Инспирани од
примерот (анг.) на литванскиот град
Каунас, на 25 декември во Градскиот парк во Скопје
група македонски твитерџии направи
Новогодишна елка од пластични шишиња, со цел да ја „подигне свеста и личната одговорност кон средината во која живееме“.
|
Елката и тимот. Кликнете на сликата за поголема/нескратена верзија.
Фото : Димитар Атанасов. |
Организаторите на акцијата ги користеа нивните блогови (
Тамара Атанасовска,
Душица дебармаалка,
Дарјан Раденковиќ,
Јована Тозија) како почетна точка за брзата кампања преку социјални медиуми
#елкамк.
Дрвото остана да стои и
во текот на ноќта, а ако сиромасите кои собираат пластика за рециклирање од улиците и конејнерите за ѓубре не го пожнеат, авторите
планираат соодветно да го отстранат по Нова година.
Ѕирнете ја
големата фотогалерија од двата дена на акцијата.
No comments:
Post a Comment