Блекаут

28 February 2006

О со надреден знак според македонски правопис

По постот за пишување на букви со надредени знаци се разви дискусија за тоа дали кај буквата о надредениот знак е „капа“ (ô) или „цртичка“ (ō), па со анонимниот соговорник се договоривме да ѕирнам во правопис.

Според XIV издание на „Правопис на македонскиот литературен јазик“, подготвен од Б. Видоески, Т. Димитровски, К. Конески, Р. Угринова-Скаловска под редакција на Тодор Димитровски, издаден од Просветно дело, Скопје, 1999 година (стр. 152):
б) Лош обичај е во нашиот печат да се пишува некаков знак (најчесто положена црта или акцентски знак над о во именката од (на пр. Тоа се врши во ōд) за да се разликувала од предлогот од. Тоа е грешка, а еве зошто. Знакот со положена црта (ō) е знак за должина, а нашиот јазик нема должини кај вокалите (сите вокали се изговараат јасно и со еднаква должина). Ако сепак некои од било какви причини сакаат да го обележат таквото о во именката од (одот), можат да го стават над таквото о нашиот надреден знак: òд, òдот.
Тоа капчето јас сигурно го имам видено во српски или хрватски текстови, а и во некои текстови на македонски што јас ги немам напишано. Но еве, сега сè ни е разјаснето.

Според тоа, кодот за мало о со надреден знак (ò) е ò, а за големо (Ò) Ò.

3 comments:

Anonymous said...

тоа значи дека не се пишува код со ^ или ' над о, бидејќи на македонски не постои литературен збор код кој има поинакво значење од англискиот code. Освен на кумановски?

Колку што разбрав овој начин се користи само за диференцијација на значењето на зборот?

Anonymous said...

nema potreba od nadredeni znaci koga namesto Od ili Odi bi bilo Hod ili Hodi, sto u sustina e taka samo gubenjeto na bukvata h e problem , a deka ne e pravil(n)o se gleda od izvedenite zborovi kako Hodnik , Pohod , znaci moze i h da se rabi inaku bi bilo Odnik , Pood i t.n.

Anonymous said...

Филип, лоши совети даваш.
Во овој, а и претходниот post за нашите букви со надредени знаци.

Прво, о со било што над него, не постои во нашиот јазик (очигледно дека во правописот пишува „може“ да се стави надреден знак но не дека е правило).

Второ што приметив и во претходниот текст каде што препорачуваш користење на ` , ò и слично. Тоа не е кирилична буква туку латинично „е“ со цртичка кое иако изгледа слично (у ствари исто) на нашето, правописно воопшто нема врска со нашето „е“.

Нашите и и е со надреден знак се дефинирани во Unicode стандардот како:
мало е = 0x0450
големо Е = 0x0400
мало и = 0x045D
големо И = 0x040D

Мешање со латиничното е и слично само ќе доведе до истите проблеми кои ги имаме денес со YUSCII.

Конечно, главната забуна кај луѓето доаѓа пошто во Windows освен Tahoma ниеден друг фонт ги нема овие наши букви. Една опција која ги има сите наши букви се DejaVu слободните фонтови.