Борис Ристовски објави преглед на македонските проекти што користат краудмапирање (crowdmapping) и ги замоли локалните корисници на Интернет да одговорат на неговата анкета, која е дел од истражувањето за магистерски труд.
Блог на најразновидни теми, меѓу кои стрип, анимација, тековни настани, историја, палеонтологија и интернет, со препораки или кудења на нешта што може да се прочитаат, изгледаат или ислушаат. Другото сè е сеир.
Блекаут
11 January 2012
Македонија: Преглед на проекти за краудмапирање
Борис Ристовски објави преглед на македонските проекти што користат краудмапирање (crowdmapping) и ги замоли локалните корисници на Интернет да одговорат на неговата анкета, која е дел од истражувањето за магистерски труд.
09 January 2012
Триумфалната порта во Казахстан
На 16 декември 2011 година, на Дваесетгодишнината од независноста на Казахстан, претседателот Нарсултан Назарбајев ја отворил Триумфалната порта „Мангилик Ел“ во Астана. Наводно, Портата, подигната на иницијатива на претседателот и станала уште еден симбол на казахстанската независност.
Видеово е денес еден вид хит на Фејсбук, гледам многу луѓе од Македонија го споделуваат и коментираат.
За отворањето на слична градба во Македонија, неколку недели подоцна, има пишано Никола Гелевски на Окно.мк во текстот „Стаписани пред Триумфалната порта“*. Всушност официјално македонската верзија се вика „Порта Македонија“, иако според Сеад93 сепак кај народот е одомаќено името Триумфална капија.

Рефлексно крстење
Кога ќе се комбинира помодарство и суеверие (празно вршење на ритуални дејствија без духовна суштина – зар ако си верник треба поттик да ти биде географската местоположба, а не внатрешниот порив) се добива и земја во која „сите“ се „големи“ „верници“ натопена во криминал и лицимерие, во кои истите тие се соучесници. Па потоа –истите– демек се чудат зашто ни било неубаво.
Погорниов коментар го напишав откако го прочитав краткиот текст на Елена Јовановска од БезПардон.мк насловен „Автобусот не е ниту црква, ниту манастир“.
Погорниов коментар го напишав откако го прочитав краткиот текст на Елена Јовановска од БезПардон.мк насловен „Автобусот не е ниту црква, ниту манастир“.
Веќе подолго време сум сведок на една појава која ми боде очи и која воопшто не ми е јасна. Се почесто ми се случува кога ќе поминам покрај црква, било пешки или во автобус, да видам некој во моја близина што се прекрстува и гледа накај црквата.
Прво тоа го правеа двајца – тројца. Потоа станаа повеќе. Прво беа млади. Сега почнаа тоа да го прават и стари. Да не е заразно? Или нешто се сменило, па старите почнале да учат од младите?
03 January 2012
Македонија во 2012 г.: Предизвикот на климатските промени
This post is also available in | Овој пост е достапен и на
- македонски преку Блогерај: Македонија во 2012 г.: Предизвикот на климатските промени
- English: Macedonia in 2012: The Challenge of Climate Change
Во неволја сме. Т.е. Македонија е. Лошо ни се пишува ако не почнеме да анализираме, размислуваме и да ги прилагодиме нашите одлуки кон решавање на проблемите на кои укажува најновата студија на УНДП за проценка на економското влијание на климатските промени (Assessing the Economic Impact of Climate Change).
Според извештајот:
Нашите врвни политички лидери никогаш не зборуваат за проекции по наредните избори, а времето го користат на приватизација на природните и економски ресурси во полза на олигархиите по партиска и семејна линија. Нивните следбеници се маат со националистички фантазии за освојување соседни полиња или поделба на земјата по етничка основа преку војна или референдум - но никогаш не зборуваат за условите за живот во таквите политички ентитети. Веројатно се убедени дека со остварување на нивните политички цели, сè друго магично ќе се суреди. Гледање на големата слика, анализирање и планирање на децениско или генерациско ниво со цел подобрување на јавното добро, во Македонија е отсутно во XXI век исто како што било отсутно во XVIII.
Прочитајте го извештајот, ако не цел, барем главните заклучоци (Executive Summary).
Кои ви се приоритетите за нареднава година? Нареднава деценија?

- Енергијата ќе стане многу поскапа.
- Ќе имаме помалку вода. Инвестициите во хидроелектрични централи ќе бидат безвредни.
- Земјоделството исто така нема да вреди, оти ќе има сè помали приноси. Многу скоро очекуваните штети ќе ги надминат тековните приходи.
- Ние немаме аналитички капацитет = како општество и како држава, немаме поим за тоа што се случува. И не сакаме да знаеме.
![]() |
| Општината сече дрвја на кејот во Велес. Велешани велат дека водостојот на Вардар никогаш не бил толку низок во декември (2011). |
Нашите врвни политички лидери никогаш не зборуваат за проекции по наредните избори, а времето го користат на приватизација на природните и економски ресурси во полза на олигархиите по партиска и семејна линија. Нивните следбеници се маат со националистички фантазии за освојување соседни полиња или поделба на земјата по етничка основа преку војна или референдум - но никогаш не зборуваат за условите за живот во таквите политички ентитети. Веројатно се убедени дека со остварување на нивните политички цели, сè друго магично ќе се суреди. Гледање на големата слика, анализирање и планирање на децениско или генерациско ниво со цел подобрување на јавното добро, во Македонија е отсутно во XXI век исто како што било отсутно во XVIII.
Прочитајте го извештајот, ако не цел, барем главните заклучоци (Executive Summary).
Кои ви се приоритетите за нареднава година? Нареднава деценија?
30 December 2011
Цензура: Весник само со позитивни вести
Како честитка за Нова година, Никола Бојков од блогот Интернет маркетинг.мк споделил еден…
Не случајно „позитивната вест“ од насмеаната насловна на 24 сата е промоција на приватниот живот на корумпираниот политичар/бизнисмен Керум (градоначалник и сопственик на супермаркети - секоја сличност е ненамерна). Ко што кажа еден пријател „Кога гледам МРТВ се прашувам дали живеам во Македонија или Калифорнија“. Како што некои верни гледачи на СИТЕЛ мислат дека во Кратово нема социјални случаи.
Општествената улога на медиумите е да помагаат во откривањето на вистината, не во козметичкото создавање виртуелни реалности. Ако еден весник сака уредувачката политика да му биде забавни содржини за деца, треба да се прекрсти во „Другарче“, „Росица“ или „Микијев забавник“. Зборуваме за сериозни медиуми или за претпријатија кои ги водат морони?! Или само опортунистички подлизурковци кои сметаат и дека читателите се морони и овци.
Интересно како некои медиуми постојано наоѓаат изговори да не си ја вршат општествената функција. Те не било убаво да се пишува за малверзациите и заташканиот обид за тероризам од навивачите во авионот во текот на Европското кошаркашко првенство, да не се расипувала општонародната веселба. Потоа, никому ништо. Повторно во интерес на доброто расположение, сеа за празнициве не било убаво да се кажуваат „лоши работи“ за тие што ги прават да не ги пецне совеста (кога веќе законот ништо не им може – ама шшш, и за тоа не треба да се пишува). Што е важно што народот едвај врзува крај со крај, важно на гладните да им се сервираат „добри вести“ за најбогатиот слој население.
Одбивам да ми го перат мозокот, макар и ненамерно како блогеров. А вие?
„…позитивен концепт со кој хрватскиот дневен весник 24sata веќе втора година им се обраќа на читатeлитево очипред Нова Година.
Така, 24sata во денешното издание ќе содржи само весели вести без трагедии, корумпирани политичари, злосторства, црни хроники итн, со цел позитивно да влијаат на своите читатели, допринесувајќи кон повесела новогодишна атмосфера.“Такви медиуми, базирани на „позитивност“, веќе постојат. Се викаат провладини медиуми и во нив не се споменуваат одговорните за трагедии, корумпирани политичари, виновниците за злосторства и нивните наредбодавци, соучесници итн, „со цел позитивно да влијаат на своите читатели“ во директна полза на претходно споменатите.
Не случајно „позитивната вест“ од насмеаната насловна на 24 сата е промоција на приватниот живот на корумпираниот политичар/бизнисмен Керум (градоначалник и сопственик на супермаркети - секоја сличност е ненамерна). Ко што кажа еден пријател „Кога гледам МРТВ се прашувам дали живеам во Македонија или Калифорнија“. Како што некои верни гледачи на СИТЕЛ мислат дека во Кратово нема социјални случаи.
Општествената улога на медиумите е да помагаат во откривањето на вистината, не во козметичкото создавање виртуелни реалности. Ако еден весник сака уредувачката политика да му биде забавни содржини за деца, треба да се прекрсти во „Другарче“, „Росица“ или „Микијев забавник“. Зборуваме за сериозни медиуми или за претпријатија кои ги водат морони?! Или само опортунистички подлизурковци кои сметаат и дека читателите се морони и овци.
![]() |
| Photo: Ben Hopper via I see three |
Интересно како некои медиуми постојано наоѓаат изговори да не си ја вршат општествената функција. Те не било убаво да се пишува за малверзациите и заташканиот обид за тероризам од навивачите во авионот во текот на Европското кошаркашко првенство, да не се расипувала општонародната веселба. Потоа, никому ништо. Повторно во интерес на доброто расположение, сеа за празнициве не било убаво да се кажуваат „лоши работи“ за тие што ги прават да не ги пецне совеста (кога веќе законот ништо не им може – ама шшш, и за тоа не треба да се пишува). Што е важно што народот едвај врзува крај со крај, важно на гладните да им се сервираат „добри вести“ за најбогатиот слој население.
Одбивам да ми го перат мозокот, макар и ненамерно како блогеров. А вие?
26 December 2011
Македонија: Новогодишна елка од пластични шишиња
Инспирани од примерот (анг.) на литванскиот град Каунас, на 25 декември во Градскиот парк во Скопје група македонски твитерџии направи Новогодишна елка од пластични шишиња, со цел да ја „подигне свеста и личната одговорност кон средината во која живееме“.
Организаторите на акцијата ги користеа нивните блогови (Тамара Атанасовска, Душица дебармаалка, Дарјан Раденковиќ, Јована Тозија) како почетна точка за брзата кампања преку социјални медиуми #елкамк.
Дрвото остана да стои и во текот на ноќта, а ако сиромасите кои собираат пластика за рециклирање од улиците и конејнерите за ѓубре не го пожнеат, авторите планираат соодветно да го отстранат по Нова година.
Ѕирнете ја големата фотогалерија од двата дена на акцијата.
| Елката и тимот. Кликнете на сликата за поголема/нескратена верзија. Фото : Димитар Атанасов. |
Дрвото остана да стои и во текот на ноќта, а ако сиромасите кои собираат пластика за рециклирање од улиците и конејнерите за ѓубре не го пожнеат, авторите планираат соодветно да го отстранат по Нова година.
Ѕирнете ја големата фотогалерија од двата дена на акцијата.
22 December 2011
Каде се Бо Мекејлеб, Мухамед Али Јашари и Мартин Нешковски во изборите на личности на годината?
Македонските медиуми ја отпочнаа сезоната на доделување титули за личност на годината. И лево и десно се пропуштаат луѓето кои на овој или оној начин суштински ја одбележаа 2011 година. Е оти така?
Лестер Бо Мекејлеб. Како може да се пропушти најдобриот играч на кошаркарската репрезентација кој беше избран и за еден од петте најдобри на целото европско првенство? Можеби затоа што не е припадник на „Гоцевата раса“?!
Мухамед Али Јашари и Мартин Нешковски. Другите двајца, млади момчиња, секој на свој начин беа невини жртви на нашето општество, чија смрт укажа на најлошото и најдоброто меѓу нас, а многумина поттикна да се замислат и можеби да си го променат животот на подобро. Нивните случаи беа претворени во табу теми и изигнорирани од послушниците за моќниците да ја избегнат одговорноста, особено командната.
На Фејсбук исто така ја искоментирав веста дека претседателот Иванов доделил одликувања за храброст.
При тоа, не ги оспорувам заслугите на одликуваните луѓе, но мислам дека ќе беше доблесно постхумно да се признае храброста на Мухамед Али Јашари, ученикот кој беше убиен додека го бранел другар му од насилници пролетоска во ГУЦ во Скопје.
Исто така, мислам дека сведоците на убиството на Мартин Нешковски кои не дозволија случајот да се заташка и го покренаа револуционерното движење против полициска бруталност преку социјалните мрежи исто така заслужуваат признание.
За ова претходно пишав на Пинг.мк.

10 December 2011
Сирија: Ослободете ја Разан Газави
Овој пост е превод на текстот од Амира ал Хусаини објавен на Глобал војсис на англиски јазик под лиценцат Криејтив комонс-наведи-извор, како дел од специјалното покривање на протестите во Сирија во 2011 г. Преводов наскоро ќе се појави и на Глобал војсис на македонски.
Сириските власти ја имаат уапсено блогерката Разан Газави на сириско-јорданската граница на 4 декември 2011. Газави патувала во Аман да учествува на работилница за слободата на печатот во арапскиот свет кога била уапсена. Апсењето предизвика критики и бес од блогери и активисти од целиот свет, кои побараа нејзино итно ослободување.
Газави е сириска блогерка и твитерџика родена во САД, која има пишувано и за Глобал војсис онлајн и за Глобал војсис адвокаси. Таа е меѓу ретките блогери од Сирија што пишува под нејзиното вистинско име, залагајќи се за правата на блогерите и активистите уапсени од сирискиот режим, како и за правата на припадниците на сексуалните и други малцинства.
Постер „Ослободете ја Разан“ објавен од нејзините поддржувачи веднаш по проширувањето на веста за нејзиното апсење
Нејзиниот последен пост, од 1 декември 2011 година, го прославува ослободувањето на сирискиот блогер Хусеин Грер, кој 37 дена бил држен во задочеништво од сириските власти. Таа изблогирала:
Разан Сафур од Сирија твитна:
Во меѓувреме, доверливи пријатели се грижат за сметките на Разан на Твитер и Џимејл, како и за нејзиниот блог. Нејзиниот профил на Фејсбук е исто така деактивиран од пријатели.
