Читам за презентацијата на проект во МАНУ со кој академик Башевски и проф. Тентов наводно го дешифрирале Каменот од Розета (Rosetta Stone, British Museum). Доколку истражувањето е валидно, ова е епохално откритие на светско ниво.
Во текстот објавен во Утрински не најдов аргумент со кој се опвргнува општоприфатената теза дека средниот текст е напишан на антички египетски јазик. Изнесеното ги дава техничките карактеристики на текстот, но ништо за содржината на „демотскиот“ (= народен) текст. Во извештаите во другите весници имаше уште помалку податоци. Оти не гледам на грав, решив да го побарам интегралниот текст на истражувањето, но веб-сајтот на МАНУ воопшто не работи.
Всушност, не беше наведено дали истражувачите воопшто го публикувале истражувањето некаде на англиски. За да го видат други научници, тоа треба да излезе во некое научно списание, по можност престижно. Само така има шанса да излезе од границите на МАНУ, односно на неколку новински написи, а да се референцира само во некоj од романтичарските памфлети на локалните историчарски аматери... Научна мисла се создава со документирање и објавување, а не со криење.
PS
Освен една вест од македонски сајт што понекогаш преведува текстови од весници, на Гугл њуз нема ништо за откритието...
Тема: историја.
11 comments:
Се согласувам со ова што го пишуваш, исто и со ставот на Археолошки дневник.
Сакав да додадам еден податок, кој нема врска со поентата на постот, но има со Каменот Роза... Имено, групата Stone Roses го избрала своето име инспирирана од важноста на овој камен за разбирањето на трите древни јазици кои стојат исклесани на него.
наместо да коментирам, ти вратив со реплика-пост во кој напишав меѓу другото:
,,Не завземам никаков став од проста причина. Прво не сакам да реагирам на се живо зошто пред да се скокне, треба да се каже ,,оп". Второ. Си постои методологија на истражување која за почеток вели дека треба да се види и да се прочита трудот на двајцата истражувачи. Потоа треба да се консултира целата позната литература која постои за Каменот од Розета. И на крај за да се даде мислење треба да се исчита сета научна публикувана литература на сите јазици и од сите научници, во однос на таа проблематика. Кој има време за толку ,,многу" наука- изволте. Но јас го немам!!!"
За името на каменот, мислам дека го добил од местото кај што е најден, кое Французите го викале Розета, а Арапите ал Рашид, а сам по себе нема врска со роза.
Арвена, синоќа дознав дека истражувањето било објавено во вид на печатена книга на македонски јазик.
Живо ме интересира дали ќе биде презентирано пред научна јавност (од светот) или ќе остане само за локална употреба.
па да ти кажам живо ме интересира и мене што ќе кажат на сето тоа останатите историчари. Во овој случај тие ја имаат главната реч.
Веќе е презентирано на научната јавност која се занимава со оваа проблематика.Скрипта со целосната документација им е испратена на сите поважни универзитети и академии во светот.Името демотски нема смисла да се употребува како што ти потенцираш.Се работи за писмо употребувано во време на владеењето на династијата на Птоломеите и се користело само за официјални државни и административни документи и писма.Далеку од тоа да е некаква народско писмо и таквото потенцирање е целосно погрешно.Всушност во Англискиот официјалниот превод од Каменот од Розета на Коине текстовите стои дека е (Native) писмо а во Птоломејскиот стои дека е (document writing)буквално.Ова откритие сега не се крие а на него е работано во тајност,и Никола Кљусев кажа дека е дел од стратегиската програма на Ману и се разбира дека
не може да се обзнани некакво откритие од почетната фаза.Сајтот на Ману е подолго време таков каков што е заради недостатокот на финансии.И Академиците ја делат судбината на државата.Во другите весници има многу поопширни информации отколку оние пренесени од Утрински весник.Што е повеќе Утрински има извршено цензура на текстот и мошне лесно може да се забележи дека никаде не стои она најважното,а тоа дека тестот од Каменот од Розета има словенски карактер.
Анонимен читателе, ако имаш контакт со надлежните во МАНУ, те молам пренеси им ја мојата спремност да помогнам при објавување на целиот научен труд на веб, на неколку веб-сајтови каде што имам влијание. Обратете ми се на razvigor мајмунче gmail.com.
Дополнително, препорачувам авторите да се обидат да ја објават студијата во научните списанија со отворен пристап.
За оваа тема имав пишано порано пост:
“Писмото на античките Македонци“
http://volanskopje.blog.com.mk/node/33063#comment
Инспириран од твојот пост и од написите на Арвена и Ф9, имав можност да разменам “мислења“ со дел од таканаречената стручна јавност која се занимава со изучување на старите и мртвите јазици.
Нивните размислувања ги пренесов во нов пост:
“Камент од Розета - Писмото на Античките Македонци“
http://volanskopje.blogspot.com/2006/07/blog-post_02.html
пренесен и на блогерај
http://blog.com.mk/node/33356
Contributions - Прилози
XXVI 2
MASA - Macedonian Academy of Sciences and Arts
Academician Tome Boševski
PhD Aristotel Tentov
Делото и наодите веке се издадени во печат под заштитени авторски права во сопственост на МАНУ.Делови од книгата можат да се позајмуваат но не може целото авторско дело да се публикува.Постојат обврски према издавачот и финансиерот на книгата.Цената на книгата е 300 денари и е минимална па секој кој е заинтересиран може да ја набави.
http://sloveni.atspace.com/praistorija.html
Историјата на Словените
Post a Comment