Блекаут

08 May 2007

Трибина за промоција на Македонија преку е-содржини во петок

Фондацијата Метаморфозис ве поканува:
„Промоција на Македонија во светот преку е-содржини“ е тема на трибината која ќе се одржи на 11 мај (петок) 2007 година во 11 часот во културниот центар Точка, со цел споделување информации за минати искуства и идни можности во оваа област, особено во рамките на натпреварот за Наградата на Светскиот самит за информатичко општество за Македонија, наменет за промовирање на најдобрите македонски дигитални содржини во светот.

На трибината ќе бидат изложени искуства од познати проекти со е-содржини наменети за странскиот пазар, како преку интернет така и преку ЦД-РОМ.
Како што веќе реков, Натпреваров нуди голема шанса за промоција на Македонија. Благодарност до сите кои го поддржуваат преку размена на линкови.

No comments: