Филмот беше прикажан во сабота и ќе има уште една проекција и во четврток од 20 ч. во кино Милениум.
Филмот раскажува за медиумската кампања од по 15 минути на ден која режимот ја дозволил како предуслов референдумот да биде признаен од меѓународниот фактор. Кампањата била „врв на ледениот брег“ на повеќегодишните напори на здружената опозиција чија основна цел била да се надмине стравот и апатијата кај народот. Требало да излезат да гласаат доволен број луѓе за да се спречат очекуваните манипулации од власта која имала тотална контрола. Пристапот бил пример на инклузивност и земање предвид и на загриженоста на луѓето кои по своја волја или под присила биле соработници на режимот.
Во филмот се користени снимки од оригиналната кампања кои се одлично вклопени, оти целиот е сниман со ТВ-техника.
Повеќе инфо (што може да го прочитате откако ќе го гледате филмот заради драмски ефект):
- 4 Things the Movie 'NO' Left Out About Real-Life Chile (The Atlantic)
- Chile’s “NO” Campaign: What the Movie Doesn't Tell Us (NACLA)
- Oscar-Nominated ‘No’ Stirring Debate in Chile (New York Times)
- Why Gael Garcia Bernal said yes to the Chilean film No (The Globe and Mail)
No comments:
Post a Comment