Блекаут

30 July 2008

Мил ми е Платон, но помила ми е вистината - за Каменот од Розета

На блогот Граммата е објавен научен текст од академик проф. д-р Петар Хр. Илиевски кој дава стручна анализа на новото читање на Каменот од Розета.

Читателот на текстов многу брзо се оспособува да направи разлика меѓу примената на научни методи и пристрасни анализи чија цел е исполнување на желби и потврдување на предубедувања. Исто така станува јасно зошто наспроти сензационалистичкиот прием во македонската ненаучна јавност, светската научна јавност сметала дека е губење време воопшто да се обрне внимание на ваквото „откритие“.

Излегува дека нашата колективна мисла, која беше понесена со еуфорија поради доказите од истражувањево, е некаде 600 години зад онаа од Западот. Уште тогаш Макијавели, најавува дека има два пристапи - да ги опишуваме работите како што би сакале да бидат, или онакви какви што се, без разлика што на вториот начин не добиваме ласкави резултати.

Во текстот се провлекува и еден неласкав детаљ за МАНУ. Иако горенаведената научна расправа била објавена уште пред две години, тоа било сторено само на хартија. Ограниченоста на тиражот и општо на тој медиум изгледа дека си го направила своето - ефектот кој се постигнал бил далеку од соодветниот. Верувам дека во електронска форма ова значајно дело за развојот не само на лингвистиката, туку и за критичкото размислување во нашата култура, ќе има далеку поголемо позитивно влијание.

Забелешки:

3 comments:

Anonymous said...

konecno nekoj go najde textot od ilievski, i sekoja pofalba za negovata aktuelizacija. covekot e inaku svetski priznat i poznat lingvist, koj ima ogromni zaslugi za makedonskiot jazik, a sepak, beshe pod pritisok i zakani na idioti koi sakaat da citaat "otkritija" spored toa kako im odgovara vo momentot, ne spored vistinite vo niv :)
sto e najtragicno, imaf problem da objasnam deka novite citanja na kamenot od rozeta se glupost duri i na prijateli, pametni lugje. gledanjeto na rabotite onaka kako sakame da bidat e cesto posilno od razumot :)

sead said...

Сакам да дадам скромна подршка за Филип и целиот обид за раскринкување на оваа координирана акција за заживување или наметнување на една митолошка матрица, чија крајна цел лично не ми е јасна, но во секој случај е едноставно обид да се инсталираат некои митови како дел од актуелната Преродба. Можеби намерите на оние кои ги буткаат ова не се деструктивни, веројатно не се, но тоа не значи дека нема да бидат и не се штетни,па одговорноста за буткање на некои „сомнителни полу-фикции“ како нова подлога за националниот идентитет, не се намалува. Во секој случај на сите ни е мила Македонија, но помила ни е вистината, па вакви акции врз псевдо-научна основа се смешни во денепно време. Факт е дека сите големи нации го правеле ова, барале митови и етнолошки материјали за митови (на пример Германците оделе до Тибер за да ги бараат своите ариевски корени), но да с еправи ова во 2008 година е малку смешно и многу задоцнето. Едноставно таков мите веќе не можете да продадете никому. Дури денес ни нашите сограѓани Албанци повеќе не се заморуваат и плата на непроверените теории за илирско-трачко потекло, едноставно не е релевантна таа дискусија денес. Друго е времето, други се целите, а за иднината треба поинакви проекти. Во книгата на Ранко Бугарски „Језик и култура“ има еден пример, кој ме асоцира на овој од каменот на Розета, во кој еден српски филолог/свештеник дешифрирал некои староегипетски записи (хиероглифи)и на еден од нив нашол хиероглиф кој нему му бил доказ дека Србите се наследници на културата на Стариот Египет: имено, тој хиероглиф, според него, бил хиероглиф на гусли (муз. инструмент)[sic!] што му бил научен доказ дека неговата теорија е точна. Како и да е, подршка за научното и рационалното во националниот идентитет на денешна современа Македонија, на која ништо не и фали без такви ретро-фикции и ретро-симулации.

Anonymous said...

Драго ми е што нашиот најголем жив лингвист академик Петар Хр. Илиевски „стигна“ на блогосферава после сите обиди за негово замолчување и несфатливото игнорирање од страна на медиумите или во најмала искривување и „кастрење“ на неговите изјави.
Морам да се пофалам со мојот мал придонес, имено јас сум иницијаторот на идејата и „кривецот“ што го стави текстот во .pdf на интернет. Од немукает!
Барем интернетот сеуште не може да се цензурира кај нас.

Еве и линк до оригиналната локација:

http://www.manu.edu.mk/Prilozi_MANU_OLLN_XXXI_1.pdf

Многу ми е драго што гледам вакви постови и бидејќи испаднав слаб промотор ширете понатаму (како што тоа го направи и авторот на овој блог и проф. од блогот ГРАММАТА) па да спасиме барем малку образ што ни остана.
Секоја чест!