Блекаут

23 February 2006

Хумор + музика + анимација = мелем за уши и стомак

Јован го препорачува видео клипот со песна која објаснува дека смислата на интернетот е во порнографијата (The internet is for porn).

Се работи за одличен пример на машинима - правење на филмови со помош на енџин од видео игри, во овој случај со енџинот на Волд од Воркрафт.

По ,умејтнички дојам‘ од областа на анимиран распеан хумор, песната може да се мери со мојот апсолутен фаворит, „Predsjednički bećarac“ (mov, 1.2 МБ) од емисијата „Лека ноќ, Хрватска“ (Laku noć, Hrvatska).

Сметам дека Стипе Месиќ е навистина еден од главните балкански фраери. Имав прилика да го видам како настапува во живо на Светскиот самит за информатичко општество и навистина плени со шармот, дури и во ризични ситуации.

На пример, конкретната награда што се доделуваше беше за креативно решение за учење англиски јазик, а Стипе зборуваше преку преведувачка иако знае англиски. Веројатно за да го промовира хрватскиот јазик... Малце несофистицирано, ама еве, уште има кој го памти тоа. А веројатно е добро и за ТВ-преносот дома кога го слушаат луѓето во оригинал. Доказ дека не му требаше преведувач беше и тоа што имаше шуш-буш со убавата водителка малце на страна додека зборуваа другите на сцената. :-)

No comments: