Блекаут

27 September 2009

Поразот на Србија од хомофобни хулигани

Популарната блогерка Ирена Цветковиќ во новата колумна „Непрочитана книга“ ја објаснува понижувачката капитулација на државата Србија пред група насилници.

Толерантноста на различноста, социјалното вклучување и видливоста останаа да бидат за ова општество непрочитани книги и непознати четива. Правата и слободите на припадниците на маргинализираните групи како и принципите на еднаквост пропаднаа како тема од нашиот јавен дискурс. Сега засега во ова тажно општество единствено е важно кој прв го населил Балканот. Додека тоа не се реши, може слободно да поцркаме.

За разлика од македонските медиуми незаинтересирани да обработуваат вакви теми, по повод овој настан пост има објавено и Ненад Јовановиќ. А и текстот на Канализација за одредот „Баба“ е во контекст.

Пригодно видео: спот со парада.

Alanis Morissette Hand In My Pocket

Замислете како група „загрижени граѓани недостапни за полицијата“ поттикнати од „традиционалните вредности“ упаѓаат во спотов со цел да ги истепаат сите. Такво нешто е можно само во силеџиски држави.

1 comment:

Anonymous said...

песната и спотот се доволно посрани, нема потреба некој да интервенира дополнително.

премногу наивно и непромислено и’ приоѓаш на целата проблематика.