Горан Андреев известува за
„Велешка пастрмајлија 2006“:
Во организација на Општина Велес и Центарот за подршка на НВО Велес, во сабота на 18 фебруари 2006 година со почеток во 10:00 часот во ресторан „Розе Сала“ ќе се одржи манифестација „Велешка Пастрмајлија 2006“. На манифестацијата на посебни штандови ќе бидат презентирани производители на пити пастрмајлии и вино од Велес.
Манифестацијата звучи супер. Според
Центарот за поддршка на НВО:
Нивните производи ќе бидете во можност да ги набавите по симболични цени (20 денари за парче пита и 10 денари за чаша вино). Собраните средства ќе се наменат за хуманитарни активности на невладините организации од градот.
Повеќе информации на горенаведените линкови.
По втор пат се одржува ми се чини манифестацијава во Велес.
ReplyDelete