Коловозите на главните булевари во центарот на Скопје се чисти, но тротоарите и помалите улички во општина центар се нерасчистени и смрзнати. Дел се прекриени со слоеви мраз, снег што се истопил па се смрзнал, комбинации од стврднат снег и фрлена „сол“ и слично. Весникот Фокус објави вест дека властите не сакале да објават вонредна состојба за да „докажат“ дека биле спремни за снегот.
.
Булевар Митрополит Теодосиј Гологанов, вечерта на 8 февруари. |
Една уличка во близина на Универзална сала. Оваа и сликите под неа се направени на 9 февруари. |
Разни видови слоеви и дупки во нив на ул. 9 мај |
Ул 29 ноември е најголема сообраќајница во областа, изгледа сосем исчистена. |
Снег претворен во мраз на ул. 20 октомври. |
Тротоар на ул. Рајко Жинзифов. |
Слоевите на ул. Никола Тримпаре. |
Тротоарот пред Т.Ц. Буњаковец. Тротоарот на другата страна од бул. Партизански одреди изгледа сосем исчистен. |
No comments:
Post a Comment