Во тековниот број на неделникот „Форум“ објавен е напис на Кристијан Стојчевски во кој меѓу изборите се вброени и три лица кои се занимаваат со таа област од разни страни, а истовремено се и блогери
Текстот под наслов „Е-трговија во е-Македонија: е-банка...!?“ сеуште не е поставен на веб-сајтот. Во него се разгледуваат разните причини за неразвиеноста на оваа стопанска гранка кај нас, а и се посочува на разни чекори кои треба да ги преземат релевантните фактори за да се подобри ситуацијата.
Во мојата изјава, како аргумент дека има простор (пазар!) за ова кај нас се повикувам и на истражувањето за употреба на ИКТ на Метаморфозис од 2004 година, кога 55 % од сите испитаници (вклучително и оние кои не користат интернет) се изјасниле дека би купувале преку интернет. Исто така изјавив и:
Од блогерски аспект, исто така е многу интересно и интервјуто со Ана Пејчинова во истиот број.Верувам дека, ако Владата воспостави инфраструктура со која ќе овозможи користење дебитни и кредитни картички за (плаќање на) нејзините услуги, тоа ќе придонесе не само за зголемување на довербата во е-трговијата, туку ќе даде импулс и за приватниот сектор. На граѓаните им е доста од чекање пред шалтери и сакаат замена за таксените марки и нивните нефискализирани препродавачи кои ги има пред речиси секоја владина институција.
1 comment:
Индиректно поврзано со темава: денес поминав над 2 часа барајќи интернет продавници од САД кои работат со Google Checkout и испорачуваат производи во Македонија. Не успеав да најдам.
Веројатно во пакет со решавањето на интерната Интернет трговија, би било убаво да се реши и екстерната, односно да се воочат и отстранат проблемите кои ги спечуваат светските е-продавници да им веруваат на македонските купувачи.
Post a Comment