Неодамнешнит твит од нејзиниот профил на Твитер вели:
Сириските власти ја имаат уапсено блогерката Разан Газави на сириско-јорданската граница на 4 декември 2011. Газави патувала во Аман да учествува на работилница за слободата на печатот во арапскиот свет кога била уапсена. Апсењето предизвика критики и бес од блогери и активисти од целиот свет, кои побараа нејзино итно ослободување.
Газави е сириска блогерка и твитерџика родена во САД, која има пишувано и за Глобал војсис онлајн и за Глобал војсис адвокаси. Таа е меѓу ретките блогери од Сирија што пишува под нејзиното вистинско име, залагајќи се за правата на блогерите и активистите уапсени од сирискиот режим, како и за правата на припадниците на сексуалните и други малцинства.
Нејзиниот последен пост, од 1 декември 2011 година, го прославува ослободувањето на сирискиот блогер Хусеин Грер, кој 37 дена бил држен во задочеништво од сириските власти. Таа изблогирала:
Ноќва Хусеин си оди дома, каде што ќе ја гушне силно жена си, а сè ќе биде готово наскоро.Активните корисници на Интернет кои подигнаа узбуна по нејзиното апсење на платформите за социјални медиуми, го забележаа овој ироничен момент.
Разан Сафур од Сирија твитна:
@RazanSpeaks: Разан Газави ја подигаше јавната свест за притворениците, пишуваше за нив и ги поддржуваше. А сега стана една од нив. #FreeRazan #Syria [хаштагови: Ослободете ја Разан и Сирија]и додаде:
@RazanSpeaks: Со мислите и срцето сме со тебе @RedRazan. Ти си една од најхрабрите луѓе што сум ги запознал на Твитер. #FreeRazan #SyriaДруг сириски блогер, Саса, забележа:
@syrianews: Скоро секој твит на мојот тајмлајн сега го содржи хаштагот #FreeRazan. Дали нè слушате, сириска полицијо? #FREERAZANКолегата од Глобал војсис, Сириецот Анаш Ктиеш се потсети:
@anasqtiesh: Разан ме претстави на прекрасниот тим од @globalvoices и заради неа се придружив како преведувач и автор. #FreeRazanСириецот Шакиб ал Џабри гневно се обрати на Арапската Лига:
@LeShaque: Еј Арапска Лиго. Како ви оди со погрешната стратегија? Сè уште верувате дека Башар ќе се реформира? #Syria #FreeRazanЗа тоа време, Чанад Бахраини изрази жалење:
@chanadbh: .@RedRazan, @alaa и @abdulemam сите беа на првата Средба на арапски блогери во Либан во 2008. Денес се во затвор или во илегала #FreeRazanИскусниот египетски блогер Алаа Абдел Фатах е во притвор во Египет под лажно обвинение, а блогерот од Бахреин Али Абдулемам се крие во Бахреин, каде што властите го бараат под обвиненија за неговиот блогерски активизам. Обајцате се меѓу првите блогери во нивните земји.
Во меѓувреме, доверливи пријатели се грижат за сметките на Разан на Твитер и Џимејл, како и за нејзиниот блог. Нејзиниот профил на Фејсбук е исто така деактивиран од пријатели.
Неодамнешнит твит од нејзиниот профил на Твитер вели:
@RedRazan: Разан веќе не го раководи својот профил на Твитер, туку ние, нејзините пријатели и поддржувачи! #FreeRazanЗа повеќе реакции за апсењето на Газави, ве молиме проверете го хаштагот #FreeRazan на Твитер. Објавена е и страница на Фејсбук (на арапски) со повик за нејзино пуштање.
Лејбели (тагови):
Сирија
01 December 2011
Македонската блогосфера во германски медиум: Цајт Онлајн
This post is also available in | Овој пост е достапен и на
- македонски преку Блогерај: Македонската блогосфера во германски медиум: Цајт Онлајн
- English: Macedonian blogosphere in German media: Zeit Online
Влијателниот германски магазин Цајт (Zeit) објави напис за македонската блогосфера и општата ситуација со медиумите. Јас бев цитиран како извор за развојот на блогосферата.
Така, германскиот напис предизвика повеќе муабет од она што може да се претпостави само преку читање на коментарите под него.

- Hasstiraden verschmutzen die mazedonische Blogosphäre, односно, колку што можам да преведам: Говорот на омраза ја загадува македонската блогосфера.
Така, германскиот напис предизвика повеќе муабет од она што може да се претпостави само преку читање на коментарите под него.
30 October 2011
„Вест“ со платно е-издание: предизвици за е-маркетинг
Нафрлање на неколку првични перцепции… Од вчера, весникот „Вест“ ја ускрати можноста сите негови написи да се читаат во електронското издание бесплатно, а наспроти тоа воведе плаќање за пристап до е-издание кое изгледа исто како печатеното, достапно преку друг сајт наречен е-Прес.
Преку истиот систем достапни се и такви изданија и на другите два дневни весници на МПМ, „Дневник“ и „Утрински весник“, но за разлика од „Вест“ кај нив нема најава дека ќе има ускратување на содржините кои досега се објавуваа во ХТМЛ-формат на нивните сајтови. Можеби се работи и за еден вид експеримент да се види дали тактиката која е применета сега на порталот на „Вест“ е поефективна – за некои написи има тизер и повик да се прочита целата содржина во платното издание.
До сега не ги имам пробано опциите за претплата, па не знам дали под флипинг бук МПМ подразбираат и посебни апликации/формати за преносни уреди. На тоа гледам со резерва и бидејќи во моментов не ми се достапни податоци за користење на такви уреди во Македонија.
Сепак, и да има специјално прилагодување за мобилни уреди, ми се чини дека и со тоа целната група останува прилично ограничена. Ваквиот пристап може да биде интересен за членовите на дијаспората што се корисници на таблет-компјутери (ајпади, на пр.) и веќе биле навикнати на печатеното издание, па сега им недостасува.
Прашање е и колку дијаспората ја интересираат вакви содржини од Македонија. Од тој аспект, веројатно не е случајно што еден од ударните недостапни написи во денешното издание е оној за забраната за влез на пејачката Гавазова во Австралија.
(Дополнителен предизвик во натерувањето да почнат да плаќаат е фактот дека ако дијаспората ја интересирале содржини од Македонија, тие низ годиниве се навикнати да имаат бесплатен пристап до нив во „обичен“ веб-формат.)
Форматот на „Вест“ кој е со слична големина како ајпад може и да нуди смисла да се чита на тој начин, но за успешно и кеифско читање на „Дневник“ и „Утрински“, кои се со далеку поголеми димензии, веројатно би требало да не се потпираат само на експорт во ПДФ, туку да се прави посебно издание за овој формат (и за на екран од лаптоп или десктоп ПЦ).
’Екстра‘ содржината што се добива со ваквите електронски изданија наспроти досегашното е увид во огласите од печатеното издание. Тоа им значи на огласувачите и издавачите, но не сум сигурен дека е пресуден фактор за купување претплата кај обичниот читател. Историски гледано, единствено „Утрински“ има правено обиди да пренесе дел од огласите од печатеното во изданието на веб и тие функционираа океј… информативно, но не и нападно – можеби затоа што пренесените огласи беа некролози.
Во промотивните пораки на „Вест“ се насетува потпирање на лојалноста на читателите. Читателите се перципираат како потрошувачи кои не можат без својата дневна доза на весникот, па ако не ја добијат е-изданието им се нуди како надокнада за снемувањето на печатеното.
Од друга страна, читателот на весник на хартија не го купува само поради огласите, туку најпрво затоа што му одговара хартијата како медиум, го купува доживувањето на прелистување на различни места и положби… итн. Но, можеби од „Вест“ или МПМ процениле дека ќе имаат многу читатели и со ваква цена. Ако таа проценка е точна, тогаш и нивниот профит ќе биде поголем.
На сајтот на „Вест“ линкот од менито насловен „Претплата“ води кон празна страница, на „Дневник“ нема никаква информација за претплатување, а само на сајтот на „Утрински“ има понуда за претплата во следнава форма:
Дали повлекувањето на овој потег сега е поврзано со најавите за скора продажба на МПМ, како елемент на проширување на портфолиото што би требало да ја зголеми вредноста на целата куќа при финалната проценка е нешто во кое немам увид. Како потег од страна на „Вест“, редакција која за многу работи имала храброст прва да воведе разни иновации е интересно од многу аспекти.
Со оглед на тоа што голем дел од содржините од странство на сите весници на МПМ се слични (агенциски вести од големи агенции веројатно набавени „на више“ преку повисоки нивоа на тековниот сопственик, германскиот ВАЦ), важно е кои ќе бидат фактори на диференцијација.
Оти, голем дел од потенцијалните муштерии постапуваат според правилото „зошто да плаќам за пристап до нешто што го има бесплатно на други сајтови?“. Така, платеното (платното, платежното?) е-издание се соочува со незамислива конкуренција за луѓе кои се навикнати да размислуваат само во рамки на македонскиот пазар за печатени весници, оти оние содржини кои тие ги поставуваат зад „платежен ѕид“ (paywall) се оддалечени само клик подалеку на други сајтови.
Предност на „Вест“ е што во минатото имал храброст да се спротивстави на диктати да не се објавуваат некои информации од јавен интерес прогласени за табу-теми (како за инцидентот со навивачите кои ќе го урнеле авионот за Литванија и последователните обиди да бидат замолчени). За тој весник пишуваат некои од најпопуларните и меѓу мислечкиот дел од народот најцитирани колумнисти во земјава („Сакам да кажам“ и „Ефтини приказни“).
Таквата репутација за ексклузивност може да ја надградат на пр. со објавување сеопфатни истражувачки стории само во платеното е-издание. Така платеното е-издание би имало дополнителна вредност и во однос на печатеното и на бесплатното веб-издание, а не како што е сега само во однос на второто. „Вест“ се исто така популарни кај младите поради добриот микс на покривање на естрада, а јас ги ценам поради покривање на културата. На пр. имаат најдобри филмски рецензии – кои за жал не се многу чести, а и најдобри и најинтересни препораки за филмови во рамките на ТВ-водичот во петок.
Со регистрација и избирање на некој моделите на претплата, можете да го читате “Вест” во автентична форма, односно со идентичен изглед како и печатениот весник.Основната претпоставка е значи дека луѓето толку многу го сакаат изгледот на печатениот весник, што би платиле екстра за да го имаат на увид.
Преку истиот систем достапни се и такви изданија и на другите два дневни весници на МПМ, „Дневник“ и „Утрински весник“, но за разлика од „Вест“ кај нив нема најава дека ќе има ускратување на содржините кои досега се објавуваа во ХТМЛ-формат на нивните сајтови. Можеби се работи и за еден вид експеримент да се види дали тактиката која е применета сега на порталот на „Вест“ е поефективна – за некои написи има тизер и повик да се прочита целата содржина во платното издание.
Изданието во форма на флипинг бук е оптимизирано за прегледување на компјутер или преносен уред.Флипинг бук (анг. „книга која се прелистува“), односно флеш-интерфејс за прикажување ПДФ-фајлови, се нема покажано кујзнае како на веб. Го сакаат дизајнерите навикнати да работат за принт, но не го користат најголем дел од познатите весници кои имаат рентабилни производи што ги продаваат на нет. На пример, „Вајерд“, еден од водечките светски магазини – има печатено издание, има „обичен“ веб на кој се достапни сите написи и има издание/апликација за ајпад кое се наплаќа. Иако во печатеното издание де факто тие беа пионери во примена на иновативен визуелен дизајн, немаат воведено флип-бук издание – кое бара многу поголеми ресурси за прикажување од обичен, класичен ХТМЛ. Слично и со „Њујорк тајмс“ – немам видено флипбук таму, туку се наплатува за пристап до одредени содржини во ХТМЛ-формат и/или апликации за таблети (не апчиња) и „умни“ мобилни телефони.
Со оваа премиум услуга можете да пристапите до вашиот омилен весник веднаш штом ќе излезе од печат, каде и да сте во светот!
До сега не ги имам пробано опциите за претплата, па не знам дали под флипинг бук МПМ подразбираат и посебни апликации/формати за преносни уреди. На тоа гледам со резерва и бидејќи во моментов не ми се достапни податоци за користење на такви уреди во Македонија.
Сепак, и да има специјално прилагодување за мобилни уреди, ми се чини дека и со тоа целната група останува прилично ограничена. Ваквиот пристап може да биде интересен за членовите на дијаспората што се корисници на таблет-компјутери (ајпади, на пр.) и веќе биле навикнати на печатеното издание, па сега им недостасува.
Прашање е и колку дијаспората ја интересираат вакви содржини од Македонија. Од тој аспект, веројатно не е случајно што еден од ударните недостапни написи во денешното издание е оној за забраната за влез на пејачката Гавазова во Австралија.
(Дополнителен предизвик во натерувањето да почнат да плаќаат е фактот дека ако дијаспората ја интересирале содржини од Македонија, тие низ годиниве се навикнати да имаат бесплатен пристап до нив во „обичен“ веб-формат.)
Форматот на „Вест“ кој е со слична големина како ајпад може и да нуди смисла да се чита на тој начин, но за успешно и кеифско читање на „Дневник“ и „Утрински“, кои се со далеку поголеми димензии, веројатно би требало да не се потпираат само на експорт во ПДФ, туку да се прави посебно издание за овој формат (и за на екран од лаптоп или десктоп ПЦ).
’Екстра‘ содржината што се добива со ваквите електронски изданија наспроти досегашното е увид во огласите од печатеното издание. Тоа им значи на огласувачите и издавачите, но не сум сигурен дека е пресуден фактор за купување претплата кај обичниот читател. Историски гледано, единствено „Утрински“ има правено обиди да пренесе дел од огласите од печатеното во изданието на веб и тие функционираа океј… информативно, но не и нападно – можеби затоа што пренесените огласи беа некролози.
Во промотивните пораки на „Вест“ се насетува потпирање на лојалноста на читателите. Читателите се перципираат како потрошувачи кои не можат без својата дневна доза на весникот, па ако не ја добијат е-изданието им се нуди како надокнада за снемувањето на печатеното.
Идејата, впрочем, е да го направи весникот што подостапен: ако не го најдеш “Вест” во трафика, купи го на Интернет!И на крај, ценовникот. Цената на трафика за сите овие весници е по 15 денари. Цените за пристап до електронските изданија се исто така исти, и изнесуваат:
Ценовник:Разликата во цена меѓу печатеното (15 денари) и е-изданието (10 денари) не е голема. Ако се земе предвид дека на македонскиот пазар токму цената е пресудниот фактор за успех на било кој производ за масовна потрошувачка, би очекувал поголемо намалување. Особено ако се земе предвид дека трошоците за печатење и дистрибуција имаат лавовски удел во цената на весникот на трафика. Откако ваквото електронско издание ќе се подготви (што го прават бездруго, на англиски sunk cost) тогаш секој дополнително купен примерок е чист ќар (видете на англиски термин economies of scale).
Едно издание: 10 денари
Неделна претплата: 60 денари
Месечна претплата: 250 денари
Три месечна претплата: 700 денари
Шест месечна претплата: 1100 денари
Годишна претплата: 2100 денари
Од друга страна, читателот на весник на хартија не го купува само поради огласите, туку најпрво затоа што му одговара хартијата како медиум, го купува доживувањето на прелистување на различни места и положби… итн. Но, можеби од „Вест“ или МПМ процениле дека ќе имаат многу читатели и со ваква цена. Ако таа проценка е точна, тогаш и нивниот профит ќе биде поголем.
На сајтот на „Вест“ линкот од менито насловен „Претплата“ води кон празна страница, на „Дневник“ нема никаква информација за претплатување, а само на сајтот на „Утрински“ има понуда за претплата во следнава форма:
месечна: 390 денари,Очевидно, добивање нови преплатници за печатеното издание преку веб-изданијата не е приоритет за одделите за маркетинг при весниците на МПМ. „Утрински“, кој има најмногу направено на темава, не нуди електронски контакт за заинтересираните за претплата во странство, ниту основни информации, туку бара заинтересираните да платат меѓународен разговор за да дознаат. Ако цените и за другите весници се исти (би требало да бидат, оти и се исти и по примерок) може да заклучиме дека претплатата на е-изданието е поефтина.
тримесечна 1.170,
шестмесечна 2.340,
годишна 4.680 денари.
За претплата во странство информации на тел:
+389(0)2 3089-306
Дали повлекувањето на овој потег сега е поврзано со најавите за скора продажба на МПМ, како елемент на проширување на портфолиото што би требало да ја зголеми вредноста на целата куќа при финалната проценка е нешто во кое немам увид. Како потег од страна на „Вест“, редакција која за многу работи имала храброст прва да воведе разни иновации е интересно од многу аспекти.
Со оглед на тоа што голем дел од содржините од странство на сите весници на МПМ се слични (агенциски вести од големи агенции веројатно набавени „на више“ преку повисоки нивоа на тековниот сопственик, германскиот ВАЦ), важно е кои ќе бидат фактори на диференцијација.
Оти, голем дел од потенцијалните муштерии постапуваат според правилото „зошто да плаќам за пристап до нешто што го има бесплатно на други сајтови?“. Така, платеното (платното, платежното?) е-издание се соочува со незамислива конкуренција за луѓе кои се навикнати да размислуваат само во рамки на македонскиот пазар за печатени весници, оти оние содржини кои тие ги поставуваат зад „платежен ѕид“ (paywall) се оддалечени само клик подалеку на други сајтови.
Предност на „Вест“ е што во минатото имал храброст да се спротивстави на диктати да не се објавуваат некои информации од јавен интерес прогласени за табу-теми (како за инцидентот со навивачите кои ќе го урнеле авионот за Литванија и последователните обиди да бидат замолчени). За тој весник пишуваат некои од најпопуларните и меѓу мислечкиот дел од народот најцитирани колумнисти во земјава („Сакам да кажам“ и „Ефтини приказни“).
Таквата репутација за ексклузивност може да ја надградат на пр. со објавување сеопфатни истражувачки стории само во платеното е-издание. Така платеното е-издание би имало дополнителна вредност и во однос на печатеното и на бесплатното веб-издание, а не како што е сега само во однос на второто. „Вест“ се исто така популарни кај младите поради добриот микс на покривање на естрада, а јас ги ценам поради покривање на културата. На пр. имаат најдобри филмски рецензии – кои за жал не се многу чести, а и најдобри и најинтересни препораки за филмови во рамките на ТВ-водичот во петок.
Дискусии на темава се развија на:
- Верзијата на овој пост на Блогерај
- Кај линкот кон тој пост објавен на Фејсбук на мојот профил
- Постот со поткаст на Комуникации.нет на темава
16 October 2011
Ден за блогерска акција: Храна
This post is also available in | Овој пост е достапен и на
- македонски преку Блогерај: Ден за блогерска акција: Храна
- English: Blog Action Day 2011: Food
- македонски преку Блогерај: Ден за блогерска акција: Храна
- English: Blog Action Day 2011: Food
Како што беше претходно најавено преку Глобал војсис, денес е Денот за блогерска акција (Blog Action Day). Блогерите од цел свет се поттикнуваат да се придружат и да дискутираат за тема од глобална важност. Оваа година тоа е храната, оти денес се паѓа и Светскиот ден на храната. На Твитер : @BlogActionDay и #BAD11.
Не е предонца и вие да пишете пост за било кој аспект на храната, од гладот до рецепти. Јас се обврзувам дека ќе известам за учеството на македонските блогери во пост за Глобал војсис. Досега, според списокот на учесници, се имаат пријавено тројца, а еден објавил и пост:

- Colorful Portal: .среќен Blog Action Day & World Food Day [#bad11]
- ...од Мадагаскар: Blog Action Day 2011 #BAD11- About Food (исто така достапен на малагашки)
- до Германија/Мароко: Friday is Coucous-Day – Dialogue through Food (исто така достапен на германски).
13 October 2011
Умрел информатичарот Денис Ричи
Умрел легендарниот информатичар Денис Ричи (Dennis Ritchie) чие трајно наследство дало огромен придонес за развојот на нашата цивилизација во последните децении на XX век.
