот треба да го финансира изразувањето на овој вториов, на своја штета?
    • Дали е морално за вториов, ако може да закупи свој билборд одма до првиот, да шкрта по билбордот од комшијата?
    До горнава метафора дојдов кога го препрочитав мојот претходен пост. Ако имате мислења по овие прашања, искажете го на својот блог.

    PS
    Графитите најчесто се грди, вулгарни, политички обоени, а многу, многу ретко имаат уметничка и естетска вредност. Кој го има тоа предвид, нема да се разочарува на секои два чекори додека шета низ Скопје, на пример.

    Блогерски аксиоми, наспроти цензурата

    Веќе некое време во македонската блогосфера се води дебата за слободата на изразување. Изгледа дека некои луѓе инстиктивно сваќаат дека се работи за нешто ново и вродено слободно, но во кој смисол слободно, тоа прилично ретко се артикулира.

    Како што веќе реков, оние кои кон блоговите приоѓаат користејќи претходно искуство, на пример учество во форуми, брзо се разочаруваат оти наместо со еден, се соочуваат со многу различни администратори/отварачи на теми/бришачи на коментари/потенцијални цензори кои во рамките на својот свет/веб-сајт имаат контрола врз содржините која по некои туѓи критериуми може да е оправдана или не. Арно ама:
    • Никој не може да ти избрише коментар, ако го поставиш на твојот блог како пост.
    • Секој што знае да напише коментар во туѓ блог, може да си отвори свој.
    • Ако поставиш линк во коментарот на твојот блог, особено кон друг блог, тоа нема да остане незабележано. Другите лесно ќе најдат дека си коментирал - било преку Сајтмитерот, било преку линковите до тој пост што ги евидентира Блогер, било преку Технорати или Најди!.
    Во однос на ширењето на информациите, блоговите функционираат како клетки во организам, како неврони. Зборот блог како медиум не се однесува само на „еден блог“, „даден блог“, туку на сите блогови како целина. И таквиот концепт, во кој секој блогер си е свој газда, овозможува најпрактична примена на препораката на Урсула К. ле Гвин:
    Единствен начин да се победат забраните, притисоците и цензурата – а цензурата ја има секаде каде што има институционализирана моќ – е да се отфрлат. Не да ѝ одговарате во стил „ако се обидете да ме замолчите, ќе ве замолчам и јас вас“, туку да ги отфрлите и нејзиното значење и нејзините цели. Целосно да поминете покрај неа.
    Лепењето коментари на туѓ напис не е блогирање. Тоа го имавме и пред блоговите, нели?

    Промоција на „Најди!Книга“ - нов сервис за пребарување

    Метаморфозис известува дека:

    Во четврток, 9 март, 2006 година, во просториите на НВО Инфоцентарот, со почеток во 11:15 часот, ќе се одржи промоција на интернет сервисот „Најди! Книга“ кој нуди пребарување на севкупниот текст на македонски печатени книги.

    Интернет-сервисот „Најди! Книга“ ќе го промовира креаторот на македонскиот пребарувач Најди!, Петар Кајевски, а ќе бидат присутни и проф. Зоран Велковски, проректор за настава на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, претставници на повеќе истакнати македонски издавачи, како и претставници на Фондацијата Метаморфозис.

    Според инсајдерски сознанија од Најди!, ова е веројатно единствен сервис надвор од САД (print.google.com) кој овозможува бесплатно пребарување на текстовите на најнови печатени книги.

    Ана за Портокаловата алтернатива

    Ана пишува за Портокаловата алтернатива, анархистичко-антирежимско-арт-перформанс движење од Вроцлав кое дејствувало во осумдесеттите.

