Блекаут

29 September 2011

Пописот ќе прибира податоци за користење Интернет

Весникот „Нова Македонија“ неодамна објави еден многу корисен прилог, наречен „Попис 2011: Водич за попис на населението, домаќинствата и становите“ (ПДФ) во кој меѓу другото е наведено и како ќе изгледаат формуларите, кои содржат и прашања за користење нови технологии.
Имено, во делот „Образовни карактеристики“ од „Пописница“ – формуларот за индивидуални граѓани стои:
32. Дали сте писмена/а? (лица на возраст од 10 години и повеќе)
1. Да                        2. Не
33. Кои од наведените активности, знаете да ги користите при работа со компјутер? (лица на возраст од 10 години и повеќе)
1. Обработка на текст                       1. Да            2. Не
2. Изработка на табела                     1. Да            2. Не
3. Користење Интернет                    1. Да            2. Не
4. Електронска пошта                       1. Да            2. Не
Во „Прашалник за домаќинство и стан“ исто така стои:
8. Дали домаќинството поседува персонален компјутер?
1. Да                        2. Не
9. Дали домаќинството има пристап до Интернет?
1. Да                        2. Не
Мислам дека е исклучително важно што ќе се приберат и обработат овие податоци на ниво на цела држава. Досега имаше низа истражувања со статистички примерок, но вака ќе може да се направат многу попрецизни корелации и да се идентификуваат точки каде е потребна интервенција за да може сите граѓани без оглед на пол, возраст, етнички карактеристики и слично да имаат еднаков пристап до можностите.
Сето ова би помогнало и за пореални споредби со регионот (на пр. пред некое време пишав за Србија)…

13 September 2011

Конкурс за млади блогери на УНЕСКО

Добра прилика за млади автори. Јас само ја пренесувам информацијата, ве молам за сите детали да се обратете кај организаторот на конкурсот, Повикот од УНЕСКО е достапен на англиски.
Како дел од 7 младински форум во Париз, УНЕСКО ќе понуди можност за учество на тој настан на пет млади новинари и блогери. Ќе биде одбран по еден млад блогер од секој од петте региони на УНЕСКО (Африка, Арапски држави, Азија и Пацификот, Европа и Северна Америка, и Латинска Америка и Карибите). Општите услови за млади новинари и блогери:
  • Да се помлади од 30 години
  • Да имаат искуство со новинарство (на интернет, печатено, фото, видео, радио) или со блогерство
  • Да имаат добро познавање на англиски и/или француски.
  • Предност е ако знаат и некој од другите шест официјални јазици на Обединетите Нации (арапски, кинески, англиски, француски, руски и шпански).
Рок за пријавување: четврток, 15 септември.
Информацијава ја добив преку Рајзинг војсис.

07 September 2011

Кој колку владеел со Македонија (од прилика)

По повод јубилејот 20 години независност, еве еден мал прилог за љубителите на историја: графички приказ на периодите на владеење на различни партии со Република Македонија. Податоците се преземени од Википедија на македонски, од написите за Влади на РМ.


Кликнете на сликата за поголема верзија.

Заради некои технички ограничувања, на графичкиот приказ датумите на почетоците и краевите на мандатите не се дадени прецизно, туку од прилика - ако дадена партија била на власт поголем дел од некоја половина година (како основна единица), тогаш е означено дека го држела цел тој период.



СДСМ 10,5
ВМРО-ДПМНЕ 9,5
СП 10
ЛДП 5
ПДП 7,5
ЛП 2,5
ДА 4
ДПА 6
ДУИ 7,5
Експертска влада 1,5
Вкупно години на власт (од прилика) - се важи и учеството во Владата за национален спас од 2001 г.