Блекаут

02 May 2007

Употребливоста на веб-сајтовите на некои весници

Во коментар на текстот „Употребливоста обезбедува поуспешни веб-сајтови“, Лавот рекол...

Ашколсун за муабетов, само би сакал да знам што ќе кажеш за сајтот од Време и од Шпиц.

Ова е добро прашање. Мислам дека веб-сајтовите на обата овие весници, како и повеќето други од Македонија, може дополнително да се развијат да обезбедат подобра употребливост. За тоа им имам обрнато внимание и на сопствениците и на фирмата што ја има направено техничката изведба. За некои работи ме послушале, а за некои - не, или не стигнале сеуште да си ги спроведат намерите за поправки.

Особено тежок проблем за горенаведените (споменат и во текстот) е што моментално не им работи пребарувањето. Лесно и брзо решение за тоа е да постапат како Вест, Утрински весник, Он.нет и уште еден куп пофрекфентни сајтови кои се соочуваа со слични предизвици - за пребарување да го користат Најди!.
(Следат одговори и на другите прашања.)

1 comment:

glisha said...

Шпиц изгледа не ги објавува сите статии на интернет?

Во вчерашниот број (2.5) во рубриката Хроника имаше статија за плаќање преку интернет за Network Cliring Systems од Хрватска од Владо Апостолов.

Јас се утепав од барање и не успеав да ја најдам на интернет верзијата.

Сега додуше неможам да го најдам Шпицот и на хартија за да го видам точниот наслов.