Според Ксени Жардин од БоингБоинг, веста прв ја пренел Роб Пајк преку Гугл плус. Таа напиша за Ричи:
Таксгедо ги искористил зборовите од класичниот учебник за C (The C Programming language) напишан од Ричи да создаде облак со термини во негова чест, пишувајќи:
Според Ксени Жардин од БоингБоинг, веста прв ја пренел Роб Пајк преку Гугл плус. Таа напиша за Ричи:
Тој беше дизајнерот и оригиналниот автор на програмскиот јазик C, како и централна фигура во развојот на Јуникс (Unix). Голем дел од својата кариера помина во Лабораториите на Бел (Bell Labs). Добитник е на Туринговата награда во 1983 година и на Националниот медал за технологија (на САД) во 1999 г.
„Влијанието на Ричи е слично на Џобс, само помалку видливо,“ забележал Џејмс Гримелман на Твитер. „Неговиот поинтер сега покажува кон void *; неговиот процес заврши со излезан код 0.”
Таксгедо ги искористил зборовите од класичниот учебник за C (The C Programming language) напишан од Ричи да создаде облак со термини во негова чест, пишувајќи:
Денес изгубивме еден технолошки џин. Денис Мекалистер Ричи, сосоздавач на Јуникс и на програмскиот јазик C со Кен Томпсон, почина на 70-годишна возраст. Ричи има огромен придонес за компјутерската индустрија, директно и индиректно влијаејќи (подобрувајќи) ги животите на повеќето луѓе во светот, без разлика дали се за тоа свесни или не.Ендигојап понуди уште поексплицитна споредба (на англиски):
[Исак Њутон] еднаш рекол дека тој стои на рамењата на џинови. Денис Ричи беше џин на чии рамења стоеја луѓе како Стив Џобс.За читателите кои на факултет не полагале Вовед во програмирање со некоја верзија на C како нивни прв објектно-ориентиран програмски јазик можеби ќе биде потешко да го осознаат влијанието на овој скромен и повлечен човек, кој не се фалел со своите подвизи, ниту се претворил во бизнис икона. На пример, повеќето модерни оперативни сисистеми како ГНУ/Линукс и Мек ОС на Епл потекнуваат од Јуникс. Компјутери кои работат на Јуникс или ГНУ/Линукс во основа ја одржуваат инфраструкурата на Интернет, служејќи како сервери или рутери, или како платформи за работа на апликации како пребарувачот на Гугл.
….
Не го знаете? Тој е таткото на C, без кој не би биле напишани оперативнити системи како Виндоуз и Епл. Игри, програми, апликации на вашиот Епл и Андроид не би постоеле. Многумина го нарекуваат татко на информатиката, поради неговите многубројни постигнувања…
12 October 2011
Стрип-работилници со Џамал Игл во Скопје, Битола и Велес
This post is also available in | Овој пост е достапен и на
- македонски преку Блогерај: Стрип-работилници со Џамал Игл во Скопје, Битола и Велес
- English: Macedonia: Comics Workshops with Jamal Igle from DC Comics
Американското катче организира работилници со авторот на стрипови Џамал Игл (@JamalIgle) од ДЦ Комикс. Звучи како одлична прилика да се научи нешто повеќе за оваа уметност. Првата беше најавена за Скопје, а потоа Макстрипови информираше дека ќе има и една во Битола.
Значи, распоредот е:
За постов може да дискутирате и на Пинг.мк.
PS
Преку Гугл плус дознав дека за активностите во Велес е поставен и настан на Фејсбук.
- македонски преку Блогерај: Стрип-работилници со Џамал Игл во Скопје, Битола и Велес
- English: Macedonia: Comics Workshops with Jamal Igle from DC Comics
Значи, распоредот е:
- 13 октомври, 17-18 ч. Младински културен центар, Скопје (настан на Фејсбук)
- 14 октомври, 12-13 ч. Дом на култура, Битола
- 14-16 октомври веројатно во Велес (според неговиот блог)
За постов може да дискутирате и на Пинг.мк.
PS
Преку Гугл плус дознав дека за активностите во Велес е поставен и настан на Фејсбук.
Лејбели (тагови):
Стрип
04 October 2011
Суредување медиуми во стил на режимот на Милошевиќ
На 24.09.2011. на Алфа ТВ – Вести во рамки на коментарот „Неделна сабота(жа)“* беше емитуван инсерт од вест од РТС од 1999 г. Во веста се означуваше одреден човек како предавник кој се радува на несреќата на својата земја, што многумина го сфатија како алузија на тековните практики во Македонија.
Во инсертот се работи за Славко Ќурувија (српски Славко Ћурувија), новинар и издавач, кој се осудил во лице да им плесне на властодршците што мисли за нивната лузерска политика. Набрзо потоа е убиен под официјално неразјаснети околности.
Бидејќи голем дел од нашата јавност и не е баш запознаен со поновата српска историја (освен за продукцијата на турбофолк-озборувања), мислам дека Алфа требаше да обезбедат дополнителни информации и за последиците од практиката за прогласување за предавници на луѓето кои имаат храброст да изразат несогласување со ’јаките патриоти‘ во власта.
Затоа, доколку разбирате српски, ви препорачувам да го погледнете следниот документарен филм од 2006 година:
Напомена: филмот е доста потресен, оти ќе ве поттикне на размислување!
Повеќе информации за Ќурувија. Меѓу другото, сега се смета за херој и борец за слободата на изразување, а неговото име го носи и една улица во Белград.

Србија
02 October 2011
Грција: Барокот повторно во мода - буквално
This post is also available in | Овој пост е достапен и на
- македонски преку Блогерај: Грција: Барокот повторно во мода - буквално
- English: Greece: Baroque In Vogue Again – Literally
Дописниците на блогов открија дека кај Јужниот Сосед се појавува интерес кон барокот. Августовското издание на грчки „Вог“ донесува напис со наслов „Модерен барок“ на тема очила за сонце во квази-барокен стил.
Не е утврдено дали за тоа се заслужни критериумите на тендерите за градбите и украсите на фасадите од Скопје 2014 (од министерства, фасади, до катни гаражи). Ако, како што потврдува Анастас Вангели во неговата студија „Античка сегашност“, нашиве лидери може да учат антиквизација од нив, можеби и нивните модни работници ја увиделе вредноста на барокот поради нас!

29 September 2011
Пописот ќе прибира податоци за користење Интернет
Весникот „Нова Македонија“ неодамна објави еден многу корисен прилог, наречен „Попис 2011: Водич за попис на населението, домаќинствата и становите“ (ПДФ) во кој меѓу другото е наведено и како ќе изгледаат формуларите, кои содржат и прашања за користење нови технологии.
Имено, во делот „Образовни карактеристики“ од „Пописница“ – формуларот за индивидуални граѓани стои:
Сето ова би помогнало и за пореални споредби со регионот (на пр. пред некое време пишав за Србија)…
Имено, во делот „Образовни карактеристики“ од „Пописница“ – формуларот за индивидуални граѓани стои:
32. Дали сте писмена/а? (лица на возраст од 10 години и повеќе)Во „Прашалник за домаќинство и стан“ исто така стои:
1. Да 2. Не
33. Кои од наведените активности, знаете да ги користите при работа со компјутер? (лица на возраст од 10 години и повеќе)
1. Обработка на текст 1. Да 2. Не
2. Изработка на табела 1. Да 2. Не
3. Користење Интернет 1. Да 2. Не
4. Електронска пошта 1. Да 2. Не
8. Дали домаќинството поседува персонален компјутер?Мислам дека е исклучително важно што ќе се приберат и обработат овие податоци на ниво на цела држава. Досега имаше низа истражувања со статистички примерок, но вака ќе може да се направат многу попрецизни корелации и да се идентификуваат точки каде е потребна интервенција за да може сите граѓани без оглед на пол, возраст, етнички карактеристики и слично да имаат еднаков пристап до можностите.
