На 24.09.2011. на Алфа ТВ – Вести во рамки на коментарот „Неделна сабота(жа)“* беше емитуван инсерт од вест од РТС од 1999 г. Во веста се означуваше одреден човек како предавник кој се радува на несреќата на својата земја, што многумина го сфатија како алузија на тековните практики во Македонија.
Во инсертот се работи за Славко Ќурувија (српски Славко Ћурувија), новинар и издавач, кој се осудил во лице да им плесне на властодршците што мисли за нивната лузерска политика. Набрзо потоа е убиен под официјално неразјаснети околности.
Бидејќи голем дел од нашата јавност и не е баш запознаен со поновата српска историја (освен за продукцијата на турбофолк-озборувања), мислам дека Алфа требаше да обезбедат дополнителни информации и за последиците од практиката за прогласување за предавници на луѓето кои имаат храброст да изразат несогласување со ’јаките патриоти‘ во власта.
Затоа, доколку разбирате српски, ви препорачувам да го погледнете следниот документарен филм од 2006 година:
Напомена: филмот е доста потресен, оти ќе ве поттикне на размислување!
Повеќе информации за Ќурувија. Меѓу другото, сега се смета за херој и борец за слободата на изразување, а неговото име го носи и една улица во Белград.

2 comments:
http://vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=36&egId=6&eventId=41090 Еве и линк до Неделната Сабота(жа) Интересно како инсертот е ставен на крајот, и не се дава никаков коментар. Секаков заклучок може да се извлече.
* Благодарам Бруно, го додадов линкот во самиот текст за поголема прегледност за идните читатели.
Post a Comment