Блекаут

07 December 2008

Сакаме достојна македонска археологија

Ако повеќето етаблирани македонски археолози се задоволни да играат улога на артефакти од 19 век, ние, граѓаните од чии даноци доаѓаат парите со кои државата ги финансира нивните кариери и истражувања, не сме.

Сакаме археологија на високо научно ниво и од светски глас, оти ни треба и за внатрешна и за надворешна употреба.

За спротивставување на сите ненаучни и националистички пропаганди насочени кон уништување на Македонија на било кое ниво основа е продукција на научни содржини во дигитална форма, објавени прво во научни списанија, особено на англиски јазик. Инаку џабе се напорите на ентузијасти-лаици како Википедијанците или автори на аматерски сајтови за култура.

No comments: