Блекаут

05 November 2014

Три цртани филмови актуелни во Македонија

Неколку цртани филмови може да ви помогнат на децата околу вас да им објасните некои работи од македонското секојдневие.

Демократија наспроти фашизам: Штрумпфски крал

Штрумпфовите се караат меѓу себе кој да биде главен во отсуство на Веле Штрумпф. Еден од нив ја презема власта и со ласкање и разни ветувања гради авторитарен режим. Така, наместо да се грижат за реални проблеми (браната) Штрумпфовите се присилени да му градат велелепна палата на водачот. Веднаш страда и слободата на изразување, шегаџијата Вицко е фрлен в затвор. Една мала група Штрумпфчиња дисиденти почнуваат движење на отпор. Дел се прогонети. Како и кај други диктатури, ситуацијата ескалира до ниво на (граѓанска) војна меѓу жителите на селото... 




Иако е поучен и интересен, цртаниов филм е нецелосна адаптација на одличниот стрип. Во стрипот исто така се обработува темата на предизборната кампања. А кралот не е Текнувало, туку еден друг, полукав Штрумпф популист, што ќе открие дека ако им кажуваш на другите она што сакаат да го чујат...

De Smurführer
 
Забелешка: На француски епизодата се вика „Штрумпфизам“ (Le Schtroumpfissime) а на холандски „Штрумпфовски фирер“ (De Smurführer). 


Даночна политика и придонеси: Робин Худ (од Дизни)

Кукавичкиот, суеверен и размазен лав Принц Џон ја има преземено власта во државата и ги малтретира другите жители со арачи, даноци, казни, глоби и други форми на угнетување. Даноците најтешко ги погодуваат сиромасите, кои не смеат да писнат заради силата на полициско-судскиот апарат составен од волци. Само храбрите дисиденти Робин Худ и Малиот Џон, и нивните јатаци, некои од класни побуди, некои од љубов, се спротиставуваат на страховладата.

Овој цртан филм содржи и опејување на маките на народот притиснат од даноци...



Важно се гради: Пајо Паторот како „голем градител“

Пајо во својот двор си гради макета на град и околина, при што ги уништува вистинските дрвја за да „посади“ вештачки. Тој сака комплетна контрола врз територијата на која се има намерачено и од неа ги брка дотогашните жители - верверичките. Пајо сака да спроведува и социолошки експерименти со цел да го реформира општеството според своите хирови каприци, па во еден момент им дозволува на верверичките да поживеат малку во неговиот свет. Но, не за долго. Решителниот отпор против недостоинствениот третман го тера на компромис.


(Out of Scale, 1951)

1 comment:

Dawson Mc Carthy said...

Здраво
    Јас сум финансиер, јас сум подготвен да позајмувам заеми со каматната стапка
Од 3% и со во износ од 5.000 до 500.000.000 $ како што може да биде понудата, јас
Нуди кредити на сите категории на луѓе, фирми, компании, сите видови на
Бизнис организации, приватни лица и инвеститори во недвижнини,
Давам заеми по многу ниски стапки.
    Јас сум сертифициран, регистриран и законски заемодавач. Можете да ме контактирате
Денес, ако сте заинтересирани да го добиете овој кредит, контактирајте ме за повеќе
Информации за процесот на заем, процес како условите за заем и
Услови и како заемот ќе ви биде префрлен на вас. Ми треба твое
Итно одговор ако сте заинтересирани. Вие ме контактирате со ова
Email: dawsonmccarthyloanfirm@gmail.com
Благодарам.