Сиди Бусаид (Sidi Bou Said, سيدي بو سعيد) во архитектонски поглед е нешто како туниски Охрид, туристичко место со зачувани старовремски куќи во типичен бело-син медитерански стил и прекрасна природа.
Името инаку значи Свети Бусаид, во спомен на еден од мудреците на тунискиот суфизам кој живеел тука. Исламскиот суфизам влече корени од античкиот софизам (sophism), а мудреците обично поминувале голем дел од својот живот патувајќи низ светот и собирајќи знаења, за на старост да се скрасат и да го споделат.
За разлика од главните канонски текови на исламот, во Тунис некои од тие мудреци се прогласени за светци и имаат свои денови и семејни слави. Паралели може да се повлечат со светците од православието, како и со приказната за себеспознавањето изложена во „Алхемичарот“ од Паоло Куељо. Дел од дејствието во таа книга се одвива токму во северна Африка, која пред арапското освојување и прифаќањето на исламот, претежно била дел од Византија.
1 comment:
Многу увабо место како што гледам. :)
Post a Comment