Блекаут

02 December 2012

Нов вид „руски“ спамови на Твитер

This post is also available in | Овој пост е достапен и на
- македонски преку Блогерај:  Нов вид „руски“ спамови на Твитер
- English on Blogspot: New Kind of "Russian" Spam on Twitter


Наидов на нов вид „руски“ спам, барем според изборот на имиња на испраќачите. Се работи за копии на твит пратен до мене во некој претходен муабет. Претпоставувам дека ова е начин како да направат нивните твитови со меншн да изгледаат полегитимно.

Документирам пред да ги пријавам испраќачите за спам, што веројатно ќе доведе до гасење на тие профили.


Овие постариве дури си имаат и ретвити од нивни „другари“. 



Оригиналот на текстот е од RubinBt, од муабет направен 5 дена претходно.


Можеби испраќачот што ги контролира тие профили не знае баш доволно македонски, но идентификувал дека нешто може да се интерпретира како легитимен твит испратен од повеќе луѓе...

No comments: