Блекаут

17 August 2008

Националистички препукувања - изјава за Сител

Благодарност до Кими што го откри мултимедијалниот напис од Славица Арсова на Сител со веста за националистичките препукувања на интернет во кој и јас дадов изјава.

Првиот дел од веста, дека некои Македонци се фалат дека хакирале грчки државен сајт, не можам да го коментирам, оти не беа понудени докази дека тоа се случило.

Во врска со мојата изјава, ќе понудам неколку дополнувања и објаснувања:

Грците пак под разни псевдоними речиси комплетно го освоиле просторот на најновата интерент енциклопедија Кнол која деновиве ја лансираше Гугл. Под поимот Македонија се наоѓаат само текстови во кои стои дека Македонија е регион во Грција, Фиромјанците се Бугари, бугарската азбука ја надградил тито и го создал актуелниот јазик.

Ова не е нова појава но станува се поагресивна - вели Филип Стојановски програмски координатор во Метаморфозис и долгогодишен блогер. Вели дека на Македонците им недостасуваат научни податоци за да бидат поприсутни на интернет.

Уште од 1995 година стотици ентузијасти работат на оваа проблематика, од луѓето кои се бореа за канали на IRC, како #macedonia на Андернет и автори кои поставуваа информации за Македонија на лични сајтови, до авторите на поенциклопедиски сајтови како Virtual Macedonia, Macedonia FAQ или малку поновиот History of Macedonia. Во тоа време јас имав скромен придонес на темата со ставање преписи на документи и потсајтови како еден за поделбите на Македонија кој не е преживеан, но гледам дека некои слики направени специјално за него сеуште се вртат по интернет, дури и по некои блогови...

- Нашите соседи се многу поактивни во академската средина. Малку се Македонците кои пишуваат. Академските институции треба да бидат поттикнати да објавуваат научни факти на интернет па така младите наместо да пцујат ќе можат да се служат со аргументи - изјави Филип Стојановски.

Недостатокот на аргументи ги прави дискусиите по националните прашања вулгарни и ирелевантни. Стојановски сугерира отворен пристап - обврска за академските институции финансирани од државни пари да ги објавуваат своите сознанија и интернет изданија на и онака бесплатните учебници.

Вовед во отворен пристап има на сајтот на Метаморфозис, а на таа тема имам пишувано и за Википедија, па и на Википедија.

Од искуството како блогер вели дека Бугарите се најчести посетители и коментатори по македонските профили на кои се водат сочни националистички дискусии.

Ова е очигледна појава.

2 comments:

Anonymous said...

Филип,

едно нешто не ми е јасно... како тоа само ти си експерт баш на секоја ИТ тема? Како во секој текст поврзан со интернет или ИТ обавезно следи твоја изјава... ти се восхитувам на огромното знаење и познавање на секоја тема.

Развигор said...

Анонимусе,

Не сум само јас експерт на секоја ИТ тема, но кога новинари ме прашуваат, ако сметам дека го знам одговорот им одговорам при што се трудам да го пренесам моето (секогаш ограничено) знаење на начин што поприфатлив за пошироката публика.

Основа на таквите активности е моето уверување дека и луѓето кои немаат формално образование или практично работно искуство во некоја стручна област може да разберат некои основни работи и општествени последици - ако им се понуди доволно добро објаснение.