Блекаут

17 December 2008

Познат лик и непозната историја

Го читав критичкиот текст за нередите во Грција на Егзајл и посакав да ги видам нередите во Јужна Африка, Јапонија и други места кои што се споменуваат. Со пребарување за South Africa riots на Ју тјуб дојдов до еден американски филмски журнал од 1960 година. Не ги најдов баш тие нереди од текстот, но околу 2:41 минута може да се види една и нам позната фаца од тоа време.



На гореспоменатиот сајт има и уште еден актуелен текст за интервенционизам на лична база, во кој се споменуваат Американци кои оделе да помогнат на Грците во борбата за независност од Османлиската империја во 1824 г. од романтичарски, „крстоносни“ побуди.

Што е малку иронично за тие што знаат дека оригиналните крстоносци пред да стигнат до Светата Земја попат го опустошиле православниот свет, меѓу кои и териториите на денешните Албанија, Грција и Македонија, па и самиот Константинопол. Но интересно е да се види дека грчката дијаспора уште во тоа време имала комитети за собирање доброволци за нивната борба низ САД. И да се спореди со учеството на странци во движењето за ослободување на Македонија, кое барем колку што ние сме учеле, било многу по мултикултурно ориентирано од грчкото осумдесетина години потоа.

No comments: