Блекаут

27 February 2006

Писма од читатели: Х.Е.Р.А. реагира на веста за нашиот фудбалер со нигериско потекло

Х.Е.Р.А - Асоцијација за здравствена едукација и истражување која се занимава со превенција од ХИВ/СИДА има испратено реакција на написот за починатиот фудбалер, која ми ја препрати по е-пошта лице (чиј идентитет е познат на редакцијата на блогот) поттикнато од написите против расизмот:
До сите медиуми во Република Македонија,

Дневниот весник Вест, во своето издание од 25/26 февруари 2006 година, со објавување на извадок од статија на насловната страница на весникот, комплетна статија на стр. 2, насловена како „Фудбалер умре од СИДА“, поднаслов „ХИВ+ спортист од Нигерија играл во Mакедонија, потпишана од новинарката A. Стојановска, на најбескурпулозен начин изврши повреда на основните човекови права на лицето Еје Абдулрашид Адамс, кој беше предмет на статијата. Во истата се повредени неговите по неколку основи и тоа:
  1. Направена е повреда со откривањето на дијагнозата на лицето без негова дозвола, иако не се работи за заболување од општа опасност по здравјето на населението во Република Македонија, кога заради опасност од појава на заразно заболување се открива идентитетот на лицето и се повлекува карантинска постапка;
  2. Направена е повреда при опишувањето на неговата здравствена психофизичка состојба со зборовите „се распаѓа, бил лекуван во карантин“, со што не само што се изнесуваат доверливи податоци од постапките на лекување на лицето-туку и се манипулира и се шпекулира во однос на текот на неговото лекување, бидејки ниту ХИВ инфекција ниту СИДА не се лекува во карантински услови ниту се воведуваат карантински услови-по ниедна постоечка светска препорака или протокол;
  3. Се откриваат чекори и постапки во планот за чување и пренесување на телото на починатиот во Нигерија, посебно во однос на информирање на семејството, иако не е познато дали истото семејство е запознаено со дијагнозата на лицето, со што повторно се допира во доверливоста;
  4. Направена е повреда при обелоденување на лекарска тајна, кое е предмет на граѓанска постапка и можна причина за одземање на лиценцата за работа, при давање на информации за лицето кое се лекувало, дури и по починување на истото. Сите информации за лицето и сите детали во историјата на болеста се лекарска тајна утврдена со кодексот на Хипократовата заклетва и медицинската етика, дури и по починувањето на лекуваниот;
  5. Направена е повреда при што се откриени детали на медициниско испитување-тестирање за ХИВ, кое во Република Македонија е доброволно и доверливо, т.е. не е мандаторно по ниеден закон.
Со овој текст, во континуирана потрага на дневниот весник Вест по скандалозни приказни, а во континуитет на изнесување на информации поврзани со ХИВ/сида на најскандалозен начин, нарушен и кодексот за новинарското известување, како и во слични поранешни случаи кои заради опасноста да се изманипулира во јавноста нашата реакција со политичка конотација и припадност, нема да ги елаборираме.Со комплетниот текст направена е повреда на човековите права на лицето по неколку основи и заради заштитата на човековите права и слободи во Република Македонија, треба да се покрене заедничка постапка од страна на група граѓани или НВОи кои тесно делуваат на оваа проблематика или на полето на човековите права.

Тимот за психосоцијална поддршка на лица со ХИВ/СИДА при Советувалиште за ХИВ/СИДА на Х.Е.Р.А.-Скопје
Добро напишале „до сите медиуми“ - и блоговите се медиуми.

8 comments:

Teko said...

Ептен се во право...
Уште нешто. Изјавата на Таковски (претседател на ФК Беласица) дека повеќе нема да ангажира црномурести фудбалери претставува класичен пример на РАСИЗАМ.

Toski said...

Zdravo Razvigorce !

Da pojasnimo malo za moje sunarodnike kako se AIDS ili SIDA prenosi za one koji su to gledali na filmu ili samo citali kroz dnevnu stampu !

SIDA moze da se prenese sa zarazenog lica na drugo lice samo putem polnog odnosa ili direktnim kontaktom krvi zarazenog sa krvlju druge osobe.

Za zarazenim od SIDE moze da se pozdravlja tj. rukuje, da se radi u istoj prostoriji i uopste vodi socijalni zivot.

Ne zameram novinarima koji pojma nemaju o SIDI jer nikad nisu imali priliku da saznaju o kakvoj se bolesti radi.

