...Условите што ги имавме беа одлични. Бевме сместени во ново олимписко село со еднакви куќи, со по неколку соби со бања, клима-уред, фрижидер, вентилатори и мрежи на прозорците. Црвениот песок насекаде ти станува нормален, а пак ладната вода..., се сеќавате ли на сцената кога Роберт Редфорд ’и ја мие косата на Мерил Стрип во „Моја Африка“, па ти станува романтично, за гуштерите во дворот – ништо страшно и онака се плашат од луѓе, сепак длабоко во паметењето остануваат изгрејсонцата, небото, црвената земја во босите нозе и секако отвореноста, убавината и гостопримливоста на тој народ, кој со целата своја инфериорност кон белата раса сепак претставува пример за гордост и издржливост. [болдот е додаден]Одбивам да поверувам дека се работи за намерна промоција на чист расизам преку еден од најважните весници во Македонија и тоа во омилениот подлисток на девојка ми. Но, дури и да се работи за гаф од типот „сакам кажам не знам речам“, мислам дека не треба да изостане критичка реакција од читателите и оградување од одговорните.
Пречка за тоа не треба да биде релативната малубројност на наши сограѓани со неодамнешно* африканско потекло, како штипјанецот Џими од рекламата на К-15. Би било голема штета ако се потврди афоризмот...
Чувства Во новинарството мора многу да се внимава на чувствата на тие што имаат моќ и не се колебаат да употребат насилство. За чувствата на тие што се немоќни и ненасилни не мора толку да се внимава....кој е една од овонеделните „Жарулки“.
--
* Сите хоминиди, а особено денешните луѓе, припадници на видот Homo Sapiens Sapiens, имаат африканско потекло.
очи истерав со фуснотата
ReplyDeleteСе мислам дали фуснотите имаат смисла во ваква форма, ептен се како остаток од печатен медиум... односно, може да се направат и поинаку.. хм ај ќе видиме на каде ќе еволуираат.
ReplyDelete