Блекаут

10 August 2006

МАТ-лег, специфична македонска форма на џет-лег

Џет-лег (jet lag) е физиолошко нарушување кое настанува поради пореметување на метаболичкиот ритам кога брзо се минуваат временски зони, особено при интерконтинентални патувања со млазни авиони. Симптоми:
  • дехидрираност,
  • исцрпеност,
  • главоболки,
  • дезориентација,
  • грогираност,
  • нарушување на варењето,
  • несоница и нарушен ритам на спиење,
  • општа нервоза и осетливост на дразби
Авио-патниците од Македонија се изложени и на МАТ-лег, слично физиолошко нарушување кое настанува поради хаотичниот прераспоред со кој de facto монополскиот Македонски авио-транспорт ги врши своите летови. Симптомите на МАТ-легот се исти како погорните, иако се работи за многу пократки летови, од максимум 2 часа, од медитеранските туристички дестинации.

Така на пример, пред некој ден на враќањето од одмор со чартер-лет од аеродромот Монастир (Тунис) за Скопје, летот најавен за 23 часот полета во 3 часот, стигнувајќи во 5 сабајле. Задоцнувањето беше поради тоа што истиот авион требало дента да лета до/од Анталија и/или Цирих. За доцнењето се знаеше од порано, еден од туристите со смс комуницираше со контакт од авио-бизнисот, но одговорните од агенцијата Аурора до последен момент тврдеа дека ќе сме биле на време и не го сменија распоредот на тргнување од хотелот (19 ч.), принудувајќи ги гостите, меѓу кои и многу мали деца, да кмичат на неудобните аеродромски столчиња. За утеха, беа поделени бесплатни сендвич и сокче во аеродромскиот бар. МАТ инаку почнал да наплаќа за храната во нивните авиони, на пр. кроасанче е 1.5 евра.

Иако авионот на МАТ во Тунис стигна околу полноќ, дополнителна компликација настана оти скопскиот аеродром не работи меѓу 24 и 4 часот, па мораше да тргне подоцна за да има кај да слета. (Не можам да замислам што се случува ако во овој период над Македонија настануваат авио-куршлуси и се појавува потреба од итно слетување.)

Последица: целодневна „кома“ и умор на крајот на одморот.

PS
До кај е отворањето на линии на Изи џет (easyJet.com) и Рајан ер (Ryanair) кон Македонија?

No comments: