Изутринава по телефон ми се јави еден постар господин од Битола, пензионер кому му се свидела мојата изјава за ТВ Сител дека има потреба од поаргументирани расправи на интернет. Тој од патриотски причини имал подготвени пишани материјали--аргументирани отворени писма--на оваа тема, па ме замоли да му помогнам со тоа што јас би ги објавил на интернет.
Според правилото дека е подобро да научиш човек да лови риба отколку да му дадеш едно рипче, сметам дека е подобро тој да се оспособи самиот да го користи интернет за вакви намени, па преземав обврска да испитам на кој начин може да се изведе тоа во Битола.
Да живее во Скопје би ми било можно да посветам неколку часа да го упатам во основите за користење, но со оглед на ситуацијата, се бара:
- битолски блогер кој би бил спремен да пренесе дел од своето знаење
- НВО чии активисти би биле спремни да помогнат, меѓу другото и со отстапување на своја опрема за оваа мини-обука. Дали ЗБМ има членови во Битола?
- вработен во битолско интернет-кафе кој би сакал да помогне
1 comment:
Со пополнување на апликацијата за членство во ЗБМ, секој станува член.Мислам дека во Битола немаме активни членови во ЗБМ.
Post a Comment