За најавата дека ќе биде објавена книга со дел од житијата на Плутарх кои директно се поврзани со Македонија прво дознав од веб-сајтот на ФИООМ, а ме потсети и Археоблог.
За жал не можев да присуствувам на промоцијата, но со нетрпение очекувам да го прочитам првиот македонски превод на дел од биографиите на видни луѓе од антиката од оригинал. Би било супер ако излезат изданија и со другите Плутархови дела, оти животописите на Ромул, Кориолан, Мариј, Сула и Цезар на пример се исто така ептен добро четиво.
Мило ми е што на чекањето за кое пишав пред едно година и пол му се гледа крајот:
Многу класици на светската литература сеуште „чекаат“ да бидат преведени на македонски јазик. Меѓу нив се и „Житијата“ или „Паралелните животи“ на античкиот автор, граѓанин на Рим и етнички Грк - Плутарх.
Плутарховите биографии „на благородните Грци и Римјани“ се меѓу највлијателните историски дела во историјата - на пример Наполеон Бонапарта си носел копија со себе на сите походи.
Особено важни се преводите на француски и англиски, направени во текот на ренесансата и ревидирани неколку века подоцна - достапни на веб (Paralel Lives). За жал, колку што јас знам, на македонски е преведена само биографијата на Александар, во издание на Нова Македонија некаде на почетокот на деведесеттите - една мала жолта книшка.
Како алатка за љубителите на историјата имам направено хронологија на животите на јунаците на Плутарховите житија, според написот на англиската Википедија.
Најавата линкувана погоре го потврдува моето мислење дека имало само еден превод од дело на Плутарх на нашиот јазик:
Од општествен аспект, нели е интересно дека за вакви, вистински ефективни потези кои придонесуваат за унапредување на македонската култура и наука, како и помагаат во зачувувањето на идентитетот се одговорни луѓе и организации кои некои самопрогласени патриоти ги обвинуваат за предавништво.Ова е прв превод на македонски јазик на десетте биографии од опусот на Плутарх (ако се исклучи лошиот и неупотреблив превод од српски на македонски јазик на биографијата на Александар направен од конјуктурни причини во време на еуфоријата во врска со историјата на античка Македонија).
No comments:
Post a Comment