Блекаут

13 February 2013

Папата Бенедикт XVI и папската оставка во научната фантастика

This post is also available in | Овој пост е достапен и на
- македонски преку Блогерај:  Папата Бенедикт XVI и папската оставка во научната фантастика
- English: Pope Benedict XVI and Papal Resignation in Science Fiction


Една научно-фантастична книга напишана во текот на животот на претходниот папа го има посочено Бенедикт XVI како негов наследник во 2009.

Книгата Флешфорвард (Flashforward) на канадскиот писател Роберт Џ. Сојер (Robert J. Sawyer) била напишана во 1995 година и објавена во 1999. Дел од дејствието се одвива во 2009 година и папата Бенедикт XVI се појавува во рамки на фиктивни вести од светот (на стр. 93 од изданието линкувано со сликичката). Вистинскиот Бенедикт XVI (Benedict XVI) беше востоличен за папа во 2005 година. 

Роберт Џ. Сојер твитна:

Во 1995 година, предвидов дека наредниот папа ќе биде Бенедикт XVI. Во 2000. предвидов дека некој папа ќе даде оставка. Се прашувам дали Ратцингер ги чита моите дела?

Сојер го направил второто „предвидување“ во краткиот расказ „Абдикацијата на папата Мери III“ ("The Abdication of Pope Mary III"), достапен на неговиот блог.

Википедија наведува неколку други научно-фантастични дела чија тема е папството:
  • Во „In partibus infidelium“ („Во земјата на неверниците“) од полскиот автор Јацек Дукај (Jacek Dukaj), човештвото остварува контакт со други цивилизации кои патуваат низ вселената и христијанството, и тоа Католичката црква, се шири надалеку. Луѓето стануваат малцинство меѓу верниците и вонземјанин е избран за папа.
  • Во Проект папа (анг. Project Pope) од 1981. Клифорд Симак (Clifford Simak) пишува за роботите од планетата Крајот на Никаде кои работеле илјада години да создадат компјутеризиран, безгрешен папа способен да ја открие крајната вистина. Нивното дело е присвоено кога човечки Слушач открива нешто што изгледа дека е планета Рај.
Уште едно неодамнешно дело (фикција, но не научна фантастика) кое се занимава со папска оставка е италијанската комедија од 2011 Habemus Papam, (Имаме папа или на англиски We Have a Pope) во која избраниот кардинал се колеба и ја одбива понудата да стане папа во текот на ритуалот на прогласување.