Написи со вести и објасненија може да се најдат на сајтовите на Метаморфозис, IT.com.mk, Ентер, Кајгана..., а релевантните линкови ги прибира и агрегаторот Пинг.мк.
Договорот АКТА, како и нему сличните закони во САД, СОПА и ПИПА, иако во моментов не се однесува директно на Македонија, сепак може да има големо влијание на корисниците на Интернет од земјава бидејќи сите ние користиме голем број сервиси и сајтови кои се наоѓаат во зони кои се под влијание на ваквите прописи, дури и ако се исклучи секогаш присутната можност нашата држава да се придружи, односно го прилагоди својот правен систем на нив.
Договорот е потпишан од низа значајни земји, но не ратификуван. На ниво на ЕУ, се чека да го ратификува Европскиот Парламент - кој може и да не го прифати и во таа насока се насочени напорите на активистите од континентот.
Сликичка од напис за АКТА на Радио МОФ |
Следните медиуми на македонски јазик до сега имаат изразено интерес на темата (забележително е што повеќето не се домашни)
- Радио Слободна Европа: Ако САД го цензурираат интернет, цел свет ќе почувствува (20.01.2012)
- Дојче Веле: Слободниот интернет во рацете на приватни компании (05.02.2012)
- 24 вести: Контраверзниот и таен договор АКТА ќе ја ограничи интернет слободата (05.02.2012)
Следните блогови имаат објавено постови на оваа тема:
- Ендек: Интернетот е единствената слободна земја што остана (04.02.2012)
- Анти-креативен трговски акт – сумарна анализа од Бојан Георгиевски и Андреј Дамески
- Сподели знаење: Другата страна на интелектуалната сопственост (26.04.2010)
- …пренесено и на Комуникации.нет: Другата страна на интелектуалната сопственост (26.04.2010)
- Ерборн: ACTA и јас (19.05.2010)
No comments:
Post a Comment