- Богато културно наследство како последица на историја исполнета со присуство на разновидни светски цивилизации.
 - Биле дел од Римското и Отоманското царство.
 - Гостопримливост и љубезност.
 - Природни убавини со голем потенцијал за туризам.
 - Одлична храна, сочно овошје и зеленчук.
 - Немаат нафта или други извори на фосилни горива.
 - Сличен животен стандард, економија која трпи од колонијалното минато.
 - Слично ниво на познавање на англискиот јазик кај општата популација.
 - Неоптеретеност со религиски догми во секојдневниот живот*.
 - Разновидно, разнородно и симпатично население: Тунижаните може да бидат од светлооки и црвенокоси Бербери, преку типични Арапи, до црномурни црнци. Многу од нив имаат „медитерански“ црти: високо чело, кукаст нос, големи очи, благи веѓи, маслинеста кожа. Малцинските евреи и христијани се сметаат за интегрален дел од општеството.
 
Македонци земаат душа при обиколката на урнатините на античка Картагина.Тунижани чекаат автобус во предградие на главниот град Тунис.
Разлики
- Тунис сесрдно го остварува својот потенцијал за туризам, при што целиот државен апарат и вработените во сите стопански гранки се трудат туристот да се чувствува убаво, безбедно и да има желба да троши за уживање.
 - Кога чекаат нешто, Тунижаните не клечат: или стојат, или седат на нешто (столче, кутија, камен).
 - Медиумите во Македонија се послободни: Тунис има радио-станица наменета за странците во земјата, која емитува на англиски, француски и италијански јазик. Туниската туристичка индустрија инвестира во образовани водичи кои учат странски јазици во земјите од кои им доаѓаат туристи.
 - Производите од кожа во Тунис се релативно ефтини, особено чевли
 - Во Тунис, по чаршиите има потреба од ценкање, кое е форма на комуникација која се граничи со оддавање почит и укажување внимание
 - Тунис има море, топло и сино, со плажи со бел ситен песок
 - *98% од Тунижаните се муслимани, а влијанието на исламот е во тоа што појакиот алкохол се продава само на одредени места и е релативно поскап.  Во петок  продавниците  или одделите на супермаркетите  за алкохол не работат, поради џума (главна молитва во неделата).
 - *Дел од Тунижанките носат марами, но не и мантили, туку раскошни локални фустани. Некои се капат со дополнителна, тенка облека врз костимот за капење. Младите Тунижанки обично ја носат косата фатена со шнола или ластиче, а облекуваат црна блуза на прерамки и фармерки или слични пантолони.
 
No comments:
Post a Comment