    За мене е многу интересно како капиталистичкиот-конзумерски систем ги голта, преработува и рециклира ваквите изблици на креативен бунт, меѓу кои и флешмобовите, во вид на франшизи, потоа користејќи ги нивните надворешни манифестации за свои цели, не само во политичката арена, туку и во рекламно-забавната индустрија. Примери:
    • Најновиот хит-спот на Бон Џови (Have a nice day), во кој едно цртежче што тој го дава како автограм се шири преку вирален маркетинг како симбол на напредното младешко спротивставување на естаблишментот.
    • Рекламите за некој вид автомобил (?) при која сите ликови, дури и полицајци на коњи, стојат на некое повисоко место и скокаат во ист момент.
    • Рекламите за очила при кои ликови за пример се качуваат на места над толпата и кулираат.
    • Има индиции дека при разнобојните револуции, ширењето на успешни практики е помогнато и поттикнато од не-баш-грасрут играчи. Секако, со исклучок на активностите на Руслана. О:-)
    Веројатно најблиски до автентични наследници на „Портокаловата алтернатива“ се движења како „Да ги повратиме улиците“ (Reclaim the Streets), „Разбивачите на огласи“ и уметници како арт-терористот Бенкси. За некои од нив пишува Наоми Клајн во нејзината книга „Не лого“ (No Logo).

    Колумнисти, ставајте адреси од е-пошта и веб-сајтови во потписот

    Во право е Мијалче кој со постот За блогерите колумнисти (и останати колумнисти препорачува:
    Кога ги пишувате вашите колумни на крајот на колумната можете да ставете нешто како на пример „повеќе од авторот има на „вашиот блог“ или пак „повеќе на „вашиот блог“.

    Идејата е дека на овој начин читателите ќе го дознаат вашиот сајт па освен во весниците каде се објавуваат тие ќе можат да ве читаат и на вашиот блог.
    Нели е парадоксално што во печатената верзија на „Неделно време“ во рубриката „Нов бран“ не стојат линковите до блоговите на Букаро и Вуна - кои станаа колумнисти токму како дел од развојот на таа рубрика. Истото важи и за копиите на нивните текстови на веб-сајтот на весникот.

    Во македонските весници има случаи кога се објавуваат адреси за е-пошта на колумнисти (што може зависи и од колумнистите), но колку што се сеќавам, досега баш немало со веб-сајт.

    Веројатно и Ивица и Жарко како колумнисти кои се истовремено сопственици на веб-сајтови/блогови може да поттикнат вакви револуционерни потези во „Утрински весник“, односно „Дневник“.

    07 March 2006

    Трагикомичноста на македонските преведувачи (1)

    Задача на преведувачот е да го пренесе изворното значење на она што го преведува, а не со својата неопитност да ја засмејува и зачудува публиката, ниту да го зачинува впечатокот за делото што го пренесува со доза на одвратност.

    Ова е особено важно за преводи кои се објавуваат јавно, и кои во најголем број случаи, спротивно на законот, не се лекторирани - па изобилуваат и со дилетантски печатни грешки. Особено на најмоќниот медиум во Македонија – телевизијата. Следат неколку примери, за поука и за сеир.

    Скопската ТВ Алфа често емитува многу интересни документарци, но за жал слабиот квалитет на преводот ги прави скоро неупотребливи за оние кои не го познаваат англискиот јазик. Оние кои го познаваат се во исто така неповолна положба, оти дискрепанцата меѓу она што го слушаат и она што го читаат ептен упаѓа в очи и го одвлекува вниманието.

    На пример, во титлот на „Големите романси“ може да се прочита за филмскиот могул „Сесел Бидермил“, наместо за Сесил Б. де Мил (Cecil B. DeMille), емисијата за Џејн Мејнсфилд и Мики Хагерти објаснува дека ги викале „задникот и бицепсите“, наместо бистата/градите и бицепсите (bust and the biceps), а во една емисија за аферата Вотергејт, студентот по право (law student) беше преведен како „лордот“.

    Слично и со играната програма, како што беше забележано при претставувањето на веб-сајтот на серијата Фарскејп:
    Главниот лик се вика Крајтон, исто како познатиот СФ-писател и режисер („Паркот Јура“, „Тринаесеттиот воин“, „Твистер“) и ТВ-продуцент („Ургентен центар“ на А1) Мајкл Крајтон. Пишувањето на името на англиски (Crichton) е фонетски нелогично и им задава маки на преведувачите-буквалисти.
    При најавувањето, спикерот името го изговараше како Кричтон, а понекогаш како Крајтон.

