Еден начин за соочување со апсурдот кој владее во светов е преку хумор.
Веќе неколку дена на сите пријатели и роднини што ќе ги сретнам им препорачувам да го погледнат видео-прилогот за „исцелителот" Брацо од А1, за да сватат каде и со кого живеат. Недостатокот на реакции од државните тела, политичарите и особено од религиозните институции кои инаку имаат потреба да искажат јавно мислење за с'е и сешто не можам да си го објаснам само со поговорката „врана врани очи не вади".
Најсмешен пост за оваа недела ми беше оној од Сеад за медиумската Илијада, а за минатата оној од Баждарџијата со речникот што ми овозможи поголемо разбирање на хип-хоп културата за која порано покажав дека сум премногу „олд-скул". Штета што повеќето коментари се далку под нивото на постот, не ги ни читав после првите 3-4.
Од странство, огромен впечаток ми остави сатиричниот видео-коментар за реакциите на хрватскиот премиер Санадер на последиците од аферата со апсење на основач на група на Фејсбук.
No comments:
Post a Comment