Написите за гејмерите како закана за општеството ме поттикнаа да ја покријам темата со написот
- Македонија: Традиционални медиуми ги демонизираат гејмерите на македонски и
- Macedonia: Traditional media demonize gamers, на англиски
Без разлика дали некој се смета за гејмер или не, мислам дека треба да биде загрижен од шемата за дискриминација, со која група по група од нашето општество се означува како ненормална, штетна, дури и опасна. И ова не се однесува само на разните видови компјутерџии, не е само технофобијата во прашање. Како што поучува Умберто Еко во есејот „Вечен фашизам“, зачетоците на вакви движења го поттикнуваат стравот од различното.
Тоа не само што дури и во оваа форма може да доведе до реални проблеми, како потешкотии при вработување („Што прави во слободно време? Дота? Кантер? Абе како да примам ваков у фирма, сите ќе нè испотепа ако му дое жута минута.“), туку ми се чини дека е дел од тактиката подели па владеј, со која општеството наместо да се обединува, се дели, сегментира на што помали изолирани групи кои кога тоа ќе им одговара на оние кои ја имаат реалната моќ е лесно да се прогласат за изроди и да се решат.
Размислувајќи за ова, се осудив да го парафразирам антифашистичкиот цитат од пасторот Ниемулер:
Прво дојдоа по хакерите,
но јас не бев хакер, па не проговорив против тоа.
Потоа дојдоа по пиратите, заборавајќи на Исусовото
„Кој од вас е без грев, нека прв фрли камен...“*
но јас не препродавав туѓ софтвер, па си ќутев.
Потоа дојдоа по гејмерите,
но јас не се сметав за гејмер, па не проговорив ни против тоа.
Кога почнаа да ги ловат блогерите,
немаше останато никој да зборува во моја одбрана.
Ако ова што го пишувам има смисла за вас, може да помогнете во дигање на свеста за дискриминацијата преку Кајмак.от и Диг (на англиски) или со ставање линкови и искажување на вашите мислења во постови на вашите блогови.
* Свето писмо (Библија), Нов завет, Св. евангелие според Јована, 8.7-11.
No comments:
Post a Comment