Блекаут

Showing posts with label Фудбал. Show all posts
Showing posts with label Фудбал. Show all posts

05 September 2006

Видео: Ване Таковски од „Беласица“ за СИДАта

На „Ју тјуб“ има видео-изјава на Ване Таковски од ФК „Беласица“ во која тој зборува за СИДАта, новинар(к)ите и слично.

На блогов, овој лик се појави во постот Расисти, јуриш! (Во Македонија инаку нема СИДА), каде што ја цитирав неговата изјава дека немало веќе да ангажира црномурни фудбалери, која ја оценив како расистичка.

Случајот со Адамс го споменав и во Писма од читатели: Х.Е.Р.А. реагира на веста за нашиот фудбалер со нигериско потекло.

28 February 2006

Расисти, јуриш! (Во Македонија инаку нема СИДА)

Поттикнат од информацијата на Теко ставена во коментар во претходниот пост на темава, најдов два коментара од Ванчо Таковски, „првиот човек“ на Ф.К. Беласица (болдот е додаден).

„Вест“ (28.2.2006) во написот „Знаеле, а криеле СИДА“:
Јас воопшто не се плашам од сидата бидејќи од нешто мора да се умре. Сидата не е измислена во Македонија, таа е донесена од Африка. Мислам дека државните органи треба да реагираат при влезот на странците во Македонија. Нема што мене да ме информира Министерството за здравство за болеста на Адамс, нека ги информира луѓот од Маџари, тој од таму дојде кај нас.
„Време“ (28.2.2005) во написот „,Половина‘ Македонија стравува од блискоста со Нигериецот“:
- Во Беласица веќе нема да дозволам да биде ангажиран ниту еден црномурест фудбалер од странство, особено не од земјите што се ризични во однос на пренесување на заразните болести. Навистина не знам што повеќе би кажал за овој случај - вели претседателот на Беласица, Ванчо Таковски, кој е познат по своите ексцентрични изјави.
Што е со можноста дека мртвиот човек, ако не користел кондом, можел многу лесно да се зарази и во текот на престојот во Македонија? Дали Таковски има сигурни докази дека тој бил заразен пред да му влезе во клубот? Ако да и толку му значи тоа, зошто чекал Адамс да умре за да реагира?

Немам релевантни статистички податоци при рака, но мислам дека многу луѓе практикуваат секс без кондом и во Македонија, особено како средство за искажување поголема блискост во врската. А и промискуитетот, особено дискретниот, не е непозната појава.