Блекаут

20 November 2008

Фридом хаус: Македонија последна во Европа за слобода на здружување

Неодамна објавениот извештај на Фридом хаус за состојбата со слободата на здружување укажува дека ова право се нарушува низ целиот свет во последните четири години, бидејќи „владите преземаат пресметани активности да ги ограничат невладините организации, групите за човекови права и независните синдикати“.

Целиот извештај е достапен под наслов „Слободата на здружување под закана“ (Freedom of Association Under Threat, ПДФ од 1,03 МБ).

Во извештајот се користи скала од 0 до 12 да се оцени состојбата во разни земји. 0 е најлошо и е карактеристично за тотално распаднати системи како Сомалија или диктатури како Саудиска Арабија, а 12 е најдобра оценка и се однесува на земји во кои државата обезбедува граѓаните несметано да си го користат правото на здружување, како на пр. во Шведска или Финска.

Македонија и Турција имаат најниска оценка во Европа - 7, што на глобално ниво е само малку полошо од Замбија и Сијера Леоне, кои имаат 8.

1 comment:

GoodBytes said...

Дали може да се дознае зошто сме добиле таква оцена? Кои групи се под рестрикција во Македонија и од кого?

Некако не ми оди приказнава дека сме полоши од Албанија и еднакви со Источен Тимор.