Блекаут

07 March 2006

Препорака: сите на Tехнорати (Така е, Дарко!)

Се согласувам со Дарко кој преку Комуникации препорачува:
Технорати (Technorati) - сервис кој следи најголем број на блогови. Некои од нас блогерите (особено „постарите“) го знаат, некој не го знаат.

Но дефинитивно сите треба да го користат. Можностите кој ги нуди овој сервис се големи и многу практични, а се што се бара од вас е да го пријавите вашиот блог на нивната листа која има над 29 милиони блогови.
Развивањето на култура на меѓусебно линкување и децентрализирање на контролата врз муабетите ќе овозможи спротивставување на форумизацијата на македонските блогови и на нејзините разочарувачки последици.

1 comment:

Anonymous said...

Техорати е закон.