Не изброив колку точно луѓе протестираа, имаше неколку десетици, сигурно над 50-60 луѓе (да речеме од третина до половина од пријавените на Фејсбук ивентот). Многу брзо се наредија скоро исто толку униформирани полицајци, по околните тротоари и кај семафорите се испаркираа полициски возила, а учесниците кажуваа и дека во блиската околина има и многу полицајци во цивил.
По завршувањето на протестот, поминувајќи покрај задниот влез на Делегацијата на ЕУ, го видов претседателот на РМ Ѓорге Иванов како цел окезен крадешкум влегува внатре, да земе учество на приемот организиран од амбасадорот Орав.
Линкови во врска со настанот:
- Повикот од Фронтот за слобода на изразување
- А1он: (Видео) Протест во Скопје: „Смрт на фашизмот – слобода на изразувањето“
- Плус инфо: Галерија: Протест пред канцеларијата на ЕУ поради законот за медиуми
- Порталб: Protestuesti shprehën revoltin para selisë së Bashkimit Evropian 'Vdekje fashizmit, liri të shprehjes
- Либерта Институт и НИСМА: Поддршка за медиумите е обврска од ОРД | Përkrahja e mediave obligim nga MKO
No comments:
Post a Comment