1. Да 2. Не
9. Дали домаќинството има пристап до Интернет?
1. Да 2. Не
Сето ова би помогнало и за пореални споредби со регионот (на пр. пред некое време пишав за Србија)…
13 September 2011
Конкурс за млади блогери на УНЕСКО
Добра прилика за млади автори. Јас само ја пренесувам информацијата, ве молам за сите детали да се обратете кај организаторот на конкурсот, Повикот од УНЕСКО е достапен на англиски.
Како дел од 7 младински форум во Париз, УНЕСКО ќе понуди можност за учество на тој настан на пет млади новинари и блогери. Ќе биде одбран по еден млад блогер од секој од петте региони на УНЕСКО (Африка, Арапски држави, Азија и Пацификот, Европа и Северна Америка, и Латинска Америка и Карибите). Општите услови за млади новинари и блогери:Информацијава ја добив преку Рајзинг војсис.
Рок за пријавување: четврток, 15 септември.
- Да се помлади од 30 години
- Да имаат искуство со новинарство (на интернет, печатено, фото, видео, радио) или со блогерство
- Да имаат добро познавање на англиски и/или француски.
- Предност е ако знаат и некој од другите шест официјални јазици на Обединетите Нации (арапски, кинески, англиски, француски, руски и шпански).
07 September 2011
Кој колку владеел со Македонија (од прилика)
По повод јубилејот 20 години независност, еве еден мал прилог за љубителите на историја: графички приказ на периодите на владеење на различни партии со Република Македонија. Податоците се преземени од Википедија на македонски, од написите за Влади на РМ.
Заради некои технички ограничувања, на графичкиот приказ датумите на почетоците и краевите на мандатите не се дадени прецизно, туку од прилика - ако дадена партија била на власт поголем дел од некоја половина година (како основна единица), тогаш е означено дека го држела цел тој период.
Вкупно години на власт (од прилика) - се важи и учеството во Владата за национален спас од 2001 г.
Кликнете на сликата за поголема верзија.
Заради некои технички ограничувања, на графичкиот приказ датумите на почетоците и краевите на мандатите не се дадени прецизно, туку од прилика - ако дадена партија била на власт поголем дел од некоја половина година (како основна единица), тогаш е означено дека го држела цел тој период.
| СДСМ | 10,5 |
| ВМРО-ДПМНЕ | 9,5 |
| СП | 10 |
| ЛДП | 5 |
| ПДП | 7,5 |
| ЛП | 2,5 |
| ДА | 4 |
| ДПА | 6 |
| ДУИ | 7,5 |
| Експертска влада | 1,5 |
25 August 2011
Александар Македонски и Калигула
Извадоци од книгата може да прочитате на Окно (1, 2), а владетелот кој се споменува во првиот е Калигула. Еве што за него има пишано Севтониј во неговите Дванаесетте римски цареви (2001, Култура, Скопје, стр. 257):
Во облеката и обувките не само што не го следел ниту стариот, ниту граѓанскиот обичај, туку не личел на машко, па, најпосле, ниту на човечко суштество. Во јавноста често се појавувал облечен во извезени наметки, украсени со скапоцени камења, во долги ракави и со белезици на рацете. Понекогаш облекувал свила11 и женска облека. Час носел влечки и високи потпетици, час војнички чизми, а му се случило да облече и женски ниски чевли. Често излегувал со златна брада, држејќи во раката божествени знамења – молња, тризабец или кадукеј, а го виделе дури и во облеката на Венера. Постојано, дури и пред воопшто да тргне на поход, носел триумфална одежда, а понекогаш го ставал и панцирот* на Александар Велики, што го пронашол во кралевиот саркофаг.
11. На мажите им било забрането да носат свилена облека (сп. Такит, Анали, II 33).* Во македонскиот превод е употребен зборот панцир, синоним за оклоп кој во историски контекст најчесто се однесува на оклоп изработен од жица или метални прстени (анг. chain mail), додека во англискиот е попрецизно одразено дека се работи за градниот оклоп на Александар (анг. breastplate of Alexander the Great, лат. Magni Alexandri thorax) изработен од метални плочи со каков е и прикажуван во разни уметнички интерпретации. Панцир во современ контекст повторно означува баш таков тип оклоп – од плочи, што се носи како еден вид елек.
Бонус инфо во врска со и нашиот цар Калигула (цела географска и Република Македонија била дел од неговата држава) – имал навики слични на Бајо Паторот и е еден од главните ликови во одличната британска серија „Јас, Клавдиј“. Еве инсерт во кој царот држи говор по неуспешниот воен поход, во кој наместо да ја освои Британија ги натерал војниците да собираат школки по денешниот француски брег.
Верзија на постов е достапна и на Блогерај.
23 August 2011
Владата вика Даутовски, Синтезис и Анастазија се небитни за македонската музика
Со начинот на кој се води проектот за избор на „најдоброто од Македонија - музика“ владините институции испраќаат низа „сублиминални“ но и прилично очигледни пораки дека нивната визија за Македонија не е модерна мултиетничка демократија, туку стереотипизирана балканска моноетничка нација-држава со про-форма фингирано граѓанско учество.
Проектот помпезно го спроведува Агенцијата за млади и спорт во соработка со јавниот сервис МРТ и веројатно чини доста пари, оти опфаќа и голем број реклами по весници (на цела страница, со списоци на песните) и билборди/ситилајтови и слично.Со оглед на тоа што како дел од него ќе се издава и компилација од 3 ЦД-а, тука веројатно ќе се свртат и народни пари не само за печатење носачи на звук, туку и хонорари за сопствениците на авторските права, изведувачите итн.
Владата, преку изборот направен од Агенцијата за млади и спорт, ни порачува дека...
Иако идејата е во основа интересна, како и другите слични проекти на АМС и за овој изведбата носи повеќе штета отколку корист за Македонија.
(Со „успешниот“ проект за развој на навиваштвото во 2007 г. на Грција „на тацна“ и беше даден изговор дека РМ е прекршител на Привремената спогодба, бидејќи државен орган го користеше симболот кој државата се има обврзано да не го користи. Интересно е дека ниту една од песните создадени по нарачка на државата во тие проекти не влегла во тековниов избор за најдобри ни со врски - значи ни самата Агенција не смета дека направиле добра работа.)
Ако организаторот навистина сакал да поттикне активно граѓанско учество и изборот да биде фер, транспарентен и отчетен, тогаш...

