Блекаут

08 December 2007

Партија и Персија

На ТВ Телма денес се прикажува дводелниот филм „Клеопатра“, во чиј превод се провлекува една крупна грешка. Секогаш кога ликовите ќе изговорат „Партија“, во преводот стои „Персија“.

Иако за нив сеуште нема напис на македонската википедија, на секој полуупатен во историјата на стариот век треба да му е јасно дека Партија (Parthia) е посебна цивилизација од античка (Ахаменидска) Персија.

Иако обете империи покривале слични територии (Persia) чие јадро бил денешен Иран, Парќаните (Партијаните?, Партијците?) ги победиле Селеуктидите (потомци на еден од наследниците на Александар Македонски, освојувачот на Персија) и функционирале како светска суперсила во времето на доцната Римска република и царството. Да се поистоветат е аналогно на поистоветување на Византија и Отоманското царство.

No comments: