Пренесено од Глобал војсис на македонски. Авторка: Даница Радишиќ.
Овој пост е достапен и на:
English · Balkans: Online Platform Launched to Track Reports From Areas Hit by Record Snowfall
Напишано од Danica Radisic · Преведено од Филип Стојановски
Објавено на 7 февруари 2012 9:11 GMT

Од минатата недела, Балканот е погоден со големи снежни бури, какви што не се видени повеќе од една деценија. По необично долгиот период во кој немаше симптоми на типична балканска зима, минатата недела донесе скоро непрекинати врнежи на снег низ целиот регион, вклучително и брегот на Јадранско Море каде ретко паѓа снег.
Српската државна телевизија, РТС, како и други медиуми во петокот известија дека Владата објавила вонредна состојба, додека граѓаните известуваа дека има критични ситуации низ целата земја и дека општинските служби слабо си ја вршеле работата при решавање на проблемот со снежните врнежи во голем дел од урбаните области.
Според написот насловен „Снегот ја блокира Србија, вонредна состојба во 27 општини, препорака да не се оди на училиште“ (на српски), началникот на секторот за вонредни ситуации на српското МВР, Предраг Мариќ, наводно изјавил во петокот:
Неколку работни акции беа организирани од онлајн заедницата во Србија и регионот за справување со снегот и во обид да се воспостави функционална состојба барем во урбаните области, како #lopataup, организирана од еден од лидерите на онлајн заедницата, Зоран Торбица и другите локални корисници на Твитер од Белград.
Во меѓувреме, Ал Џезира Балкан, неодамна воспоставената регионална редакција на мрежата за вести Ал Џезира, заедно со тимот на Ушахиди воспоставија платформа за следење на верифицирани информации за сите поврзани состојби, од блокирања на патиштата, снемување електрична енергија, до други критични точки и информации од целиот регион. Ушахиди е платформа базирана на слободен софтвер која служи за прибирање информации, визуализација и интерактивно мапирање која веќе беше користена во Србија веднаш по земјотресот во Краљево (анг.) во ноември 2010 да се мапира и следи штетата во таа област.
Харис Алишиќ, раководителот на тимот за нови медиуми на Ал Џезира Балкан, ја објави платформата вечерта во неделата. Од тогаш многу членови на онлајн заедницата, меѓу кои и некои од авторите на Глобал војсис, се придружија на тимот на Ал Џезира-Ушахиди во улога на куратори кои ги следат и верифицираат извештаите од регионот.
Адаптираната платформа на Ушахиди е поставена на официјалниот веб-сајт на Ал Џезира, додека извештаите може да ги праќа било кој преку следните канали:
- преку СМС на +387644218661
- преку Твитер со користење на хаштаговите #kolaps #sneg #snijeg #lopataup #iskljucenje
- преку е-пошта на oluja2012@aljazeera.net („бура2012“)
- или преку внесување информации директно во формулар на табот „испратете извештај“ (pošaljite izvještaj) на страницата на Ал Џезира
Доколку сакате да волонтирате, односно да вложите дел од своето време за мапирање на критични области и ви е позната употребата на онлајн алатки, контактирајте ги авторката на написов, или Харис Алишиќ преку Твитер, или оставете коментар на Глобал војсис, и ќе ве контактираме со повеќе информации за тоа како би можеле да помогнете. Исто така ве покануваме да праќате извештаи од својата област преку Твитер со користење на некои од горенаведените хаштагови, кои автоматски се собираат од платформата и потоа ги прегледуваат луѓе од тимот на Ал Џезира и волонтери.
Луѓе чистат снег со лопати од улица во Сараево. Рекордните снежни врнежи го парализираше транспортот во босанската престолнина, каде што е прогласена вонредна состојба. Фото: Сулејман Омербашиќ, авторски права © Demotix (5/02/12).
Српската државна телевизија, РТС, како и други медиуми во петокот известија дека Владата објавила вонредна состојба, додека граѓаните известуваа дека има критични ситуации низ целата земја и дека општинските служби слабо си ја вршеле работата при решавање на проблемот со снежните врнежи во голем дел од урбаните области.
Според написот насловен „Снегот ја блокира Србија, вонредна состојба во 27 општини, препорака да не се оди на училиште“ (на српски), началникот на секторот за вонредни ситуации на српското МВР, Предраг Мариќ, наводно изјавил во петокот:
Во 27 општини во Србија е прогласена вонредна ситуација заради јаките снежни врнежи. Мариќ на агенцијата Бета и рекол дека најтешка ситуација е во Сјеница, Ивањица, Пријепоље, Црна Трава и Сурдулица, каде висината на снежната покривка достигнала околу 2 метри. Според него, снабдувањето со струја е „релативно добро“, дефектите брзо се отстрануваат и нема долготрајни исклучувања на електричната енергија…Мариќ исто така ја најави можноста за прогласување на општа вонредна состојба на државно ниво, што Владата го стори во неделата вечер, меѓу другото откажувајќи ја наставата во сите училишта во Србија најмалку до петок, 10 февруари.
Неколку работни акции беа организирани од онлајн заедницата во Србија и регионот за справување со снегот и во обид да се воспостави функционална состојба барем во урбаните области, како #lopataup, организирана од еден од лидерите на онлајн заедницата, Зоран Торбица и другите локални корисници на Твитер од Белград.
Во меѓувреме, Ал Џезира Балкан, неодамна воспоставената регионална редакција на мрежата за вести Ал Џезира, заедно со тимот на Ушахиди воспоставија платформа за следење на верифицирани информации за сите поврзани состојби, од блокирања на патиштата, снемување електрична енергија, до други критични точки и информации од целиот регион. Ушахиди е платформа базирана на слободен софтвер која служи за прибирање информации, визуализација и интерактивно мапирање која веќе беше користена во Србија веднаш по земјотресот во Краљево (анг.) во ноември 2010 да се мапира и следи штетата во таа област.
Харис Алишиќ, раководителот на тимот за нови медиуми на Ал Џезира Балкан, ја објави платформата вечерта во неделата. Од тогаш многу членови на онлајн заедницата, меѓу кои и некои од авторите на Глобал војсис, се придружија на тимот на Ал Џезира-Ушахиди во улога на куратори кои ги следат и верифицираат извештаите од регионот.
Адаптираната платформа на Ушахиди е поставена на официјалниот веб-сајт на Ал Џезира, додека извештаите може да ги праќа било кој преку следните канали:
- преку СМС на +387644218661
- преку Твитер со користење на хаштаговите #kolaps #sneg #snijeg #lopataup #iskljucenje
- преку е-пошта на oluja2012@aljazeera.net („бура2012“)
- или преку внесување информации директно во формулар на табот „испратете извештај“ (pošaljite izvještaj) на страницата на Ал Џезира
Доколку сакате да волонтирате, односно да вложите дел од своето време за мапирање на критични области и ви е позната употребата на онлајн алатки, контактирајте ги авторката на написов, или Харис Алишиќ преку Твитер, или оставете коментар на Глобал војсис, и ќе ве контактираме со повеќе информации за тоа како би можеле да помогнете. Исто така ве покануваме да праќате извештаи од својата област преку Твитер со користење на некои од горенаведените хаштагови, кои автоматски се собираат од платформата и потоа ги прегледуваат луѓе од тимот на Ал Џезира и волонтери.
Напишано од Danica Radisic · Преведено од Филип Стојановски
Објавено на 7 февруари 2012 9:11 GMT
No comments:
Post a Comment