Во право е Ирена Цветковиќ во нејзиниот текст „Жртви на предрасудите“, кога ја раскажува позадината за последниот хуманитарно-здравствен скандал во Македонија:
Во контекст на разбирање на животот на луѓето кои имале искуства со дроги препорачувам да ги погледнете видео-клиповите од работилницата за дигитални приказни „Сите имаме минато“.Додека ние дебатираме дали државата треба да гради црква на плоштадот, меѓународниот Глобален фонд ги повлече парите за изградба на центри за лекување од зависност. Имавме отворено дилема дали да градиме болници со подарени пари или цркви со наши пари - и решивме. Решивме дека ќе ја браниме изградбата на црква со сите сили, а уште еднаш ќе ги заборавиме зависниците од дроги. Пресудивме конечно кои луѓе ни се важни, чии потреби ни се приоритет, чии животи се вредни за спасение. Останатите комотно може да ги снема, само затоа што некому тие не се допаѓаат. Сега слободно можам да кажам дека нашите власти, сите комплет, се убијци.
No comments:
Post a Comment