Излегла новата „Стрипотека“, во која има комплетна епизода со Торгал („Помеѓу земјата и светлината“) и некои други куси стрипчиња. Цијена: ситница - 80 денари. Ја има по трафики.
Според мене, Торгал е еден од најдобрите тековни европски стрипови, и по цртеж (Росински) и по свежината со која сценариото (Ван Хаме) третира мотиви кои се веќе видени уште од времето на Принц Валијант. Во оваа епизода Торгал и семејството се сеуште во Америка, меѓу индијанците, обидувајќи се да си отидат во нивната викиншка татковина. Главен проблем им е како да го спасат синот Јолан од самобендисаност, бидејќи индијанското племе го има поставено за бог.
Џендер елементот го запазува повторно згодната, а и способна и безмилосна Крис де Валинор, авантуристка што стално им се плетка. Е сега, изгледа дека „Стрипотека“ пропуштила да објави една епизода, продолжение на претходното издание со Торгал од минатиот април. Затоа, ми останува нејасно од каде момава ги нашла воловите да и’ ја влечат колата со златото што го заработила... Чунки такви волови во Америка, па уште како домашни животни за влечење кола... со тркала... потешко се наоѓале во раниот среден век.
Блог на најразновидни теми, меѓу кои стрип, анимација, тековни настани, историја, палеонтологија и интернет, со препораки или кудења на нешта што може да се прочитаат, изгледаат или ислушаат. Другото сè е сеир.
Блекаут
20 September 2003
17 September 2003
Блогот на Аниа надмина десет илјади посети
Најпознатиот, најдолготрајниот, најличниот и нај*.* македонски блог, дело на Аниа, во моментов има постигнато 10016 посети. Честитки! :-)

16 September 2003
Агора на Но лого
Сајтот Но лого (www.nologo.org) на Наоми Клајн го објави македонскиот превод на текстот „Наследството од 11 септември: војната како франшиза“, изведен од Хана и оригинално објавен на Агора. Достапен преку линкови на првата страна, во рубриката „диспечиз“ и во самиот текст. Јее! :-)

15 September 2003
Ах, Казаа, Казаа, шегобијци
После неколку... секунди... размислување... решив да видам дали долуспоменатата песна се пронаоѓа со Казаа, тековниот главен пи-ту-пи (P2P) фраер у маало за ширење на пиратска музика. И таму (моментно) ја немаше.
Арно ама, кога го пуштам програмот, не пропушта да ме насмее нивниот воведен екран во кој се раскажува дека се заштитени со меѓународни закони за копирајт, тоест:

Copyright 2002-2003 Sharman Networks, Ltd.
Protected by international copyright laws.
Песна на денот: Отишо је свак ко ваља
МП3 клипчево е снимено во МКЦ, Скопје во 2002.
(И јас се дерев таму. Секако, поздрав и до тогаш присутната Александра. :-))
За жал, ни на Носталгија ја нема целата песна, ама најдов акорди. Таму кај прашалниците треба да стои: „лаке забаве жедном мњењу“.
...Otišo je- Рамбо Амадеус
svak ko valja
neki vani
a neki ka nebu
ostala je samo
fukara i raja
i mi s njima
na bjelome lebu
МП3 клипчево е снимено во МКЦ, Скопје во 2002.
(И јас се дерев таму. Секако, поздрав и до тогаш присутната Александра. :-))
За жал, ни на Носталгија ја нема целата песна, ама најдов акорди. Таму кај прашалниците треба да стои: „лаке забаве жедном мњењу“.
01 September 2003
Блиц-толпа: првиот унгарски флешмоб
Напис за новиот сајбер-феномен (и мода) што го објавив на Агора. Се работи за движење што ги користи дигиталните медиуми за да ја насочи енергијата на инаку неповрзани луѓе на сличен начин како што ласерот ја насочува инаку расфрланата светлина.

Тренирање притисок
Буш и НВО секторот - нов напис на Агора, од Наоми Клајн, познатата „антиглобалистка“ (ама таа не сака да ја нарекуваат така, дека смета дека антикорпорациската глобализација е вистинската).

Subscribe to:
Posts (Atom)