Блекаут

24 December 2007

Тешко е да се биде бог

Две неповрзани дела со ист наслов, обете препорачливи. Ги поврзува и тоа што доаѓаат преку и од руски извори. Првото, кое ме потсети на второто, е видео клипче насловено „Трудно Быть Богом“ кое веројатно не е направено таму.

Второто е книгата „Тешко је бити бог“ од браќата Аркадиј и Борис Стругацки, едни од најпознатите автори на научна фантастика од Русија, а богами и од целиот бивш Советски Сојуз, која како што може да видите, во Македонија влезе во времето на СФРЈ преку српски превод.

Романот е дел од циклус во кој се раскажува за ситуација обратна од онаа во „Ѕвездени патеки“ - земјата праќа „прогресори“, луѓе кои се мешаат во внатрешните работи на други планети со цел да предизвикаат напредок. Се очекува да излезе и филм според книгата.

No comments: