Блекаут

01 December 2008

Даноци за беќари, ергени и моми немажени!?

На блоговите на Баждарџијата и Сеад 93 прочитав две многу смешни карикирања на пробниот балон за даноци за невенчани лица, како дел од сосем неоригиналното кроење на популациона политика во Македонија. Сите овие финти што се новини кај нас се веќе видени во околниве држави, особено оние кои длабоко и уште понесреќно од нас заглавија во текот на транзицијата. Коментари на темава има и на Кајмакот.

Горното антиданочно клипче е од Дизниевиот Робин Худ (1973). Истата фирма има правено и проданочни цртани (1943).

No comments: