23 August 2006

„Дневник“ - написи без датуми и нова лектура

  • При влегување во било кој напис на тековниот веб-сајт на „Дневник“, не се гледа види една од најосновните информации - на кој датум бил издаден. Ако влезете преку директен линк треба да се оди на пребарување со насловот за да добиете список со написи и од тој список да го видите датумот. Чуден пропуст.

    На старата верзија се прикажува и датумот и изданието на истата веб-страница со написот.

  • Во саботното издание забележав дека имиња на англиски јазик ги пишуваат во оригинал, а не како што е според правопис со македонска транслитерација како што се изговараат (со евентуално оригиналот во заграда на прво појавување).

    Примери: Концерт на „Three minutes in the rain“ и „The eye of charm“ снимаа во Галичник (18.08.2006).

    Дали лекторот им е на одмор или унилатерално „свртел/а нов лист“, не знам.

2 comments:

  1. За датумите приметив - и страшно се нервирам за такви “ситници“

    ReplyDelete
  2. Не се ова ситници бе луѓе, ова се крајно сериозни работи, тоа ти е исто ко да нема датум на печатеното издани и да не можеш да разбереш кој весник од кога е.

    Уште при појавата на овој редизјан напоменав за ова и за уште некои „ситни” пропиусти.
    Не сум сигурен но мислам дека и опцијата за коментари не им функционира

    ReplyDelete