Блекаут

01 April 2006

Нашиве пирати не се просветители

Не се согласувам со Анти дека пиратите се просветители. Мислам дека овие нашиве локални што ги поткачија во последно време, не се - туку го прават тоа за пари. Крунски доказ за тоа е што го чуваат софтверот на ДВД, ама го продаваат само на ЦД.

На пример, ако хипотетички сте се обиделе да ја купите „д Мувиз“ (The Movies) како подарок, одбиваа да ви ја снимат на ДВД, па наместо да платите 150 денари за еден диск, треба да купите три компакт диска за 450 денари. И после, немало машинима во Македонија!

No comments: