Можеби авторот на овој лажен профил имал најдобри намери, но како што вели старата поговорка: „патот кон Пеколот е поплочен со добри намери“. Како што препорачаа од Дирекцијата за заштита на лични податоци:
Креирањето на лажни профили на порталите за социјална интеракција не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци и со основните принципи за заштита на личните податоци.Дополнително, ова ми е многу невкусно, споредливо на појавата декларирани обожаватели на Тоше да се најголеми душмани на авторските права кои ги покриваат неговите дела - оти ги споделуваат без дозвола.
Ако некој веќе сака да укаже почест на почината личност преку создавање содржини на интернет, најдобро би било да отвори обожавателски (фан) веб-сајт или група на социјална мрежа, а не постхумен профил. Од смртта на Тоше не е помината ни година дена, и не верувам дека било кој со здрав разум би го зел неговото име и презиме како прекар или уметничко име.
2 comments:
Од каде знаеш дека е лажен профил? Нели господ го зема Тоше на небото и он уште е жив и му пее на бога? А што, мислиш на небото нема интернет? Па дури и да Е лажен, не е ништо поинаков од патетичното лигавење (читај: Некрофилија) што го зафати (речиси) цел народ.
Мене лично ми е поголема мака од горенаведената патетика, отколку од креирање на лажни профили.
Драги мој пријателе Развигор, мислам дека кометарот ти ја дава реалната слика за пристапот кон оваа проблематика...позз Вичле...
Post a Comment