    За жал, ниту една друга македонска телевизија не е имун на трагикомични преведувачки „решенија“, особено оние базирани на принципот чуено-недочуено.

    Препорака: сите на Tехнорати (Така е, Дарко!)

    Се согласувам со Дарко кој преку Комуникации препорачува:
    Технорати (Technorati) - сервис кој следи најголем број на блогови. Некои од нас блогерите (особено „постарите“) го знаат, некој не го знаат.

    Но дефинитивно сите треба да го користат. Можностите кој ги нуди овој сервис се големи и многу практични, а се што се бара од вас е да го пријавите вашиот блог на нивната листа која има над 29 милиони блогови.
    Развивањето на култура на меѓусебно линкување и децентрализирање на контролата врз муабетите ќе овозможи спротивставување на форумизацијата на македонските блогови и на нејзините разочарувачки последици.

    Горан Каран за цар на Македонија

    Веќе некое време некои луѓе во македонскиот печат ја промовираат тезата дека единствен начин да се спастри Македонија е да се воведе монархија (односно, наследна диктатура), од која ќе произлезе „ред и работа“ и национално единство. Наводно, другиве балкански земји така се опраиле - со тоа што имале кралеви, особено оние кои тогашната меѓународна заедница им ги увезла од западна Европа. До душа, Умберто Еко не би ја одобрил таа теза:
    Поради квалитативниот популизам, Ур-фашизмот мора да биде против „расипаните“ парламентарни влади. Кога некој политичар ќе фрли сомнеж на легитимитетот на парламентот бидејќи тој веќе не го претставува Гласот на народот, може да намирисаме Ур-фашизам.
    Арно ама, по интернет има многу податоци за родословите на европската аристократија, наспроти напорите на просветителството, според Дејвид Брин:

    Сиот тој стремеж станува многу појасен, доколку се сетиме дека самоволни господари и поглавари владееле со нас за време на 99,4% од постоењето на човештвото...

    Поминаа само околу двеста години, еден миг, а „научното просветување“ почнало да се бунтува против скоро-универзалниот модел наречен феудализам, хиерархиски систем кој што владеел со нашите предци во секоја култура, за време на кој се развила металургијата и земјоделството. Секогаш кога луѓето се стекнувале со плугови и мечови, некоја банда на силни мажи го одземала второто, и ги грабнувале жените и житото на преостанатите. (Шовинистичкиот јазик овде е правилно употребен; тие култури не го употребувале зборот „шовинизам“, затоа што го сметале за природна појава која се подразбира.)

    После тоа, истите тие мажи прогласиле закони и воспоставиле „традиции“ со кои им обезбедиле на своите синови да наследат сè.

    Во секој случај, лесно е да се најде дека незнамтикој таму и таму „благородник“ е потомок на снаа му на Цар Самуил, на пример, па такви се посочуваат за добри кандидати. Особено обилуваат бугарски сајтови на таа тема, од кои за да препишеш, не треба ни англиски да знаеш. Секако, има и други алтернативи, прифатливи кај оние кои ја сакаат поговорката „јебеш државу без краља“.

    Ако веќе прифатиме да увеземе цар (што не значи дека тој не би имал локален шогун/регент/администратор, нали овај), мислам дека е најдобро да го поканиме сплиќанецот Горан Каран. Според презимето, тој има појаки корења и од Самуила - првиот крал на Античка Македонија се викал Каран.

    06 March 2006

    Зачетоците на македонската е-музика

    Во емисијата Јади бурек со Анастас Вангели од Вуна, водителот Јанко Илковски често се навраќаше на тоа на времето имало бран на македонски композитори кои ги користеле компјутерите за создавање на електронска музика, која потоа била промовирана на Канал 103.

    Во написот „Мал интернет“, Васил Буралиев, еден од музичарите од таа генерација, ја објаснува улогата на бибиесите (BBS) во процесот.

    Дел од таа информатичко-уметничка сцена беа и авторите на првите македонски видео-игри, како Климент Андреев - Чомбе. Од неговиот веб-сајт „Фјучер бит“ (Future Bit) сеуште може да се симне играта Клинг, во која беше вградена одличната истоимена композиција од Златко Цеков, што и до ден денешен се врти во етерот. Снимена е во миди-формат и може добро да послужи и како ринг-тон. :-)

    05 March 2006

    Повеќе информации за Елена Ристеска на веб, под итно!

    Мило ми е што Елена Ристеска победила на локалниот избор за песна на Евровизиja - барем 50% се оствари моето залагање од 2004 тоа таа да го стори во дует со Адријан Гаџа. Тој не поминал лошо ни во дует со Есма - второ место на телевоутингот.

    Не ја гледав емисијата, па не можам да навлегувам во квалитетите на комбинациите, песните, изведбите и организацијата. Но мислам дека е навистина греота што нејзиниот официјален веб-сајт, ниту „Официјалниот македонски сајт за евровизија“ не се освежени со информации.

    Сликичката ја земав од Музика.нет.мк, на кој има обемно досие за Елена, но тој информациски систем оперира само на македонски јазик.

    Како поддршка на напорите за успех на Евросонгот, одговорните мора што побрзо на официјалните веб-сајтови да се качат податоци (особено слики, аудио, видео) оптимизирани за машини за пребарување на англиски и најголемите балкански јазици - барем на грчки, српски, албански, хрватски, бугарски и романски.

    Елена да отвори блог на англиски и да ги сподели своите мисли, известувања за подготовките и фотографии со Европа. За блогот да се направат убави, мали банерчиња (не во Флеш, туку ЈПГ) во разни форми и да се понудат на интернет-јавноста да ги стави на свои сајтови и блогови - да се дигне под итно рангот на таквиот сајт.

    Во што е посебноста на хипиците?

    Благодарност до Двр Будр што ме потсети на провокативниот напис за македонските хипици од „Форум плус“ (25.02.2006). Покрај коментари на тезите за уникатноста на периодот (на нивната младост), ќе го искористам постов и за експериментирање со методот за делење на текстот од постови на делови што се гледаат на насловната страница и преку пермалинк. Цитат:

    Бојс: „Водно, каде што одеа младите тогаш, ечеше од транзисторите на кои се слушаа нашите музички емисии. Луѓето имаа можност од радио (Радио Скопје, Втора програма) да слушнат за групите кои тогаш се јавуваа, како Лед цепелин, Ролинг стоунс, Ерик Бардон...
    Се појавија многу бендови кои како последица на хипи-движењето, кое потекна од Сан Франциско, наметнаа нови стандарди и нивоа. Дел од нас беа заинтересирани да го прифатат тоа и да го пласираме. Колку успеавме, не знам, ама мислам дека оставивме некоја трага".

    Водно, каде што одеа младите тогаш, ечеше од автомобилските радија на кои се слушаа нашите музички емисии. Луѓето имаа можност од радио (Канал 103 при МРТВ) да слушнат за групите кои тогаш се јавуваа, како Андерворлд, Продиџи, Карл Кокс...
    Се појавија многу диџеи кои како последица на техно-движењето, кое потекна од Детроит, наметнаа нови стандарди и нивоа. Дел од нас беа заинтересирани да го прифатат тоа и да го пласираме. Колку успеавме, не знам, ама мислам дека оставивме некоја трага.

    Капан ан, Пони, Арт... каде што одеа младите тогаш, ечеа од звучниците на кои се слушаа нашите музички нумери. Луѓето имаа можност од касети (Југотон, пиратски тезги, преснимени од другари) да слушнат за групите кои тогаш се јавуваа, како Ајрон Мејден, Металика, Џо Сатријани...

    Се појавија многу бендови кои како последица на гранџ-движењето, кое потекна од Сиетл, наметнаа нови стандарди и нивоа. Дел од нас беа заинтересирани да го прифатат тоа и да го пласираме. Колку успеавме, не знам, ама мислам дека оставивме некоја трага.

    „Тие години беа нешто карактеристично", коментира Хаш. „Се случуваа многу работи, единствени работи во целиот век. Тогаш се појавија Битлси, направија 250 песни и сите се хитови, војната во Виетнам, луѓе прв пат на Месечината, многу настани во културата, музиката, науката итн. Сето тоа даваше некаква енергија. По ова, ништо толку силно не се случи“.

    Тие години беа нешто карактеристично. Се случуваа многу работи, единствени работи во целиот век. Тогаш се појави Мадона, направи 250 песни и сите се хитови, војната во бивша Југославија, луѓе прв пат на интернет, многу настани во културата, музиката, науката итн. Сето тоа даваше некаква енергија. По ова, ништо толку силно не се случи.

    Тие години беа нешто карактеристично. Се случуваа многу работи, единствени работи во целиот век. Тогаш се појавија Блек ајд пиз, направија 250 песни и сите се хитови, војната во Ирак, луѓе прв пат клонираа, многу настани во културата, музиката, науката итн. Сето тоа даваше некаква енергија. По ова, ништо толку силно не се случи.

    „Ние живееме изворно, а денешниве виртуелно.“ (!?)

    Која трага ја оставиле македонските хипици? Сите работи наведени во текстот се однесуваат на нивните лични животи: избор на музика, имиџ, промискуитет, седење во парк, излети - и може да се наведат за било која друга конзумерска супкултура, а нивниот „бунт“ не се однесувал на спротивставување на политичката репресија. Од текстот се насетува дека семејствата на повеќето од интервјуираните биле со натпросечен статус и ресурси (како и на најекспонираните супкултурни дејци од од деведесеттите), а тие сами кажуваат дека во меѓувреме извршиле успешно вклопување во општествените текови, што заличува на примена на черчиловата формула: ’либерал до 30, конзервативец потоа‘.

    Како хипиците ги пренеле „добрите вредности од тоа време“, како спротивставувањето на војната, во денешново? Дали ги искористиле нивните сегашни високи позиции за спротивставување на учеството на Македонија во војни, како оние во Авганистан и Ирак?

    За појаснување на посебноста добро би дошол уште еден напис, или пак, ако ја нема - серија написи со сведоштва на преживеаните припадници и на други супкултури.

    Шест книги за пуст остров

    Подготвувајќи го постот за блог/овите во весниците, се потсетив на интервјуто што го дадов за „Утрински весник“ (29.8.2005) на тема „шест книги за пуст остров“. Со оглед на тоа што линковите во текстот не се активирани како што треба, решив да го пренесам целиот текст и тука (кликнете на „повеќе!“).

    Индикатори на здравјето и просперитетноста

    Од моментот на појавувањето на електронските формати на книжевните дела се појави дилемата дали романтичниот занес при читањето на класичните книги (црни букви на бели листови хартија) ќе успее да опстане пред фантастично брзиот налет на електронското издаваштво? Дилема која и во блиска иднина ќе биде основа за расправа меѓу поклониците на класично објавениот книжевен збор и оние, сè уште помалубројните, но сепак се чини поагресивните, следбеници на новите технологии и форми во издаваштвото.

    Филип Стојановски е информатичар чија специјалност е интернет-комуникацијата, особено анализите на веб-решенија. Уредник е на веб-магазинот Агора и член на експертската работна група која ја изработи Националната стратегија за информатичко општество на РМ. Работи како програмски координатор во Метаморфозис, фондација за одржливи информатички решенија од Скопје.

