Блекаут

19 September 2009

Затворена „отвореност“

Пред некој ден дознав дека колегите блогери Кими, Букарски и Карека (се извинувам што не знам португалски па може го утнав изговорот) на 18.09.2009. ќе гостувале во емисија наречена „Отворено со народот“ на Jавниот сервис МРТв.

Во нормални држави би било парадоксално што постовите во кој го најавуваат тоа кај првите двајца набрзо беа затворени за коментари, оти повеќето од коментарите што ги ѕирнав во едно магновение не содржеа ни навреди ни закани (иако некои не беа пофални).

Сопственик и водител на таа емисија е извесен Томиќ кој не го познавам лично, само имам чуено

Емисијата не ја гледав оти почна сувопарно и имав нешто друго да правам, па да прашам: дали има нејзина верзија на интернет?

(Можеби ако самите блогери ја објават снимката, оти Томиќ колку што гледам нема сајт, дури и фотката искористена во еден од постовите на неговите гости е од сајтот на неговата конкурентска телевизија А1).

Би било интересно да се дознае дали блогерите-гости, како наводни претставници на народот и потенцијален коректив на традиционалните медиуми, покренале некоја од погоре наведените контроверзни теми од висок јавен интерес, за која на народот е ускратен отчет. Особено што третиот блогер пред кусо време ја имал покренато темата „лицемерие и полтронство“.

Исто така, ме интересира дали покрај со претставници на самонаречената конзервативна опција, на Јавниот сервис ќе има и

  • емисија во која ќе настапат само блогери блиски до СДСМ,
  • други емисии за секоја од поголемите партии,
  • а особено емисија во која ќе настапат блогери кои не се блиски со ниедна партија и декларирана идеологија, а имаат што да кажат на општествени и политички теми. Еве како Фемгерила на пример, која е претставник на мнозинството од народот што не им верува на сите тековни истакнати политичари - ако судиме по излезноста на изборите.
Патем, да повторам дека ако не сакате да ви ги бришат коментарите, пишувајте си ги во пост на вашиот блог во кој ќе ставите линк до постот од туѓиот блог што го коментирате.

1 comment:

Anonymous said...

А, бе смешка си Соросово чиновниче, те Томиќ е резил, те македоноиди пуштал, те бил за никаде, повеќе од половина пост го вреѓаш а после лобираш за сдсмовката фемгерила да се појавела, врз основа не знам на што, (што тема има таа?) дека ти е лична пријателка можеби? Како и да е, ми се чини дека емисијата не е од дебатен карактер од тој тип како што ти замислуваш, тоа повеќе им лежи на А2, а Томиќ, (тој никаквиот де, за каков блогерај цмиздри да биде поканет и уважен 4 дена) најави дека ќе викне и блогери од другата страна. Што не значи дека како реципроцитет на тоа, потоа Кими и Карека ќе станат колумнисти во ВАЦ (иако, го заслужуваат тоа!)