„Прво дојдоа по комунистите,Извор на цитатот и кусата биографија што следи е Еврејската виртуелна библиотека.
но јас не бев комунист, па не проговорив против тоа.
Потоа дојдоа по социјалистите и синдикалците,
но јас не бев ни едното ни другото, па не проговорив против тоа.
Потоа дојдоа по Евреите,
но јас не бев Евреин, па не проговорив против тоа.
И кога дојдоа по мене,
немаше останато никој да зборува во моја одбрана.“Мартин Ниемулер (Martin Niemoeller)
Мартин Ниемулер бил протестантски пастор (свештеник) роден на 14 јануари 1892 г. во Липштат, Вестфалија. Во текот на Првата светска војна служел како капетан на подморница. Во почетокот, тој како антикомунист ги поддржувал нацистите, се додека црквата не била ставена во подредена положба во однос на државната власт.
Во 1934 година, тој ја основал ’Пасторската лига за справување со кризи‘ (Pastor's Emergency League) за одбрана на црквата. Бунтовните проповеди и популарноста на Ниемулер го налутиле Хитлер, кој наредил негово апсење на 1 јули 1937. Наредната година тој бил осуден на седум месеци затвор и глоба.
По завршувањето на казната, Хитлер наредил повторно апсење. Ниемулер ги поминал наредните седум години по концентрациони логори, наводно заради негова заштита. Во 1945 година бил ослободен, а во 1947 г. бил избран за претседател на Протестантската црква на Хесе и Насау. Титулата ја држел до 1964 г. Во текот на шеесеттите бил и претседател на Светскиот совет на цркви.
Ниемулер бил пацифист кој се залагал за укинување на нуклеарното вооружување. Најпознат е по неговата моќна изјава за неуспехот на Германците да го дигнат својот глас против нацистите.
Умрел во Визбаден на 6 март 1984 година.
No comments:
Post a Comment