- ...било што што е испеано на јазиците на немнозинските етнички заедници од Македонија од независноста навака не го бива. Во изборот не е влезена ниту една песна испеана на албански, влашки, српски, ромски, турски, босански или било кој друг локален јазик.
Има една инструменталка со наслов на англиски Endless View од Бодан Арсовски. Арно ама, пораката е дека било што на јазиците на „народностите“ не чини - како да не постојат, па и како да нема редакции на тие јазици во МРТв... избришани од официјалната историја се не само забавните, туку и „народните“ (а гледаме по телевизиите дека имаме продукција, особено на албански и ромски) и детските песни, наспроти тоа што и пред и по независноста во Македонија имало еден тон детски фестивали кои биле мултијазични (како Златно славејче на кој и Тоше пропеал за прв пат во 1992 г. - на влашки) и на само по еден јазик како албански (Нота фест), влашки итн.
- ...турбофолкот е врвна државна вредност. Една од трите рамноправни категории е „Народна“, која е исполнета претежно со турбофолк - новокомпонирани песни кои користат по некој елемент од некој народен мелос. Една третина од „најдоброто од Македонија“ е турбофолк. Односно, една половина од „најдобрата“ музика за возрасни. (Аналогно со истоимениот ТВ-канал претенциозно наречен BOM - Best of Macedonia кој е скоро 100% посветен на турбофолкот.) Не најдов забележителна застапеност на нови изведби на изворни народни песни. Наспроти тоа, огромен дел од овие песни се со нескриени политички пораки, а некои звучат прилично иронично. Пример, третопласираната „Предавници и јунаци“ што ја пее Соња Тарчуловска: „со душманот ортак се фати, затоа Господ ќе ти плати“.
- ...следните групи или музичари не заслужиле ниту да влезат во конкуренција за „историскиот“ избор кој наводно е направен според квалитетот и/или популарност:
- Драган Даутовски.
- Синтезис.
- Анастазија, чиј албум со музиката од филмот „Пред дождот“ издаден од Полиграм беше вистински амбасадор на македонската култура во деведесеттите.
- Вања Лазарова, како и Љубојна, Баклава и други потазе групи кои прават фузија на традицијата и модерното.
- Урбани рок-групи како Бернајс пропаганда, Беи д фиш, Ласт експедишн... што ем се квалитетни ем популарни кај градската младина дома, а имаат успеси во регионот.
- Било што од сцената за електронска музика („техно“) што процвета по независноста - премногу се да ги набројувам (ама како почетна референца може да ви послужат изданијата со компилациите на ПМГ и Трето уво), со исклучок на Џајковски.
- Тавитјан (било кој од тројцата).
- Било каква модерна „класична“ музика нема што да бара во овој „историски“ избор, на пример експерименталните мултимедијални дела на автори ценети во странство како Дуке Бојаџиев и Дарија Андовска, или пак изведбите на Симон Трпчевски. Според Владата, тие не се дел од историјата на македонската музика.
- Иако „најдобро“ јас го подразбирам како „најквалитетно“, во интервјуто за Нова Македонија директорот на АМС тоа всушност го редефинирал како „најпопуларно“, и тоа според број на гледања на Јутјуб (!). И пак недоследно, мегапопуларните Ристо Бомбата и Кучешка тенија кои извршија клучно влијание на македонската забавна музика во раните деведесетти (не навлегувам какво), како и други иновативни имиња од тоа време, како Ена Веко, кои имаат неколкупати повеќе гледања на нивни песни од многу од кандидатите, не се во изборот.
- Истото важи за ромските „народни“ исполнители како Ферус Мустафов, Агушеви, Кочани оркестар - популарни и во земјата и во странство.
Иако идејата е во основа интересна, како и другите слични проекти на АМС и за овој изведбата носи повеќе штета отколку корист за Македонија.
(Со „успешниот“ проект за развој на навиваштвото во 2007 г. на Грција „на тацна“ и беше даден изговор дека РМ е прекршител на Привремената спогодба, бидејќи државен орган го користеше симболот кој државата се има обврзано да не го користи. Интересно е дека ниту една од песните создадени по нарачка на државата во тие проекти не влегла во тековниов избор за најдобри ни со врски - значи ни самата Агенција не смета дека направиле добра работа.)
![]() |
| Сообраќаен знак со забрана за Дон Кихот и ветерници, фото: Ли Валеј. |
Ако организаторот навистина сакал да поттикне активно граѓанско учество и изборот да биде фер, транспарентен и отчетен, тогаш...
- ...изборот мора да биде заснован на јасни и објавени критериуми - ако е тоа гледаност на Јутјуб, на пример, да биде објавена анализата на гледаноста, ако е друг вид на популарност, да се објасни како е измерена да видиме дека немало простор за манипулации и лични влијанија, да знаеме дека листата не е само копија на плејлистата од Винампот на некој назначен бирократ кој се амбицира дека од него почнува светот.
- ...комисијата што ги одбирала првите 100 песни треба да биде јавно објавена и репрезентативна и стручно и општествено, да има развиени механизми за спречување на конфликт на интереси од било која природа - лични вкусови, партиски-митингашки/предизборно кампањски, клановски, роднински, пријателски, непријателски, корпорациско-телекомски и други спонзорски влијанија, како и на кој начин се спречени злоупотреби со гласањето на веб. Како е ова обезбедено нема ни збор на релевантните сајтови. Дополнително контроверзно е симболичното присуство со по една песна на автентични локални автори/изведувачи како Леб и сол, Мизар, Дани, Архангел, Суперхикс, Нулта позитив, Нокаут/Пере, Ѓорѓи Крстевски, Лозано... наспроти скоро целите познати опуси на разноразни вештачки популаризирани фаци што се избуткани на естрадата со разни видови протекции. На пример меѓу детските има кандидирани неколку песни од син на функционер на МРТв. Списокот на песни не дава можност да се видат кои се носителите на авторски права, да се детектира дали имало конфликт на интереси на ниво композитори, текстописци, аранжери, менаџери...
- ...ако веќе бирократите од АМС не покажуваат познавање на сите значајни музичари, можноста за граѓаните да предложат песни има улога да обезбеди алиби као демек ова е демократски (како и да овозможи прелевање на уште повеќе пари од џебовите на граѓаните во чекмеџињата на мобилните оператори). Оваа можност требало да постои во подолг период пред да се објави почетната листа, со што почна и самото гласање. Оти вака, граѓаните предлагаат џабе, про форма. Нивните предлози се борат со оние владините кои имаат и фора да се објавени по весници и за кои веќе гласале голем број луѓе. Башка што секој предлог од граѓаните треба да биде одобрен од некој, а не е објаснето како Агенцијата обезбедила заштита од самоволие или некомпетентност во овој случај. На пример, со еден другар предложивме неколку песни за проба. Ниедна не беше прифатена. Една од тие што јас ги предложив беше од Brainless Genius - која не е многу позната во народњачките кругови, па одговорниот државен службеник можеби и не знаел дека таква група е дел од македонската култура.
Истиов пост е достапен и на Блогерај, каде што има плус коментари. Друго мислење на темава:
Subscribe to:
Posts (Atom)