- Богато културно наследство како последица на историја исполнета со присуство на разновидни светски цивилизации.
- Биле дел од Римското и Отоманското царство.
- Гостопримливост и љубезност.
- Природни убавини со голем потенцијал за туризам.
- Одлична храна, сочно овошје и зеленчук.
- Немаат нафта или други извори на фосилни горива.
- Сличен животен стандард, економија која трпи од колонијалното минато.
- Слично ниво на познавање на англискиот јазик кај општата популација.
- Неоптеретеност со религиски догми во секојдневниот живот*.
- Разновидно, разнородно и симпатично население: Тунижаните може да бидат од светлооки и црвенокоси Бербери, преку типични Арапи, до црномурни црнци. Многу од нив имаат „медитерански“ црти: високо чело, кукаст нос, големи очи, благи веѓи, маслинеста кожа. Малцинските евреи и христијани се сметаат за интегрален дел од општеството.
Македонци земаат душа при обиколката на урнатините на античка Картагина.
Тунижани чекаат автобус во предградие на главниот град Тунис.
Тунижани чекаат автобус во предградие на главниот град Тунис.
Разлики
- Тунис сесрдно го остварува својот потенцијал за туризам, при што целиот државен апарат и вработените во сите стопански гранки се трудат туристот да се чувствува убаво, безбедно и да има желба да троши за уживање.
- Кога чекаат нешто, Тунижаните не клечат: или стојат, или седат на нешто (столче, кутија, камен).
- Медиумите во Македонија се послободни: Тунис има радио-станица наменета за странците во земјата, која емитува на англиски, француски и италијански јазик. Туниската туристичка индустрија инвестира во образовани водичи кои учат странски јазици во земјите од кои им доаѓаат туристи.
- Производите од кожа во Тунис се релативно ефтини, особено чевли
- Во Тунис, по чаршиите има потреба од ценкање, кое е форма на комуникација која се граничи со оддавање почит и укажување внимание
- Тунис има море, топло и сино, со плажи со бел ситен песок
- *98% од Тунижаните се муслимани, а влијанието на исламот е во тоа што појакиот алкохол се продава само на одредени места и е релативно поскап. Во петок продавниците или одделите на супермаркетите за алкохол не работат, поради џума (главна молитва во неделата).
- *Дел од Тунижанките носат марами, но не и мантили, туку раскошни локални фустани. Некои се капат со дополнителна, тенка облека врз костимот за капење. Младите Тунижанки обично ја носат косата фатена со шнола или ластиче, а облекуваат црна блуза на прерамки и фармерки или слични пантолони.
No comments:
Post a Comment