Наградата на Светскиот самит е глобална иницијатива за избор и промоција на најдобра е-содржина којашто започна да се доделува во 2003 година во рамките на Светскиот самит за информатичко општество на Обединетите Нации. Процесот се одвива преку национални избори и еден глобален избор, кои се одржуваат на секои две години и претставуваат одлична прилика за светска промоција.
Цел на Наградата на Светскиот самит е поттикнување на креативните потенцијали низ целиот свет да дадат придонес за надминување на дигиталниот и содржинскиот јаз кои го спречуваат сеопфатниот и рамномерен развој на информатичкото општество. Кандидатите од Македонија ќе конкурираат во следните категории:
- е-култура и наследство
- е-бизнис и трговија
- е-учење и образование
- е-наука и технологија
- e-владеење и институции
- е-здравство и животна средина
- е-забава и игри
- е-вклучување и учество
Жирито одлуката нема да ја донесе на настанот, туку ќе се повлече за дополнително детално да ги разгледа претставените проекти, по што ќе бидат соопштени избраните кандидати.
No comments:
Post a Comment