Po meni Sida je gubitak imuniteta u covecjem telu. HIV oboleli sasvim normalno izgledaju ko i svi ostali, pocinju da mrsave, jednog dana odu na bolovanje i posle dva - tri meseca cujes da su umrli od raznoraznih komplikacija.

Ne znam da li je smesno ili tuzno kad neko objavi da je taj i taj nekoliko dana pre smrti bio u stanju raspadanja. Cista glupost. I ne znam sto su coveka drzali dva-tri meseca na Infektivnoj Klinici. Sumnjam da je imao otvorene rane ili otvorene prelome pa da bude opasnost za okolinu !

Poznati lekovi za SIDU (nisam lekar) su izgleda toliko jaki da pojedini bolesnici dozivljavaju neku vrstu halucinacija nekoliko sati posle uzimanja lekova. Otuda i agresivnost koja moze da se pojavi kod obolelih pri tretmanu.

Zivim u Zimbabweu skoro 15 godina, gde je verovatno bar petina stanovnistva u najboljim radnim godinam zarazena SIDOM.

I na kraju ovog javljanja samo da dodam da verujem da je virus SIDE iz laboratorija, namerno pre 50-tak godina ubacen u Afriku !

kalina said...

"Ne zameram novinarima koji pojma nemaju o SIDI jer nikad nisu imali priliku da saznaju o kakvoj se bolesti radi."

Kako moze da ne i se zameruva? Pa koja e nivnata dolznost kako novinari sem da se osiguraat deka "faktite" koi gi iznesuvaat se tocni.
zaprepastuva toa sto nekoj seuste ima potreba da proveruva da bi znael sto e sida, sto e Hiv, kako se prenesuva, kako se manifestira.
Ova e samo dokaz za kolku sme nie ustvari neobrazovani i unazadeni - koga nasite novinari bladaat kolku da im pomine redot.
Epidemija be -- cekam samo da pocnat javno da gi vadat iminjata na nivnite devojki -- kreteni. Toa e za zatvor be, ne za otkaz.

Toski said...

Zdravo Kalina (kakvo lepo ime !)
Sto se tice moje recenice koju si navela - mozam samo da ti kazam deka 100% si vo pravo !

Млада партизанка said...

Мислам дека претерува и Х.Е.Р.А. а и РАзбигор со објавување на текстот и повикување на некакви човечки права па некакви големи јаки пароли... Добро, да, лекари и сите оние професионалци поврзани со лекувањето на некој оболен од оваа или онаа болест немаат право да го кажуваат името на пациентот без негова согласност.
Но, како може да му ги кршиме неговите човечки или граѓански права кога тој човек , веќе не постои, туку починат е. ? Да не претеруваме малку во повикувањето веднаш на женевски декларации и дрн дрн човечки права .. баш кога се работи за некој умрен ??
дај зборете за овие што се живи чии човечки права не само што се угрозени , туку и прекршени се и се влечкаат така низ нашиов мрачен подземен систем и што е најголемата трагедија дури и да се медијатизира некој од тие луѓе оставени на немилост , (како на прим. оние избрканите од Тетовско што не можат да се вратат во своите домови) ќе биде вест на која ке погледнеме онака жално и ај утре нова вест, паднал покрив у Јапонија , блабла..

Зборот ми е , дека сме на толку низок степен на граѓанска свест што не интересираат само сензационални вести и случки додека некои други од кои би требале да бараме ангажираност од политичарите да превземат нешто - нигде не нема.

Жарко Трајаноски said...

26 Февруари, 2006 - 18:42
AIDS Паника
http://seks.blog.com.mk/comment/reply/6688

jas said...

kolka apla i ovie od HERA nemaat vrska samo prakaat pisma za da si ja zgolemat popularnosta,a sto oni apla sto objauvaat koj vo Skopje se pederi toa ne e prekrsuvanje na pravata,nego nema vrska...toa ke im vlijae ne nivniot ugled,i uste ova stom imaat tim za psiho-socijalna podrska,sto ne mu na pruzile istata na fudbalerot
BRUKI!!!
a od kaj toj tekst na ovoj blog, ne komentiram

калина said...

Кој поинт еј -- мртов е бе, кои права развигоре јаден. И тоа што велат. :(
Африка на линч! на граница у бело да се фарба све! А нашите неписмени, необразовани доктори и стручњаци само ако некој дирне... па не сме ние при толку ниска граѓанска свест.
Млада партизанка, ми вреѓаш партизанска “интелигенција„ побогу.

п.с. Тош(с)ки, се согласувам околу името :)