    Со еден општ поглед кон овој текст, во кој тој ни го открива својот избор на книги, освен спознанието за неговите афинитети кон пишаниот збор, мошне едноставно може да се заклучи дека тој на пуст остров освен книги би понел и - компјутер. Во обид да го откриеме неговиот „личен опис“, тој ни го кажа следново: „Себеси се дефинирам како љубител на стрипот како медиум и научната фантастика како жанр, и обете ги сметам за индикатор на здравјето и просперитетноста на дадена култура. Едновремено, мислам дека не може да се биде доволно добар љубител ниту на СФ-от, ниту на стрипот, без познавање на постигнувањата во другите области на книжевноста и уметноста, воопшто.“

    Конечно, еве го неговиот книжевно - електронски избор:
    1. "Безимотниот“ (The Dispossessed) - Урсула ле Гвин
      Најзначајната жива американска писателка врши мисловен експеримент - ставајќи ги во контраст анархистичкото со други форми на општествено уредување - капиталистичкото и социјалистичкото. Таа ги истражува индивидуалните избори и можности преку топлата лична приказна, проткајувајќи ги влијанијата на таоизмот, феминизмот, гандиевското ненасилство и западната анти-утописка традиција („1984“ на Орвел, „Ние“ од Земјатин, „Железната петица“ на Лондон).
      Романов е преведен на српски како „Човек празних шака“. Иако може да се чита самостојно, овој роман е дел од одличниот „хаински циклус“, чии претставници може да се најдат и по скопските библиотеки.

    2. „Разбирање на стрипот“ (Understanding Comics) - Скот мек Клауд
      Скоро комплетна анализа на стрипот како медиум, се разбира, во форма на стрип. Оваа уметничка форма е една од ретките за чие создавање нема потреба од корпорациско или државно спонзорство, туку зависи од индивидуалната волја и интегритет на авторот. Особено што со користењето на интернет и електронска трговија тој или таа може да ги прескокне и издавачите. И другите дела на Мек Клауд се информативни, инспиративни и забавни, проткаени со хумор и насоки за читање други добри стрипови.

    3. „48 закони на моќтаа“ (The 48 Laws of Power) - Роберт Грини
      Книгава е амбициозно создание на современиот теориски макијавелизам, кое преку историски примери, анегдоти и анализи детално ги објаснува начините на којшто луѓето меѓусебно си влијаат. Не е преведена на македонски, но со оглед на популарноста на слични дела ("Умеењето на војувањето" од Сун Ѕу, "Владетелот" од Макијавели) кај нашата политичка елита, може да послужи како добра основа за самоодбрана. Во тој поглед одличен избор се и непреведените "Влијание" од Чиалдини и "Стратегија" од Лидел-Харт.

    4. „Дервишот и смртта“ (Дервиш и смрт) од Меша Селимовиќ
      Како и другите класични дела, од кои некои се вклучени во училишната лектира, добро е романов да се препрочитува барем еднаш во текот на секое десетлетие. Маестралните описи на тескобноста на меѓучовечките односи во балканската касаба наспроти идеализмот на верата, љубовта и другите вредности го прават секое ново читање сосем ново доживување.

    5. „Панонски легенди“
      Житијата на Св. Кирил и Методиј се интересни сами по себе како историски извор и како приказна за премрежијата потребни да се воведе нова информатичко - комуникациска технологија, во нивниот случај - писменоста. Историјата, ако не се разбере како шаблон кој што мора да се копира, туку како архива на примери/грешки што треба да се избегнуваат, може да биде исклучително полезна. Особено ако се комбинира со критичкото размислување на преживеаните културни богатства од минатото, како "Одисеја", митовите и народните приказни.

    6. „Одвлекување внимание“ (Distraction) - Брус Стерлинг
      Сајбер-панкот е правец на научната фантастика во чија основа се современите технолошки и општествени трендови. Стерлинг е еден од неговите основоположници и со овој политички трилер овозможува разбирање на многу од нештата кои допрва ќе ни го менуваат животот: климатските промени, клонирањето, биотехнологијата и нанотехнологијата, како и неминовната глобална промена во режимот на авторски права.
    (Т.Д.)