Блекаут

09 May 2011

Грција: Документарецот „Долгократија“ достапен на англиски


„Долгократија“ (анг. Debtocracy), документарен филм на Катерина Китиди и Арис Хаџистефану за причините и можните решенија на грчката должничка криза, од 6 мај може да се гледа со англиски превод.

Филмот, кој до тогаш наводно имал над 1 милион гледања, е дистрибуиран под лиценцата Криејтив комонс наведи извор-сподели под исти услови 3.0. Овој „документарец чиј продуцент е публиката“ е направен со 8.000 евра надокнадени преку мали донации (грчки) од индивидуални граѓани и синдикати. Содржи споредби со случаите на Аргентина и Еквадор.

1 comment:

GoodBytes said...

Откако го видов постов за „Долгократија“ кај тебе, филмов веќе цел месец ми стои на телефон (каде најчесто гледам документарци) и си го чека редот за гледање. Конечно ми дојде на ред (имав многу насобрано), па еве пред да почнам да го гледам, да ти се заблагодарам за линков.

Инаку, најмногу претпочитам да гледам документарци и комедии (информирање и опуштање). Значи, следно дај линкче за комедија! ;-)